
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, наместа со брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Охрид до 22 степени. Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж ...
Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во натпреварот со Тиквеш што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“. „Гладијаторите“ со моќно издание го демолираа противникот совладувајќи го со 40:20, полувреме 21:12. Натпреварот од 4 коло од Супер лигата кој требаше да биде дерби се движеше во еден правец од почеток до крај. Чаневски со 17 одбрани беше одличен на голот на Охрид, одбраната цврста, нападот расположен. Тиквеш немаше ...
На 27.09.2024 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 47 годишно лице од Охрид. Тој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. На 27.09.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид, 37 – годишен маж од Охрид ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денес оствари средба со учесниците на Школата за безбедност 2024, која е во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, а е во соработка со три факултети од регионот. Во моето излагање се осврнав на кризните ситуации со кои се соочувал Охрид низ минатото, како и последната со пожарите. Тука ја истакнав потребата од реформа на системот за реагирање и справување со кризни состојби. Низ дебатата ...
Министерството за образование и наука објави резултатите од Конкурсот за сместување студенти запишани на прва година додипломски студии во студентските домови во академската 2024/2025 година. Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите, се наведува во објавата на резултатите на веб-страницата на МОН. Според Конкурсот објавен во ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денес оствари средба со учесниците на Школата за безбедност 2024, која е во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, а е во соработка со три факултети од регионот. Во моето излагање се осврнав на кризните ситуации со кои се соочувал Охрид низ минатото, како и последната со пожарите. Тука ја истакнав потребата од реформа на системот за реагирање и справување со кризни состојби. Низ дебатата ...
Завршени во целост градежните зафати во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески ” – Охрид со што истиот и официјално започна со работа. Во обновениот објект поставена е енергетски ефикасна фасада 4980 м2, нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација, 296 нови врати, прозори, портали, соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода, нов противпожарен систем, а реновирани ...
ЈП „Охридски Комуналец” во соработка со општина Охрид, ќе започне со реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, каде се определени 5 (пет) улици на кои им се доделени канти за селекција на отпад од хартија и картон, пластика и лименки. Селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се намали отпадот на депониите и да се зачува животната средина со негова реупотреба. ЈП „Охридски Комуналец”, ...
ГРК Охрид денес во салата „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Тиквеш во 4 коло од Супер лигата „Гладијаторите“ најавуваат голема борба и продолжување на победничката серија. Охрид на табелата е втор со 6 бода по одиграни три натпревари и извојувани три победи. Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“. Цена на билетот е 100 денари и истиот може да се набави на касата при спортската сала „Билјанини ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од ...
Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат ...
Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство, заклучи премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Охрид со унгарскиот колега Виктор Орбан. Посочи дека двете држави имаат заедничката визија за интегриран Балкан, каде сите земји од регионот ќе бидат дел од големото европско семејство. Оваа визија не се однесува само на политичките и економските ...
Клучно е создавање на Национална стратегија за развој на туризмот со посебен фокус на алтернативните форми на туризам, а воедно и подобрување на инвестициите во инфраструктурата, особено во руралниот дел на нашата земја што треба да биде основа за идниот развој, порача директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска по повод 27 септември Светскиот ден на туризмот. Стефаноска ја пренесе пораката на Генералниот ...
Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ...
Северна Македонија е кандидат за членство од 2005 година и заедно со Хрватска во 2008 година доби позитивно мислење. Хрватска веќе е членка на ЕУ, а со Северна Македонија уште не се започнати преговорите за зачленување. Ова е огромна грешка од страна на ЕУ, што би ја карактеризирал како историска и сега може да се стави на квадрат, бидејќи Северна Македонија ќе биде ставена зад Алабанија, за што не гледам никакви причини, изјави денеска во ...
Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот Мицковски и министерот Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и да се финализира процесот на прогласување на заштитените подрачја. Граѓанските организации го поздравија повлекувањето на Предлог законите за прогласување на Охридското Езеро ...
Во Охрид утрово се одржува заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави. Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал ...
За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за по еден на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, нивото на Дојранското Езеро е 66 сантиметри под договорениот минимум, а на Преспанско Езеро е 20 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум. Водостојот, пак, на Охридско Езеро е 10 ...
Премиерот Христијан Мицкоски утрово остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера пристигна во официјална посета на државава. Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Orbán Viktor. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и ...
Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба. Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција. Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава. Унгарија во ...
Во присуство на многубројни гости, спортски легенди, новинари и обожаватели од сите генерации, вчеравечер (25 септември) во преполната „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоцијата на првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев. Долгоочекуваната книга, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ѕвездата на вечерта – Дарко Панчев, ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска денеска, во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци, најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот. Контролите ќе почнат, како што рекоа, од најголемите индустриски производни капацитети, а први ќе бидат оние во скопскиот регион. Работните тимови ќе спроведуваат увиди ...
Прекумерното јадење шеќер може да има бројни здравствени последици, како што се зголемена телесната тежина, проблеми со спиењето, со варењето, или кариес… Но, не сите шеќери ги имаат истите одлики. Во таа смисла, се советува да се внимава на состојките во јадењата, на пр. да се бира непреработена храна и да се носат поздрави одлуки околу исхраната. Фруктозата што се наоѓа во овошјето и зеленчукот, и лактозата во млечните производи – се природни ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските ...
Инцидент се случил по вчерашниот натпревар меѓу екипите на Охрид и Вардар Неготино во кој нападнати биле голманот и уште неколку фудбалери на Охрид. Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира ...
Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Северна Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува БТА. Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата. Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се ...
На 25.09.2024 во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33 годишна жена од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. На 25.09.2024 во 15.45 часот ...
Голманот Војчех Шчесни ќе потпише договор со Барселона во понеделник на 30 септември, објави новинарот Фабрицио Романо. Триесет и четиригодишниот полски голман кој се пензионираше на крајот на август, ќе се врати во фудбалот за да го замени Марк-Андре тер Штеген во каталонскиот клуб, кој заработи тешка повреда на коленото и ќе пропушти околу осум месеци. Детали за договорот на Шчесни со Барселона не се прецизирани. Претходниот тим на ...
Третиот уписен рок за новата академска 2024/2025 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е утре (27-ми септември 2024 год.), информираат од Универзитетот. Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот, ...
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, ...