Охриѓанецот Кристијан Ставрески гостуваше во „Дубаи бизнис поткаст“ каде зборуваше за неговото патешествие во бизнисот со тргување на берза, каде важи за еден од најуспешните „трејдери“ кои доаѓаат од Балканот. Тој детално раскажа како ја искористил шансата која му ја пружа платформата „Еакономи“ каде се стекна со едукација и знаење како да навлезе во тргувањето на берза , за тоа како функционира во Лондон, како и за неговата менторска група. ...

Младите физичари од ООУ ,, Братство Единство’ – Охрид на 15.11.2024 год. под менторство на Сезен Таип и Мебахат Ќоку учествуваа на 46 Школа ,,Млади физичари” и натпреварот по физика во експерименти! Нaградени ученици: VIII одд Арда Калем – III награда Џенк Јахја – III награда Берин Урем- III награда Хатиџе Максyд- III награда IX одд Гамзе Мехмед- III награда Елмедина Заче – III награда Сибел Гуладин – III награда Ирем Шахзиман- III награда ...

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во ...

На 19. 11. во 20ч во големата сала на Театар – Охрид доаѓаголемата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката. Насловот на турнејата е “За македонските работи” “Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е ...

„Денеска сум во посета на Охрид и Струга, целта на мојата посета е средба со риболовните здруженија и риболовците од овој крај. Да ги запознаам со новата риболовна основа што ја донесовме“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на целото Охридско Езеро“, појасни министерот ...

Во периодот од 13-16 ноември 2024 г. во организација на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, претставници од 8 земји од регионот, во Охрид, ќе спроведат заедничко истражување наменето за проценка и справување со поголеми ризици кои имаат влијание врз заедниците, со цел да се утврди ранливоста на луѓето во однос на ризиците како и зајакнување на капацитетот за справување и опоравување од одредена катастрофа. ...

Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или ...

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“. Царот ги подложи на големи маки, но тие претрпеа јуначки сѐ, со ...

На денешната четириесет и осма седница на градскиот совет, советниците расправаа за измаени и дополнувања на годишните програми за работа на повеќе сектори од општинската адмнистрација, јавните претпријатија и образовни интитуции. По плодна дебата за повеќе точки од дневниот ред, истите беа усвоени со мнозинство гласови. Во вториот дел од работата на седницата, усвоени пет одлуки за формирање на комисии за избор на членови во повеќе управни и ...

Музичкиот чудотворец,Тоде Новачевски,од небото ни испраќа уште една песна која што ке се додаде на плејадата негови хитови. На неговата музичка основа,Крсте Наумовски-мечкар,со зборови ни раскажа една нова приказна за една стара легенда која што раскажува како му удира срцето на преподобен св Наум Охридски чудотворец на неговиот гроб во неговиот манастир во Охрид. Златко Миладиноски ги преточи звуците на инструментите во прекрасен аранжман,а ...

Со огромна тага ја примивме веста за трагичната загуба на младиот фудбалер, Димитар Црвенкоски, кој неодамна беше дел од ФК Слатино. На само 18 години, неговиот живот прерано згасна во сообраќајна несреќа. ОД ИМЕТО НА ЦЕЛИОТ КЛУБ, ФК Света Троица 2021, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите. Со вас сме во овие тешки моменти и подготвени сме да понудиме поддршка и помош доколку е потребно. Почивај во мир, Димитар, ...

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови ...

Челик Столарија е компанија која веќе 10 години успешно нуди висококвалитетни парчиња мебел за опремување на Вашиот дом, двор или канцеларија. Во салонот на Челик Столарија можете да се снабдите со висококвалитетен мебел со модерен дизајн по најдостапни цени. Нашиот асортиман опфаќа кујни, трпезариски маси, , претсобја, комоди, плакари, детски соби,Собни Врати, душеци и кревети во повеќе бои и димензии. Повелете и уверете се. Улица „7ми ...

Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево. Целта на состанок е координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското ...

Струлена бандера попладнево се накриви на улицата Карпош Војвода во Охрид и секој момент може да падне на коловозот. Жителите од куќите пред кои е бандерата велат дека пријавиле неколку пати дека бандерата е трула и може да падне, и дека од Телеком дошле и со сајла бандерата ја врзале за оградата од дворот на една од куќите. Но ни тоа не помогнало, па денес бандерата се накривила и ја искинала ортомата но се искинале и кабли од операторите, кои ...

