Слава на Отецот, Синот и Светиот Дух, Амин! Слава на Пресвета Мајка Божја Богородица и Светиот Архангел Гаврил✨ Повелете сите заедно да го Пречекаме Светото Благовештение – Благовец на 7 Април 2025 година (Понеделник), со Света Литургија со почеток во 11:00 часот во Црква Свето Благовештение – Благовец МПЦ Охрид, Коњско, наспроти Хотел “Метропол”, веднаш над главниот пат, како и многу години досега. Благи вести да ве пратат сите насекаде и во ...
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои други го сметаат за голем празник како Велигден. Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека “ Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името ...