Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. ...

Во периодот од 14-17.10.2024 година во Охрид, Министерството за внатрешни работи, во со-организација со Регионалниот ИПА проект ЕУ4ФАСТ и Меѓународната организација за миграции спроведува „Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе долж Источно-медитеранска рута“. Преку симулирана размена на информации за прекугранични случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе со однапред ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во Охрид отпочнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид а потоа на одредени точки во водите на Охридското езеро. Поради тоа, од денеска до 17 октомври, од 05 до 13 часот, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ...

Богородичниот плашт духовно исткаен од молитвите, љубовта и закрилата на Пресветата Божја Мајка денеска благодатно се спушти врз жителите на славна Река. Празникот „Покров на Пресвета Богородица“ го израдува ростушкиот сечесен храм на Царицата Мајка со Света Божествена архиерејска Литургија. Дечињата христијанчиња од крајот со чистота на срцето го запеаја тропарот на празникот, вознесувајќи Му најчиста слава на Бога и на Неговата Пречиста ...

Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, ...

Кометата Tsuchinshan-ATLAS деновиве е една од најинтересните појави во светски рамки, а видлива е и на небото над Охрид. Последен пат можеше да се види од Земјата пред 80.000 години, а астролозите ја нарекоа „кометата на векот“, поради нејзината светлина и видливост. Откриена во јануари 2023 година, таа е голема комета, чијашто јачина на светлината би можела да биде најголемата во овој век воопшто. Последниве недели му се приближува до Сонцето ...

Овој викенд, спец. д-р. Маја Божиновска-Смическа заедно со дел од тимот млади лекари од нашата болница активно учествуваа и беа дел од организациониот комитет при меѓународниот симпозиум “Ретки болести: Дијагностички предизвици и терапевтски перспективи, кој го одбележа јубилејот од 10 години активизам за ретки болести. Докторите со приказ на неколку медицински случаи кои се ретки и уникатни, го споделија нивниот пат од препознавање, па се до ...

„Опкружувана од божествен сјај на ангелските воинства, и почитувана заедно со хоровите на пророците и апостолите, како Мајка Божја, посети не нас – твоите слуги, молејќи Го Христа нашиот Бог, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица). На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 7ми до 13ти Октомври, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Бистрица“ бр.36 – „Андреја Јованоски“ – „7ми Ноември“ – „Гоце Делчев“ (3 дефекти) – „Климентска“ – „Крали Марко“ – „Даме Груев“ – Нас.Рача – С.Велгошти (2 дефекти) – ...

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа ...

Стружанецот Илирјан Асани го освои одличното второ место во категоријата Men`s Physique на престижниот Arnold Classic Festival Европа 2024. Тој уште еднаш потврди дека е помеѓу елитата во својата категорија и ја претставуваше Република Македонија на Европското првенство, кое од 10-ти до 13-ти октомври се одржа во Мадрид, Шпанија. – Илирјан Асани освои второ место на Арнолд Класик Европа 2024, Физик сениори. Катерина Попева двапати шесто ...

Морално и човечки е да помагаме на сите луѓе и да изградиме подобар свет во кој сите сме различни, но сепак исти, Напиша на својот ФБ профил претседавачот на советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост: Задоволство е да сте поканети на еден особено стручен и професионален симпозиум на тема „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“ организиран од Здружението за ретки ...

Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, викендов одбележува 10 години активизам за ретките болести во Македонија. Во хотелот Нова Ривиера се одржува стручен симпозиум насловен „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, на кој учествуваа истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации. Симпозиумот го отворат министерот за здравство проф. д-р Арбен Таравари, по што зборуваа ...

Драги верници и пријатели на Свештената Бигорска Обител и на славниот мијачки крај, Со радост и срдечни благопожелби ве известуваме дека по повод празникот Покров на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, нашиот Старец и Игумен на Свештената Бигорска Обител, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, на 14 октомври, понеделник, ќе отслужи Божествена Евхаристија во неодамна осветениот Сечесен Храм на Пречистата Богомајка во ...

