Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Остварив средба со Владимир Димитриевиќ, кој како дел од македонската репрезентација учествуваше на Европското Таеквонд-до ИТФ првенство и освои бронзен медал. Ова претставува голем успех на Владимир, за Охрид и Македонија бидејќи во категорија јуниори од 1000 натпреварувачи го освои борнзениот медал. Упатувам честитки до Владимир и членот на неговиот тим Марjанчо. Посакувам во иднина да не радуваат со уште повеќе освоени медали. Сакам да го ...
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во одговор на новинарско прашање при посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава ...
На ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници одНа ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски ...
Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на ...
„ДО КОГА ВАКА?!…ДО КОГА ВАКА?!“ одекнуваше на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, од гласовите на младите актери од организациите на Црвен крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар кои во рамки на одбележувањето на јубилејот 10 години од реализацијата на ВДИШИ ТЕАТАР – Меѓународниот Аматерски Театарски Фестивал, вчера, заеднички ја изведоа интернационалната театарска претстава со наслов „БАЛКАНДРОМ“. На многу сликовит и ...
На 15.06.2025 во 09.55 часот во СВР Охрид, (60) од Охрид пријавила дека нејзиниот сосед запалил оган во неговото дворно место, при што во еден момент огнот се проширил и била зафатена пластичната мрежа и дрвата од разделната ограда помеѓу нивните дворови и постоела можност да биде зафатена нејзината куќа. Таа го изгаснала огнот, а повредени лица нема Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде ...
Армија велосипедисти (вкупно 178 велосипедисти рекреативци, од Охрид, Струга, Скопје, Ресен, Тетово, Гостивар и Херцег Нови-Црна Гора), викендов во Охрид, учествуваа на спортскиот ИПА вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“ и по деветти пат, ја возеа вело турата Охрид-Струга-Радожда. ИПА Охрид со бројната ИПА вело армија, уште еднаш упати силна порака до надлежните на локално и централно ниво, конечно и сериозно да пристапат кон проект ...
Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во ...
Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Тие се постат вака: во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба. Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник ...
Со соодветна механизација се чисти дното на Охридското Езеро кај Градското пристаниште од наталожената тиња. Станува збор за активност која беше потребна и барана, особено од охридските бродари, кои имаа проблеми при закотвувањето на бродовите. Охридското пристаниште е градено во предвоениот период и забот на времето си го прави своето. И тоа и она во Св. Наум опстојуваат само како резултат на квалитетното градење во тоа време. Пристаништето е ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт. Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект. При извршените контроли беше ...
Градежните работи на автопатот Кичево-Охрид се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба и целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија вондреден надзор над активностите за изградба. Надзорот се направи на повеќе позиции каде во ...
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. Заради ова беше обвинет ...
Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува. Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите ...
Со чалгиските звуци и препевот на најпознатите песни од “Охридските трубадури“, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија беа одбележани 60 години од смртта на најпознатиот чалгаџија Климе Садило. Настанот го организира Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди“ под покровителство на Општина Охрид . Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска – Во затишјето на оваа ноќ пред големиот храм Св.Софија ...
Пејте и играјте драги охриѓани, Вашата песна од Климета и Вашето оро од Садило трае со векови Тоа е аманетот од охриѓани од членовите на пензионерското културно уметничко друштво „Далги“ од Охрид , за споменот на Климета Садило на тема „Заборавениот Звук“ и одбележувањето на 60 години од неговата смрт. Сеќавањето на музичкиот великан се одржа на 12 јуни во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид, на која со совја програма учествуваа: КУД ...
Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, и тоа: 1. На 14 јуни 2025 година во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба. 2. На 15 јуни 2025 година во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба. 3. Пречекот на Митрополитот Европски г. Пимен ќе биде потоа во 09:00 часот. Светата архиерејска ...
На магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Ново Село, општина Дебрца, вчера околу 8:20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишно лице од село Желино, тетовско, и патничко возило „Форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 52-годишен жител на село Биџево, струшко. Во несреќата возачот на патничкиот автомобил се здобил со тешки телесни повреди ...
Во прекрасен амбиент на летната сцена на „Долни Сарај“ во Охрид, во присуство на бројни охриѓани и гости, почитувачи, подржувачи на активностите на Црвен крст Охрид, вчера, достојно беше одбележан јубилејот 80 години од основањето и непрекинато делување на Црвен крст Охрид. Со многу емоции и возбуда беше истакната улогата и придонесот на сите оние што биле и се дел од 8 децениското патување на Црвен крст Охрид и одадена почит на основачите, на ...
Со реализирана инвестиција од 11, 7 милиони евра денеска се пушти во употреба магистралниот пат Охрид – Св.Наум. Патниот правец е во должина од 24,3 км и извршена е целосна реконструкција, a со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот се направи и растеретување на одредени косини, соопштија од Министерството за транспорт. Во своето обраќање, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека овој е еден од ...
Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја ...
Во пресрет на претстојниот празник на Св. Еразмо (кој и оваа година традиционално ќе се прослави на 14 и 15 јуни 2025 – сабота и недела), во целост ви го пренесуваме сведоштвото на госпоѓата Катерина Толевска Скепароска, која сведочи за чудотворната моќ на Светецот Еразмо Охридски: “На ден 14.06.2024 год. донесов масло, алишта, проскур и вода за здравје на мојот син Кристијан кој не зборуваше. По кажување на тетка ми Драгица дека нејзината ...
Почитувани верници, Со голема радост ве известуваме дека и оваа година, традиционално на 14 и 15 јуни 2025, ќе го прославиме големиот христијански празник посветен на светиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо. Ве покануваме со срце и душа да се собереме во манастирот и заеднички да ги доживееме духовните радости на овој светол празник. Исто така ве информираме дека поради тековните градежни зафати, патот до манастирот треба да биде ...
Сакам да изразам огромно задоволство и бескрајна благодарност до Владата на Република Македонија и сите инволвирани служби што го реализираа капиталниот проект Реконструкција, проширување и уредување на делницата Охрид – Св. Наум. Станува збор за еден од најзначајните проекти за Охрид како најголема туристичка дестинација во регионов. Искрено ви благодарам од мое лично и име на Охриѓани затоа што се реши еден од најгорливите инфраструктурни ...
Сакам да изразам огромно задоволство и бескрајна благодарност до Владата на Република Македонија и сите инволвирани служби што го реализираа капиталниот проект Реконструкција, проширување и уредување на делницата Охрид – Св. Наум. Станува збор за еден од најзначајните проекти за Охрид како најголема туристичка дестинација во регионов. Искрено ви благодарам од мое лично и име на Охриѓани затоа што се реши еден од најгорливите инфраструктурни ...
Обраќање на Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид. Истото го пренесуваме во целост: Денес, овде од брегот на Охридското Езеро, испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради. Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум- пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите. И сега, конечно, го добиваме. Со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструиравме 24,3 километри ...
-Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на Коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да пожат ...
Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече ...
Сите што ме познаваат знаат – секогаш сум била таму кога некому му требало. Помагав, трчав, се давав до последен атом… но ретко, многу ретко се грижев за себе.А животот… тој секогаш знае кога да не сопре. Пред повеќе од една година, ми покажа дека е време да се погледнам себеси.Дијагнозата – рак на дебело црево – падна како гром. Шок. Страв. Неверување. Болка што не се опишува. Од тогаш па се до денес – 14 хемотерапии, 10 зрачења на глава, ...
На 11.06.2025 во 21.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода(24) Годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.00 часот во семејниот дом агресивно се поднесувал кон неговиот 26-годишен брат, оштетил дел од покуќнината и без дозвола го зел возилото на брат му. Тој бил пренесен во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветмна пријава. ...