Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Фонтана со десетина водоскоци е инсталирана во водите на Охридско Езеро кај градот Поградец на албанската страна од езерото која исто така е под заштита на УНЕСКО. И додека во Охрид сите чекаат нова влада која ќе расчисти со комисијата за УНЕСКО која го држи градот блокиран за градба на катна гаража и реконструлција на плоштадот Крушевска Република, во Албанија се градат патишта во Галичица, патеки низ езерото, тобогани во езерото, а сега се ...
Како што помагал на луѓето за време на неговиот овоземен живот, свети Еразмо уште повеќе им помага на сите кои со вера и надеж молитвено се обраќаат кон него, сега кога тој живее во вечноста. И ние кои денес се наоѓаме во овој манастир да се обратиме со искрена молитва на свети Еразмо, за тој да ги пренесе нашите молитви пред престолот на севишниот Бог. Да ни даде сила и можност да живееме според волјата Божја, да го исполниме Неговиот закон и ...
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. Заради ова беше обвинет кај ...
Вознесението Христово е настан од огромно значење за целото човештво, жив доказ дека Божественото дело за спасение на човечкиот род е завршено. Како што вели Божествениот Павле: „Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сè“ (Ефес. 4,10). Синот Божји се овоплоти, прими човечка природа, слезе на Земјата, за да нѐ издигне нас земните кон небесата. Заради нашите гревови пострада, со Својата крстна смрт ја умртви ...
Драги браќа и сестри, ми претставува задоволство и радост сите да Ве поканам во Недела, 16.06.2024 во Соборниот храм Св.Никола во 08:30 часот торжествено да ја пречекаме иконата на новиот Сеправославен, Македонски и Вевчански Светител Спасе заедно со неговата Света сестра Спаса. Иконата е истата која беше благословена и осветена од целиот синод на МПЦ-ОА и ќе биде поставена во Св.Никола – Горна Церков. Браќа и сестри, да се радуваме на нашиот ...
После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева. Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите ...
14 јуни насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството. 🤗На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Служба за Трансфузија-Охрид, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за ...
Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја ...
Како и секоја година така и оваа година на 14 и 15 Јуни срдечно ве покануваме заедно да го прославиме значајниот христијански празник посветен на нашиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо. 1. На 14 јуни 2024 година во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба. 2. На 15 јуни 2024 година во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба. 3. Пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор ...
Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Давид Крстески, член на Таеквон-до клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, кој на последното Европско јуниорско првенство во Копер, Словенија го освои бронзенииот медал. Крстески се закити со брнозеното одличје во категоријата спаринг борби до 63 килограми. На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го помага клубот, овозможувајќи ...
Општина Охрид го избра идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид, врз основа на објавениот јавен конкурс. Комисијата за спроведување избор на идејното решение, формирана од градоначалникот на Општина Охрид, бр.09-5735/3 од 16.05.2024 година, во состав : Александра Настоска, претседател, Билјана Аврамоска – член, Митко Трпкоски – член, Петар Боев – член и Наташа Стојкоска – член, од Одделението за култура од ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година. Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ги прими тенисерките Ана Спасеска и Маја Џајкоска кои освоија златен медал на Државното првенство по тенис што се одржа во период од 1-ви до 4-ти јуни во Тениската академија Аеродром во Скопје. Двете млади спортски надежи од Охрид кои доаѓаат од ТК „Адвантико“ , Спасеска и Џајкоска беа најдобри во категоријата Јуниорки за двојки. Тие успеаа да ги соборат Ведрана Танеска и Марија Попоска од ...
Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“ На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа. За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште. Проектите на оваа ...
Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Иисус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина. По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не ...
Во рамки на долгорочниот проект “СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА – имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес од Охрид, во периодот од крај на месец март до крај на јуни 2024 го реализира ументичкиот проект “Ритуалот во современото општество”, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за култура Проектот се базира на уметничко истражување на ...