Посета на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата. Институцијата која догодина ќе одбележи 90 години од формирањето, а која се грижи за одржување на балансот меѓу човекот и природата е потсетник за важноста за перманентна заштита на екосистемот на Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, но и на сите македонски, регионални ...

На Школата за млади лидери во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Салмонд, поранешен шкотски премиер, откако му се слошило за време на ручекот. Салмонд е роден во 1954 година. Тој починал околу 15.30 часот во хотелот „Инекс Горица“, објави puls24.mk. Салмонд вчера имал излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на ...

вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга, објави АЛСАТ . Планот за ...

На ден 05.10.2024 ЏК Дрим Струга настапи на меѓународнот натпревар во Прилеп “Град Херој Цевитана куп” на кој учество од редовите на ЏК Дрим зедеоа 23 џудисти. Овај викенд е за паметење за нашите џудисти кој се закитија со 14 медали. Честитки за нашите фантастични џудисти кој изобилуваат со талент и знаење и секако за тренерите кој со нивната посветена работа, и одлучност и едукација кој долги години вложуваат напор и создаваат врвна спортска ...

Овој празник е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи годишнина од почетокот на народното востание во далечната 1941 година и борбата против фашизмот им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија која израсна во правна и прогресивна држава. Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и ...

На 10.10.2024 во 06.55 часот во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“. Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна ...

Во Токио се објави најновиот студиски албум на Владимир Четкар ‘Let Us Be’ преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records со прекрасни рецензии за ова последно студиско остварување на македонскиот кантавтор и изведувач. ‘Let Us Be’ е музичка симбиоза на џез, фанк соул и диско и е комплетно авторско дело на Четкар каде тој се наоѓа во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист , вокалист, текстописец и диригент. Албумот ...

Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христa. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на идолите), на што Хaритон му одговори: „Сите ваши богови се бесови, коишто се струполени негде заради гордоста во најкрајната темнина.“ И ...

Најновото и наголемо спортско игралиште на подрачјето на Охрид, кое вечерва свечено беше отворено во населбата Вдибоишта ќе го носи името на нашиот прерано починат сограѓанин и пасиониран спортист Трајан Целески Тачо, младо момче кое беше омилено во градот Охрид, и посебно во населбата Видобишта каде живееше во непосредна близина на сега обновеното игралиште. Игралиштето „Трајан Целески – ТАЧО“ свечено го отвори градоначалникот на Охрид, заедно ...

Со пригодна свеченост, денес се одбележа 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна. Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков. – Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна, после која се поставени темелите на новата Македонска држава и се исполни сонот на многу ...

Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна, после која се поставени темелите на новата Македонска држава и се исполни сонот на многу генерации за создавање сопствена држава, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков. Во објавата градоначалникот додава: Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го ...

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот ...

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид и веќе ги посетил нивните простории, но сакал да остане анонимен. – Најсреќниот Охриѓанец ги посети просториите на Државна Лотарија и ни раскажа за својата убеденост дека еден ден ќе дoбие 7-ка на Лото, па редовно и упорно уплаќал по 10 комбинации и по еден Џокер или ...

КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца на 6 октомври , учествуваше во завршниот дел од овогодинешните охридски фестивалски денови, кои се одржуваа за време на летната туристичка сезона од месец април до окотмври. Организатор на охридските фолклорни фестивалски денови беше Интернационалната фолклорна фестивалска организација Охрид. На завршната вечер настапија , фолклорни групи, ансамбли и КУД од Хрватска, Естонија, Босна и Херцеговина, Србија, ...

Во охридските специјализирани болници „Св.Еразмо“, за ортопедија и трауматологија и болницата за кардиолошки заболувања, „Св.Стефан“, подобрени се условите за третман на пациентите, благодарение на инвестиција на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, преку Програмата „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман денес во ...

Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, викендов одбележува 10 години активизам за ретките болести во Македонија. По тој повод, на 12 и 13 октомври 2024 година во хотел Нова Ривиера ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, на кој учество ќе земат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации. Во недела, 13 октомври, симпозиумот ќе ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
31%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.12
42%
1012
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
43%
1010
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
2.71
43%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
48%
1011
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
43%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
42%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
43%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
64%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63