На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, ...

Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно ...

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т.е. мртов ќе биде ...

Членовите од Православна Младина с.Враништа Парохија Вранишка,МПЦ-ОА изминатиот викенд имаа свој несекојдневен велелепен настап на Културната Манифестација Највевелигденско Јајце во Домот на Култура Браќа Миладиновци Струга. Нашиот отец Ристе оддржа пригодна беседа, по што настапија нашите најмали парохијанчиња. На големо задоволство од сите присутни беа испратени со громогласни аплаузи за прекрасно отпеаните Црковни песни.Исто така за убаво ...

Деновиве во Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца, се одржа заедничка средба на четириесетина пензионери идваесетина претставници активисти од македонија-Осигурување Виена Ишуренс груп од Скопје. Повод за одржувањето на оваа средба беше повеќегодишната и традиционална стратегија на Македонија Осигурување како општествено одговорна организација, во која се вклучени вработените, надвор од своите работни обврски од различен ...

Неделен преглед на теренски активности (29.04 – 12.05.2024). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 29ти Април до 12ти Мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. 🛠 Отстранети се дефекти на следните локации: – „Железничка“ (2 дефекти) – „Петар Чаулев“ – „Крум Точко“ – „Крали Марко“ – „Партизанска“ – „Марко ...

Еден од нашите најважни приоритети е обезбедување на подобри и современи услови за образование. Во таа насока, набавени се 10 смарт табли за OOУ „Св.Климент Охридски”, со што ова училиште стана образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосно дигитализирана настава. Тоа ќе придонесе за поголема мотивираност на учениците да се вклучат во редовните образовни активности, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков. Во ...

Краткометражен филм со кој што училиште СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид освои второ место на образовно рандеву во организација на МАССУМ(Младинска Асоција на Средните Стручни училишта во Македонија),во конкуренција на 32 стручни училишта од Македонија. Темата на филмот беше врсничко насилство,доста актуелна тема со која што сакаме да ја подигнеме свеста кај учениците но исто така и кај родителите и наставниците за се поголемата застапеност на ...

На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст. На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на ...

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесетте. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до ...

Охриѓанката Теа Донева од Боречкиот Клуб Аждер од Охрид го освои првото место на меѓународниот турнир во борење „Крали Марко“ кој се одржа денес во Прилеп. Нашата претставничка која се натпреваруваше во категорија до 56 килограми лесно ги совладата конкурентките и успеа да се искачи на пиедесталот за шампионското место. Теа Донева има 14 години , тренира под менторство на Иле Спасески и засега е единствена девојка која е дел од големиот број ...

Спокојната убавина на Манастирот на Богомајката Пречиста Кичевска денеска се наполни со благодарствени молитви и со славословен песнопој. Светлиот Источен Петок е навистина ден за духовен блесок во Пречиста. Таму со посебно благолепие се слави споменот на Пресветата Владичица во чест на нејзиниот живоприемен Источник во Балаклија, Константинопол, кој нè потсетува на непресушните извори на Божјата љубов и милост кон сите нас. Ова светло утро на ...

Светлата Седмица, благословениот Осми ден на Воскресението, го завршува својот календарски тек за оваа година, но не престанува јарко да им светли на верните од вечниот изгрев на Есхатонот. Во светлината на нејзините лачи, денеска, во Светлата Сабота, во Кнежинскиот Манастир над Кичево, се случи еден празненствен настан на велигденско веселие – настап на културно-уметничките друштва: „Бисер“, „Нико Пусоски“, „Младост“ и „Рацин“, сите од Кичево. ...

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“. Упатувам искрени честитки до организаторите за посветеноста во организацијата на овој двоен спортски натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната спортска и туристичка понуда во Охрид. Општина Охрид како и до сега ...

Во оној ден кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, чу дека го виделе Христа, но не поверува. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението. Он повторно доаѓа при своите ученици, ...

На мое големо задоволство, денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на физичката активност, започна првото издание на Меѓународниот Кошаркарски турнир, кој се организира под покровителство на Општина Охрид. На турнирот ќе учествуваат осум екипи од земјава и странство и секако кошаркарите од ГКК Охрид. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на земјата која ја претставуваат и на сите нас. Со овој настан испраќаме ...

