Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Владимир Димитриевиќ – Божидар Димитриевиќ настапи во две категории освојувајќи два медали и тоа : 2 место во категорија 92+ кг Сениори 18-34 години и 3 место во категорија -92 кг Сениори 18-34 години – Владимир Димитриевиќ настапи во две категории Сениори 18-34 години -78 кг и категорија Сениори 18-34 години -85 кг и покрај одличните борби кои ги прикажа не успеа да се закити со медал. Следен предизвик на членовите од клубот ќе биде на ...
Карате клуб “Кун-су-то” Охрид имаше одличен настап на Државното првенство за кадети и јуниори У21, што се одржа викендов во Скопје. Клубот првенството го заврши со еден државен првак кој обезбеди пласман на Европско првенство и четири трети места. Дамјан Митревски во категорија до 55 кгрстана Државен првак и обезбеди учество на Европско првенство, додека трети места освоија Анастасија Смилевска во категорија до 59 кг., Козма Митревски во ...
Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, нашиот мил застапник и непобедлив соборец во Христовата вера и љубов, и годинава на својот славен спомен по повод возобновувањето на неговиот сечесен храм во Лида Палестинска, го излеа врз нас својот преизобилен благослов. Како непобедлив Божји победоносец, тој повторно нѐ собра под своето духовно застапништво, за да ни подари мир, утеха и радост што обновува. Празничната убавина во чест на овој ...
На 16.11.2025 од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, беше реализирана превентивно-едукативна кампања „Одговорно учество во сообраќајот“. Целта на кампањата е подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај возачите на моторни и други возила, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при управувањето со возилата што ќе придонесе за повисока ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (37) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со ...
На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа лице на (20) од Република Албанија. Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација. По целосно ...
Луксузните хотели во најзаштитените подрачја на Словенија — пример што ја демантира критиката за Македонија По најавите на Владата и министерот за транспорт и врски Александар Николовски за можно овозможување изградба на луксузни хотели во туристичките подрачја во земјава, дел од еколошките здруженија и неформални Фејсбук страници повторно реагираа со став дека „луксузните хотели не се потребни за развој на туризмот во Македонија и Охрид“. ...
Чисто е убаво – Охрид селектира! Градскиот плоштад вчера беше полн со музика, насмевки и стотици граѓани кои се вклучија во pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Децата и возрасните учеа преку игра за селекција и правилно управување со отпад, а наставниците и учениците од основните училишта, волонтерите од Црвен Крст, Збогум Буково, како и ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид беа таму да водат, објаснат и мотивираат. Овој ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 10ти до 16ти Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници . Отстранети се дефекти на следните локации: – „Васил Стефоски“ (2 дефекти) – „Стив наумов“ – „Туристичка“ – „Богомилска“ – „Радојца Новичиќ“ бр.33 – „7ми Ноември“ – „Ванчо Питошески“ – С.Лескоец ( 2 дефекти) – ...
Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа, го зедоа во војска каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба, Јоаникиј се повлече ...
На 15.11.2025 во 03:45 часот во село Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга го лишија од слобода лице на (39) од селото Оровник, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал едно лице и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му ...
На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. ...
Добив инспирација од Раде Врчаковски – Врчак се видовме во Хотел во Охрид па седевме праевме муабет како ми оди со песните му реков немам идеи немам ништо снимено тој иначе на 1 деќември вади негов албум со неколку песни се договоривме една песна заедно да направиме го чекам тој момент со нетрпение така да сега се враќам на музичката сцена се пуштам повторно во тие води едвај чекам да објавам соработка со Врчак се враќам со професионалност. ...
Денеска во присуство на нашите соработници од покраината Тирол ( Р.Австрија ) , г-дин Петер Логар и г-дин Јоханес Пап, се реализира заедничка вежба на ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во Стариот дел на градот. 👉 За прв пат е изведена вежба од ваков тип во Стар Град , кадешто пристапот е ограничен поради тесните и непристапни улици и истата е извршена со едно мало навално возило од ...
Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“. Царот ги подложи на големи маки, но тие претрпеа јуначки сѐ, со ...
Денес официјално ја примивме новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, која ќе биде во служба на Општина Дебрца и ЈКП „Дебрца“. На приемот присуствуваше и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба, со кого заеднички ја означивме реализацијата на оваа значајна инвестиција. Опремата е набавена преку повикот за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и за зголемување на ...
Бигорскиот манастир со особена духовна радост ги информира верниците и пријателите дека по повод празнувањето на светиот великомаченик Георгиј Победоносец и споменот на возобновувањето на неговиот храм во Лида Палестинска – Ѓурѓиц, во неговиот славен манастир во Рајчица ќе се одржат празнични богослужби. Во сабота, на 15 ноември, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отслужено празнично бдение со Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час. Следниот ...
Ми причинува особено задоволство што може да ја информирам јавноста дека денеска стартуваат подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот. Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно ...
Градските советници денес ја одржаа третата седница, од конституирањето на новиот совет. На дневен ред беше ребаланост на буџетот на локалната самоуправа, со измени на програмите за работа на општинската администрација. Советниците на почетокот од работата, усвоија уште три точки кои се однесуваа на измени на развојните програми за капитални инвестици во областа на детската заштита и основното и средно образование. Во продолжение на ...
ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид Ве покануваат да присуствувате и медиумски да го проследите pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активности и забава за сите возрасти, да ја доближи темата на селекција и правилно постапување со отпад до граѓаните и посетителите. Датум: Недела, 16 ноември 2025 година Време: 11:30 – 13:30 часот Локација: Градски ...
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови ...
СТОМАТОЛОШКИОТ ЦЕНТАР „ДР МОЈСОСКА“ ОД ОХРИД ОДБЕЛЕЖУВА 21 ГОДИНА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ Охрид, 13 ноември 2025 — Стоматолошкиот центар „Др Мојсоска“ денес слави 21 година постоење, исполнети со посветеност, професионализам и грижа за насмевките на своите пациенти. По повод овој значаен јубилеј, центарот им подарува на своите пациенти роденденски попусти од 10% до 50% на широк спектар стоматолошки услуги — од естетска стоматологија и протетика, до ...
Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа ...
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода (38) лице од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. По целосно документирање на настанот, ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против (30) годишен од с.Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Пријавениот, во управните служби на ОВР Дебар, поднел барање за издавање на нова возачка дозвола во управна потапка, со изјава дека ја изгубил возачката која ја поседувал. Од извршените проверки е констатирано дека возачката дозвола му била одземена од полициски службеници ...
Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на ...
Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска. Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, ...
Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид. Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосвера ...
Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Доколку сте во можност да помогнете донациите може да се уплатат на: ...
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор. „Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, ...