
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Во рамки на свечената програма по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовиран вториот дел од книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев. Во името на Локалната самоуправа пред присутните гости, свое обраќање имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. -„Македонскиот јазик е нашата единствена стожерна точка, тој е патоказ ...
Двајцата браќа Наум и Христијан Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид освоија сребрени медали на Опен Балкан куп што се одржа во Лозница, Србија. Христијан Стојаноски се натпреваруваше во категорија јуниори (48 кг), а противник му беше државниот првак на Србија, Павле Поповиќ. Наум Стојаноски во категоријата младинци (71кг) боксуваше со Вељко Крстиќ, национален шампион и петкратен шампион на Војводина. Покрај браќата Стојаноски, ...
Општина Охрид во соработка со НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / НТО, репризно ја организираат тетарската претстава „Кумови“. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување! Претставата ќе се одигра на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на ...
Во рамки на свечената програма по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовиран вториот дел од книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев. Во втората книга „За Македонистиката отворено“ на 480 страници се опфатени 28 радио разговори за македонскиот јазик и литература, за кодификациските фази на јазикот, за неговата граматика, за ...
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 39 годишен Охриѓанец поради измама. Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила. „Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги ...
На 21.10.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 45 годишен жител од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60 годишен жител од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со струшки ...
23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба Програма: 22.10.2024 година (вторник) Промоција на втората книга: „За македонистиката отворено“ од авторите: проф.д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов; Промотор: д-р Бобан Карапејовски 12.00 часот Општина Охрид (голема сала) Свеченост по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба Oбраќање на претставник на општина Охрид; Културно-уметничка програма 19.30 часот НУЦК ...
Минатата сабота, со почеток од 14 часот, се одржа доделувањето медали на натпреварувачите од циклусот натпревари во 2023/2024 година, и тоа: – категорија јуниори – категорија сениори Во прилог дел од атмосферата која се создаде во математичкиот амфитеатар на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје во присуство на голем број од натпреварувачите, нивните родители, ментори, претседателите на комисиите при ...
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и ...
Викендов што измина на 19.10 2024 во Нови Сад, соседна Србија , традиционално 17 по ред се одржа меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ натпревар кој е еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа, каде учествуваа 555 натпреварувчи од 11 земји од регионов. На овај натпревар многу држави ги носат своите најдобри натпреваруваќи, припремајќи ги за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин , Естонија, крајот на април, наредната ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (40) години од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати и тоа во ...
Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од ...
На 19.10.2024 година во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (19) удрило во пешак на (18)години двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид При ударот било оштетено паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ...
Розов Октомври🎀 🎀Министерството за здравство овозможи скрининг за рано детектирање на ракот на дојка во ЈЗУ Општа болница Охрид. 🎀Со цел да се подигне свеста за превенција од рак на дојка, се извршија прегледи, се добиваа совети и се споделуваа искуства во организација на УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ О.К. ОХРИД со што се даде поддршка на жените заболени од рак на дојка, воедно се учествуваше во дискусија со стручниот тим од доктори во ЈЗУ ...
Фудбалскиот стадион “Билјанини извори “во Охрид добива и нова модерна западна трибина. Денес на средбата што ја остварив со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз, Цане Милошоски, ми беа предадени проектите за изградба на новата западна трибина. Како Локална самоуправа се обврзавме со средства од нашиот буџет да ги изградиме двете трибини зад головите ...
На 19.10.2024 год во 01,35 часот во, во ноќен клуб во Охрид, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го приведоа лице на (22) од охридското село Велгошти. При извршена контрола, тој исфрлил најлонска опаковка со бела прашкаста материја која е одземена и предадена на вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
На 18.10.2024 во 20.55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од село Лешани, општина Дебрца удрило во пешак 43 годишно лиц од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши ...
Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога ...
Во тек се градежни активности за изградба на нова фекална и атмосферска канализација на краци од улиците ” Дејан Војвода ” и “Македонски Просветители ” со нови приклучоци за сите објекти. Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување. После завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари. ...
Генерално чистење на ул.,,Железничка”: метење, шпаклање, отстранување на ниска вегетација од тротоарите и подигнување на расфрланиот ситен отпад; Поради должината на трасата активностите ќе се изведуваат и во следните денови 💧Согласно договорите за изведување градежни активности, реализирани активности за метење и миење на јавните површини околу градежните локации 🍂Во есенскиов период кога лисјата од дрвјата паѓаат, вонредни активности за ...
Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана. Овојпат во соработка со Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид, во 🗓️сабота, 19 октомври 2024, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од ⏰11 до 13 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост. 👉Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите креативни програми, за сите хумани ...
Денеска Свештената Бигорска Обител беше почестена и удостоена со посетата на уште еден почитуван владика, Неговото Преосвештенство Епископот Липљански г. Доситеј, викар на Патријархот Српски г. г. Порфириј. Во отсуство на Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, со негов благослов, ценетиот архиереј и неговата придружба беа достоинствено пречекани од манастирскиот економ Архимандритот Доситеј и од присутните браќа во ...
Во детствВо детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и се заветува да го проживее векот во девственост, како вистинска Христова невеста. Но, бидејќи Харитина и другите ги обраќаше во девственост, за неа чу намесникот на царот Диоклецијан, некој Дометијан. Тој испрати војници и ја зедоа од нејзиниот очув, та ја изведоа пред суд. Ја ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Претреси се извршени на 17 ...
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија. Наградата „23 Октомври“ за остварување ...
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати ...
Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб ,,Холивуд”, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење! Сомнежите се дека се УЗУРПИРА државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба. Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен! ‼️Ги ...
На 15.10.2024 во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (64) години од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што билепронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе ...
Во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР која, се одржува и во Охрид, СВР Охрид ги информира граѓаните дека, заради изведување подготвителни активности, денеска од 10 до 14 часот, за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“. На овој простор, забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба во времето од 10 до 13 часот. Активности поврзани со ...
Во денешниот светол октомвриски ден, на споменот на Преподобниот Андреј Јуродив и на Светите Кипријан и Јустина, нашата Свештена Обител беше удостоена и украсена со посетата на двајца ценети архиереи на Црквата Божја, Високопреосвештените Митрополити г. Лукијан Будимски и администратор Темишварски и г. Јован Крушевски и Демирхисарски. Со оглед на тоа што Митрополитот г. Лукијан за прв пат доаѓа во нашиот Манастир, нему му беше приреден ...