Со членовите на општинскиот Штаб за заштита и спасување, денеска разговаравме за подготвеноста и координацијата на институциите во Општина Охрид за заштита и управување со кризни состојби на локално ниво. Беше ставен акцент на подготвеноста за заедничко делување за справување со шумски пожари, во однос на екипираност и техничка опрема. Побарав да се направи детален попис на расположливи средства и кадар, како и потребите од набавка на нова ...
Под раководство на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за заштита и спасување и управување со кризи при Општина Охрид, претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, Територијалната противпожарна едница, Општинските јавни претпријатија, НП ...