Почитувани мои Вевчанци, дури сега знам колку сум вредел, Вашата љубов и поддршка кон мене е единствена потврда за мојата вредност, бидејќи не е од било кого, туку од Вевчанци, од моите драги досегашни парохјани. За овој период што служев кај Вас му благодарам на Бога и на мојот надлежен Архиереј, за мене работатаОтец во Вевчани беше вистинско богатство, не во материјална смисла, туку во човечка-духовна и вечно ќе остане така. Ви Благодарам за ...

Осумнаесет годишно момче го загуби животот, а 16 годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“. Несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила синоќа во 01:15 часот, кога автомобилот „Пежо“ кој го управувал охриѓанецот Д.Ц. (18) излетал од патот. -Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска ...

Горан Петкоски повеќе од 30 години прави пици и обучува нови генерации пица мајстори. Тој врши едукација на цел персонал за угостителски објекти ( пицерии, ресторани, „ланч“ барови ). Контакт со Горан на 072310194 или на Истаграм https://www.instagram.com/goran_d_t/ Првите пици Горан ги направил пред триесетина години во тогашната пицерија „Дон Вито“ каде овој „занает“ го „крадејќи“ знаење од пица мајсторите кои тогаш биле ангажирани во тој ...

Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички ...

Педесеттина музичари, од кои петнаесеттина естрадни уметници од македонската фолк-сцена, како и десеттина глумци ќе бидат дел од долгометражниот филм „Охридски лудории“ што од денеска почна да се снима во Охрид. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција свикана по повод удирањето на првата клапа на филмот, станува збор за прво вакви филмско остварување во замјава, мјузикл осмислен да ја промовира македонската фолк-музика, домашните ...

143 128 е бројот на кој сите хумани граѓани можат да донираат преку мрежата на T-Mobile за помош на 3-годишната Теодора од Охрид. Родителите на малата Теодора, веќе неколку дена апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат да ги соберат потребнитге средства за операцијата на нивната ќерка. – Драги пријатели, роднини, познати и непознати ве молиме за помош. Нашата мала ќеркичка Теодора има голема потреба од сите вас добри и хумани луѓе. На само ...

Денеска (12.11.2024 година), полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со претставници од Црвениот крст Охрид, во основното училиште „Братство единство“ во Охрид, одржаа едукативни предавања на тема „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“. Притоа, пред 80 ученици од македонски и албански паралелки од осмо и деветто одделение, низ проактивен пристап, беа изнесени низа информации за штетноста од зависностите со акцент ...

Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален Таеквон-до ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2024 “. М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски беше претставувана о д десет натпреварувачи. Можеме слободно да се гордееме на нашите натпреварувачи иако исцрпени од претходни натпреварувања и училишни обврски сепак докажаа дека вреди да се вложува во нив, кои повотрно го дадоја својот максимум и не израдуваа со ...

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму продолжува да опаѓа и е далеку под просекот за овој период од годината, приближувајќи се до минимално дозволената кота. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, водата во езерото денеска се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина, што е 16 сантиметри под просекот за ноември, четири сантиметри под природната кота и само три сантиметри над дозволениот минимум. За ...

Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам ...

Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора. Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од 55 замји-членки на ОН, на претставниците на Општина Охрид им беше ...

Млади ентузијасти, уметници од Културолошката иницијатива „5 до 12“ какои членови на навивачката група „Рибари“ ќе цртаат графити на јавни површини низ Охрид. Станува збор за проект на локалната власт „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, како дел од активностите во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на ...

Hа 10.11.2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат. При преземените ...

Охридските боречки надежи од Б.К. Аждер, водени од тренерот Илија Спасески продолжуваат со учествата на турнирите низ Македонија, па така овој викенд се бореа на турнирот во Штип од каде се вратија со медали и стекнати нови искуства Борачите од Б.К. Аждер од Охрид се вратија со освоени медали од турнирот кој викендов се одржа во Штип, каде се натпреваруваа Христијан Вршковски Лука Колевски кој освои трето место, и единствената девојка ...

Нашата мала ќеркичка Теодора има голема потреба од сите вас добри и хумани луѓе !! На само една година го изгуби нејзиниот слух и исто така и нејзиното нормално детство ( две години по болници и рехабилитации, но безуспешно ) сега ни се потребни 27 000 евра за да може да се направи операција со КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ во Македонска приватна болница. Ве молиме на сите кој се во можност да донираат, да го направат истото. Кој не е во можност, доволно е ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
47%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
60%
1014
weather icon

Загреб

25ᴼ / 21ᴼ
0.51
57%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
73%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.01
66%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
70%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
47%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
57%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
57%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
56%
1016
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63