Се наоѓа на влезот од Вевчани од неговата североисточна страна. Уште се нарекува и Долни Св. Спас. Изградена е на свето место со површина од 1500 м2. Во почетокот светилиштето било мала дрвена куќарка, параклис, а по обновувањето од 1986-1996 година е црква, солидно изградена од делкан камен. Осветувањето е извршено на 10.10.1996 година. За постоењето на ова светилиште живее легенда спoред која на ова место имало една плоча – поголем камен блок ...
Овој четврток православните христијани го слават Спасовден. Спасовден – празникот на христовото вознесение е еден од најголемите христијански празници. Спасовден секогаш е во четврток и се празнува 40 дена по Велигден. Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност четириесет дена по воскреснувањето. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, ...
Овие две години беа исклучително важни за мојот уметнички раст! Чест ми е да ја добијам стипендијата S:t Johanneslogen S:t Erik и стипендијата Drottningholm Slottsteater Vänner, кои ми дадоа неверојатни можности и ми обезбедија непоколеблива решеност да продолжам да работам кон моите соништа. Сега подготвувам една од моите најголеми улоги досега, Толомео – Кралот на Египет, од Хендел која ќе ја изведам во продукција летово во Салуцо Италија. ...
Нов ден, исти навики, повторно непрописно депониран отпад во сите урбани заедници низ градот. Од ЈП „Охридски комуналец“ повторно посочуваат на проблемите со кои се соочуваат, велат само што ќе се подигне расфрлан, непрописно депониран отпад, потоа повторно никнува нова мини-депонија. – Секојдневно нашите служби со вонредни активности за да се надминат проблемите што ги затекнуваме во секоја урбана заедница. Граѓаните редовно и транспарентно се ...
На 11-ти јуни 2024 година, во 18:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во струшкото село Октиси, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 20-годишно лице од селото Октиси и малолетничка од истото село, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град. На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето, ќе се реализираат низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години, под мотото „Културата расте со децата“. Ќе ...
„Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, односно од прва класа од сите примероци што се земени, микробиолошки квалитетот е одличен“, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид. Ова го покажуваат анализите кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, откако зеде примероци на вода од 39 локации од целото крајбрежје. Тоа значи дека на почетокот на туристичката сезона, туристите и локалните жители, без грижа ќе ...
Изминативе два дена, на 10 и 11 јуни, кога според новиот стил Црквата Божја го слави споменот на Светите славни Апостоли Вартоломеј и Варнава, како и на Пресветата Владичица наша Богородица, во чест на нејзината чудотворна светогорска икона „Достојно ест“, Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим – Константинопол и Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, го прослави својот именден. На свештените богослужби и свеченостите што се одвиваа во ...
На 10-ти јуни 2024 година се одржа државниот натпревар за средните училишта на Институтот за Хемија на Природно – математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот, нашите ученици од трета година, под менторство на проф. Билјана Стевоска ги постигнаа следниве резултати: Митко Савев го освои второто место. Ученикот Климент Велкоски беше награден со пофалница, а Ангелина Јолеска, Калина Стојаноска и Бобан Мијаковски се здобија со сертификати за ...
Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори ...
Денеска присуствував на завршниот настан за оваа учебна 2023/24 година, ПРОЕКТОТ “Штафетни игри – Детска Атлетика” реализиран од Сојуз за училишен спорт-Охрид со поддршка на Општина Охрид – Сектор Спорт, Млади и Нво. И во иднина ќе продолжиме да им овозможуваме сите проекти да бидат успешно реализирани. Учениците од II и III одделение од сите Основни училишта покажаа одлични перформанси и борбен спортски дух па затоа сите на крај беа наградени ...
Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница, објави МКД.МК. Во ...
На 10.06.2024 во 11.55 часот, на пресекот од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (70) години и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (21)година , двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка лице на (61)година од Охрид, констатирани ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (24) години од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата .„Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно ...