Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 21ви до 27ми Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Егејска“ – „Македонски Просветители“ (2 дефекти) – „Дејан Војвода“ – „Абас Емин“ бр.343 – „Железничка“ бр.168 – „Питу Гули“ – „1-ва Мак.Ударна Бригада“ – „15ти Корпус“ (2 ...
д бројот на Седумдесетте апостоли. Во времето на гонењето од Нерон, кога беше убиен светиот апостол Павле, беа убиени и овие тројца славни апостоли. Аристарх беше епископ во Апамија Сириска. Апостолот Павле го спомнува неколкупати (Дела 19, 29; Кол. 4, 10; Фил. 23). Во Ефес беше фатен од толпата заедно со Гај. Тој народ тогаш се беше кренал против светиот апостол Павле. Павле им пишува на Колосјаните: „Ве поздравува Аристарх којшто е со мене ...
На денешното Државно првенство за деца, нашиот каратист Исак Љатко го освои второто место и стана државен вице-шампион во својата категорија. А, нашата каратистика Теодора Мицкоска го освои третото место во својата категорија. И двајцата си обезбедија учество на претстојното Балканско Првенство за деца кое ќе се одржи во Бар, Црна Гора. Учество на Балканското Првенство за деца обезбеди и Славјан Митановски, кој го освои 5тото место во својата ...
На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода (32) годишно лице од кичевското село Подвис. При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта. ...
Најдобрите членови на Македонската традиционална таеквондо репрезентација (МТТФ) од 28-ми април до 4-ти мај 2025 година ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи во Талин Естонија. Во Талин заминаа десет членови од кои три официјални лица и шест натпреварувачи. Боите на нашата држава ќе ги бранат, Христијана Парулеска која изминатата година беше причина за општа радост на охриѓани, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска, ...
Во оној ден кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, чу дека го виделе Христа, но не поверува. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението. Он повторно доаѓа при своите ...
Охриѓанката Теа Донева , под менторство на тренерот Илија Спасески , стана државен првак во борење во категорија до 15 години со што продолжува серијата остварени успеси на борачите во клубот и тренерот. Таа денес овој успех го оствари на Државното првенство кое денес се одржа во Штип – град со долга традиција во спортот борење. Ова е огромен успех за охридското борење и претставува отскочна штица за Донева да продолжи со учество на други ...
Првпат во државата изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус. Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот ...
На 25.04.2025 во 14.20 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ во Охрид настанал пожар во паркирано возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лице на (31)г од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Истиот ден во 22.17 часот, на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со охридски ...
Отсекот за превенција при СВР Охрид деновиве спроведува превентивно – едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите, кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џеПни кражби и други имотни деликти. Полициски службеници од Отсекот за превенција на повеќе локации во градот остваруваат кратки средби со граѓаните и туристите и ги посетуваат туристичките комплекси и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема ...
Со огромна гордост ги споделуваме успесите на нашите ученици кои блеснаа на меѓународниот натпревар по теоретски предмети, организиран од Здружението на музички теоретичари на Македонија. Категорија Солфеж 1: Категорија Солфеж 2: Категорија Теорија на музика: Категорија Хармонија 2: Категорија Хармонија 3: Категорија Хармонија 4: Гоце Стојаноски, Снежана К. Попова, Биљана Николоска, и Вагнер Нуши за нивната посветеност и ...
Беше свештеник во Лаодикија во времето на царот Диоклецијан. За себе пред судијата мачител рече: „Се викам Артемон, роб на Христа мојот Бог; шеснаесет години бев чтец и читав книги во Црквата на мојот Бог; дваесет и осум години бев ѓакон и го читав Светото Евангелие; триесет и три години наполнив како презвитер поучувајќи ги луѓето на патот кон спасението со помош на Христос“. Судијата го воведе во храмот на Ескулап, каде што жреците негуваа ...
Од денеска до 27-ми април, Охрид повторно ќе биде домаќин на најинспиративниот настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025! Во текот на интензивни 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 докажани професионалци, и ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири составено од врвни експерти од светот на технологијата, иновациите и бизнисот. ...
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид). Главните причини за донесената одлука се: – ...