Ноќва во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија 33 и 38 Годишни Охриѓани. При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, едниот е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај другиот пронајдени и одземени се бела прашкаста ...

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид, на 08.06.2024 година (сабота), ќе ја реализира рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Ова вело возење е во рамките на ИПА вело кампањата „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ со кое, ИПА Охрид, по осми пат ја афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града Охрид и Струга, со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека.. Со оваа ...

Тие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува светиот апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот, апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот – за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието, овие двајца апостоли стасаа на островот Крф каде што успеаја ...

Чест е да се пее во една од врвните институции за класична музика. Конзерваториумот Санта Сесилија во Рим датира од 1585 година и е една од најстарите музички институции во светот. Конзерваториумот врши професионална музичка обука и зачувува исклучително богато историско наследство, со што ја одразува сопствената повеќевековна историја. Многу ми е чест да добијам соба за загревање со два органи и прекрасен поглед, напиша Миланка на својот ФБ ...

Под мотото „УКЛО и пријателите-повеќе од образование“ на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржува Отворен ден, како можност за размена на знаења и искуства, но и можности кои ги нудат факултетите во рамки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и на присутните компании партнери. Традиционално на овие отворени денови имаме присуство на компании, на нашите студенти, професори, дискутираме за проблемите, а присутни се и ...

На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина ...

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица ...

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека утре (10.05.2024) во периодот од 10.00 до 12.00 часот во водите на Охридското езеро во близина на центарот за обука на вода во Охрид, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат показна вежба – препад на пловен објект. За време на вежбата ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата. СВР ...

На ден 11.05 (Сабота)во 12:00ч, во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј- Кнежино, ќе се одржи културно-уметнички настан. Имено светлата пасхална седмица ќе се заокружи со блесок на Велигденско-Ѓурѓовденски концерт на културно уметничките друштва на градот Кичево: “КУД – Бисер”, “КУД – Нико Пусоски”, “КУД-Рацин”, и “КУД-Мадост”, и на наша голема радост учество ќе земат и младите талентирани ученици од насоката за традиционална песна и ...

Сега веќе избраниот претеник од Охрид, Сашо Донев обраќајќи се пред насобраниот народ кој ја славеше победата на ВМРО ДПМНЕ ( која партиски не определените граѓани на Македонија ја доживуваа како ослободување ) рече дека од сега чесниот народ на Македонија ќе владее со државата. Тој во своето обраќање кое содржински никако не може да се оцени како обраќање кон членови на неговата партија, туку како обраќање кон непартиски народ кој најверојатно ...

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски ги додели наградите на најдобрите учесници на Општинскиот натпревар во атлетика за учениците од основните училишта, кој се одржа денеска во Охрид. Организатор на натпреварувањето е Сојузот на училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа. На натпреварот зедоа учество ученици од 6-то до 9-то одделение од сите основни училишта во општината. Учесниците се натпреваруваа во 9 категории, ...

Согласно статутот, програмата за работа , финансискиот план и одлуката на извршниот одбор за 2024 година, Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца, а по повод рамазанските и в елигденските празници во 2024г додели социјална хуманитарна материјална помош која се состои во прехрамбени продукти на 114 пензионери со пониски пензии, болни и изнемоштени. Хуманитарната помош во пакети лично им беа доставени на пензионерите од ...

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време, неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството, Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, ...

Обраќајќи се пред илјаден народ на прославата која ВМРО ДПМНЕ ја имаше на плоштадот во Охрид , градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков се наврати на деновите во 2017 кога партијата замина во опозиција, комитетот беше оставен во хаос и група млади луѓе кои пред тоа „пораснаа“ во младинските тела на партијата предводена од Кирил Пецаков, Сашо Донев, Александар Китески и уште десетина други се нафатија да го превземат комитетот и од речиси ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
82%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / -2ᴼ
2.06
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.93
76%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
1.09
100%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1030
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
96%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

61733.50

Паладиум

52470.02

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Калај

42.35

Цинк

3.03

Злато

139470.53