
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Американски функционер објаснил дека Украина ниту мобилизира, ниту обучува доволно нови војници за да ги замени оние што ги губи на фронтот, притоа отворено потврдувајќи дека Русите имаат постојан напредок на истокот на земјата, и постепено почнуваат да ги гонат Украинците од Курск. Во април годинава, по долга дебата и нечкање, Зеленски за прв пат ја симна границата за мобилизација од 27 на 25 години, за да може подобро да ги пополни редовите на ...
Освен сесиите до вработените во министерството бил испратен и меил за „вебинар во кој подлабоко ќе навлеземе во ефикасните техники за стрес менаџмент за да ви помогнат да навигирате низ овие проблематични времиња.“ Информацијата за овие терапии ја објавува Вашингтон фри бикон, по што републиканските конгресмени го нападнаа Ентони Блинкен дека веста е „вознемирувачка“ и дека: „Непартиски владини функционери не би требало да претрпуваат лични ...
Вишиот советник во кампањата на Камала Харис, Дејвид Плуф, откри дека внатрешните истражувања спроведени од нивниот штаб никогаш не покажувале дека таа е во предност пред Доналд Трамп. „Мислам дека ова ќе ги изненади луѓето затоа што имаше јавни анкети што беа објавувани кон крајот на септември, почетокот на октомври... кои покажуваа водство кое никогаш не го видовме. Ние каскавме“, го пренесува Њујорк пост. Во еден подкаст со неколкумина ...
Од Мета изјавуваат дека Закерберг се сретнал со Трамп и неговиот тим, и дека средбата се случува во клучно време за американската иновативност. Не кажуваат за што зборувале, ама кажуваат дека Закерберг нема да остане таму за Денот на благодарноста. Закерберг, заедно со останатите основачи и ЦЕО-а на глобалните технолошки компании редовно се критикувани од републиканците, по основа дека нивните платформи постојано ги цензурираат конзервативните ...
Предлогот е од виетнамското обвинителство кое и ја дало оваа можност на Лан, откако во април беше осудена на смрт за проневера на пари, поткуп на владини функционери и прекршување на банкарски правила. Адвокатите на Лан тврдат дека успеале да најдат инвеститори од странство кои се подготвени да и позајмат 400 милиони долари. Наводно тимот работи на уште вакви зделки. Виетнамските закони предвидуваат можност за враќање на три-четвртини од ...
Транссексуалците ќе бидат отпуштени по медицинска основа, во која ќе се утврди дека тие не се способни за служење војска. Освен отпуштањето ќе се забрани секое идно приклучување кон армијата за транссексуалци. Во првиот мандат Трамп забрани транссексуалци да стануваат дел од вооружените сили на САД, меѓутоа им дозволи на оние кои веќе служеа да ја задржат својата позиција. Бајден ја поништи оваа одлука. САД имаат околу 1,3 милиони активни ...
Во групата мигранти, најголем дел отпаѓа на турската заедница која претставува 13% од сите жители на градот. Инаку 61% од сите мигранти во Франкфурт се од земји на ЕУ. Една друга поделба во градот покажува дека 49% од не-Германците живеат под линијата за сиромаштија, споредено со само 23% од домородното население. Од Германците 83% од мажите се вработени, како и 78% од жените. Минатата година беше објавено дека се очекува Франкфурт да го изгуби ...
Реизборот на Доналд Трамп доведе до очекувани јавни хистерии на низа разгалени селебритија, активисти и медиумски работници. Некои од нив уште не можат да се соземат. Погледнете го нервниот слом кој пред камери го доживеа Рејчел Медоу од MSNBC. Но, едно се тие, Сајентифик американ би требало да е сосема друга лига. Mагазинот се печати од 1845 година, во него свои текстови имале Ајнштајн и Тесла, како и над 150 Нобеловци од разни области. Па ...
Петицијата која беше започната на 20 ноември без никаков проблем стигна до границата од 100.000 гласови, со што ги исполнува условите Парламентот да ја разгледа можноста за дебата на темата на која се однесува петицијата. Милионите потписи се собрани под пораката: „Би сакал да има уште едни општи избори. Верувам дека сегашната влада не ги исполни ветувањата што ги даде пред последните избори.“ Официјалната верзија е дека петицијата ја започнал ...
Како што е наведено во трудот објавен во списанието Frontiers, тимот предводен од истражувачот од Лабораторијата за однесување и перформанси на НАСА, Шина Дев, открил дека когнитивните способности на астронаутите не биле значително нарушени по враќањето на Земјата. Меѓутоа, низа тестови покажале дека нивните когнитивни способности биле видливо забавени за време на нивниот престој во вселената. Брзината на обработката на информациите, визуелната ...