На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во (59) годишен пешак од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило ...
На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина ...
Во придружба на министерката беа стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев. На средбата разговаравме за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев. На средбата се разговараше за можностите за ...
Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“, ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор. Годинава се одбележаа 120 години од херојската ...
Размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, се главните теми на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“, што започна денеска во Охрид. На свеченото отворање на конференцијата, пред присутните свое обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Ми претставува особена чест и задоволство што сум дел од овој убав настан и што имам ...
На ден 22,04, 2025х согласно годишната програма за работа и финансискиот план за 2025г и одлука на извршниот одбор а повод Велигденските празници беше извршена посета во Геријатриското одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид од страна на претставници на ЗП Охрид и Дебарца во состав на Васиол Маркоски, претседател и Номче Цаноски подпретседател на ИО, Стефан Владимиров, секретар на здружението, Васка Ангелеска претседателка на комисијата за ...
Исполнети со радоста од славното Христово Воскресение, во овие светли денови ја предвкусуваме вечната радост кон која се стремиме, живеејќи во светлината на Пасхата. Во оваа Воскресна пролет, кога сè околу нас се облекува во бел цветен украс, ни претстои празнување на споменот на Живоносниот Источник на Пресвета Богородица – нашата Царица Небесна. По тој повод, на 25 април (петок), во нашата света обител ќе се одржи Пасхално богослужбено ...
Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (Откр. 2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа живееше меѓу нив „како светлина сред темнината, како роза среде трње, како злато во калта“. Во ...
Мобилниот музеј „Битките кај Чанаккале“ од Туркије, ги отвори вратите за посетителите во градот Охрид, јавува Анадолу. Музејот на плоштадот „Свети Климент Охридски“ во Охрид го посетија граѓани од различна возраст, ученици и студенти. Техничкиот директор на мобилниот музеј, Неџми Џан Акјилдиз, во изјава за Анадолу рече дека во мобилниот музеј има 7 различни витрини каде што може да се добијат информации за текот на битките кај Чанаккале. Тој ...
„Охридско лето“ е многу повеќе од фестивал, тоа е симбол на културната зрелост на нашата држава, симбол на отвореностa кон светот, симбол на врвната уметност и културен амбасадор на нашата земја. И оваа година, фестивалот ќе донесе програма која го задржува врвниот уметнички стандард, но и ќе ја отвора вратата за нови културни перспективи. Како што истакна и директорот Ѓорѓи Цуцковски, ќе имаме уметници од меѓународен ранг, но и македонски ...
Оваа исклучителна личност од македонската историја, учител, револуционер, војвода, организатор на македонската борба за слобода и бескомпромисен борец за татковината не прави особено горди и среќни што сме негови потомци охриѓани и Македонци. Непоколебливата одлучност да се жртвува животот за добро на татковината ги надминува границите на просечноста и го воздигнуваат неговиот лик на небото на општочовечкиот копнеж и општочовечката борба за ...
Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше ...
По многу дружби, забави и концерти Владо Броз и Марама решија да направат нова студиска снимка. Овој пат во тој музичко – сценски изведувачки потфат ја вклучија и исто така, познатата охридска изведувачка Емилија Маринова. Се работи за љубовен текст и песна со многу емоции во неа, ставена во една временска рамка веднаш после Втората светска војна, нешто што убаво ќе се забележи преку спотот. Во спотот се појавуваат мнозина градски познати ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 14ти до 20ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Будва“ бр.24 – „Македонски Просветители“ бр.31 – „Дејан Војвода“ – „Абас Емин“ бр.94 – „Охридска Бригада“ бр.39 – „Андреа Јованоски“ – „Јордан Мијалков“ – ОУ .СВ.Климент ...
Општина Охрид со особена чест Ве поканува да бидете дел од настаните со кои достојно ќе го одбележиме големиот јубилеј – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, охридскиот војвода и револуционер, кој својот живот го положи за слободата на Македонија. Да се потсетиме, да се поклониме и да ја пренесеме пораката за неговата саможртва и бесмртно дело на новите генерации. Хероите живеат додека ги чествуваме, нека му е вечна слава! ...