„Русија постави нови неделни и месечни рекорди во големината на окупираната територија во Украина“, објави независната руска новинска агенција Агентство. За само една седмица, руската војска зазела 235 квадратни километри во Украина, што е неделен рекорд за цела 2024 година, а во ноември освоила вкупно 600 квадратни километри. Русија започна побрзо напредување во источна Украина во јули, токму кога украинските сили зазедоа дел од нејзиниот ...
Тами Џонас, долгогодишна вегетаријанка, направила пресврт од 180 степени за време на нејзината трета бременост. Нејзината одлука за вегетаријанска исхрана била донесена под влијание на книгата Animal Liberation на Питер Сингер, која ѝ ги отворила очите за малтретирањето на животните кои се одгледуваат во фарми. За време на последната бременост станала ризично анемична, почнала да копнее по месо, еден ден решила да изеде хамбургер и сфатила дека ...
За пораката веднаш е информирана и претседателската гарда иако не е јасно што точно таа ќе преземе против потпретседателката, освен тоа што веднаш е подигнато нивото на заштита. Сара, ќерката на Родриго Дутерте, подоцна се обиде да ја повлече својата изјава, објаснувајќи дека тоа не било закана туку само била загрижена за својот живот. Фердинанд Маркос јуниор и Дутерте заедно се кандидираа во мај 2022, како претседател и потпретседателка, со ...
52-годишната Жонг Јанг, претходно служи како гувернер и заменик секретар на Кинеската комунистичка партија во префектурата Кијанан. Таа влегува во партијата на 22 години, а со тек на време заради нејзиниот изглед често пати е ословувана како „убавата гувернерка“. Жонг никогаш не се мажи и нема деца. Нејзин прв посериозен успех е основањето на земјоделска асоцијација, а е позната и по помагање на постарите лица од сопствени пари. Во јануари ...
Во понеделникот, прво специјалниот советник Џек Смит поднесе барање за повлекување на сите федерални обвиненија против Трамп по овие основи, а потоа и судијката во случајот го одобри барањето. Со ова и формално се става крај на целиот случај кој го обвинуваше Трамп за обид за поништување на неговиот пораз во 2020. Трамп за ова прв пат беше обвинет во јуни 2023 во федералниот суд во Мајами по 37 основи. Два месеца подоцна тој беше обвинет и за 4 ...
Се работи за извесен Стивен Линч кој 2 децении соработува со Москва и сега сака да го купи гасоводот. Неговите аргументи пред американската влада се дека американското сопствеништво врз гасоводот ќе обезбеди предност на САД за какви било мировни преговори со Русија за крајот на војната во Украина и е во корист на долгорочните американски интереси. „Во крајна линија ова е шанса еднаш во историјата за американска и европска контрола над европското ...
За многу мажи, прегледот на простата е непријатна тема бидејќи откако ќе видат возраст на човек со проблеми со мокрење, уролозите стандардно го претпочитаат методот „ќе сакам да те пипнам“. Од почетокот на 70-тите години, ректалниот преглед е составен дел од програмата за рано откривање на рак на простата во здравственото осигурување. Во повеќето развиени држави, осигурувањето покрива ваков преглед барем еднаш годишно за постари од 45 години. ...
Студија на луѓе од Кралската женска болница во Мелбурн, ги анализирала сите модели на кукли на глобалниот пазар наменети за за обука за кардиопулмонална реанимација на возрасни. Од 20 различни кукли, сите имале рамно торзо, а само еден модел бил со прекривка на градите. Австралиското истражување покажа дека жените имаат помала веројатност да добијат CPR што спасува животи после срцев удар и оттука имаат помалку шанси да преживеат инфаркт. Постои ...
Весникот забележува дека по победата на Трамп пред две недели, украинскиот претседател премолчано се откажа од максималистичката амбиција да ја победи Русија на военото поле. Минатата недела во интервју за Фокс њуз, Зеленски и за прв пат призна дека Крим, кој беше една од главните цели на неуспешната украинска контраофанзива од 2023, не може да биде вратен со сила. „Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе и да го изгубат својот живот ...
Според рамката воспоставена од ОН во 1992 година, 23 развиени земји - и Европската унија - историски одговорни за повеќето емисии на загревање на планетите се обврзани да платат за штетата. Во Париз пред девет години беа ветени 100 милијарди долари годишно. На штотуку завршената климатска конференција во Баку, Азербејџан, богатите го одврзаа ќесето ветувања па до 2035 година најавија 300 милијарди климатски долари годишно за најпогодените. ...
Токму на политичките теми Варшава очекува поголемо разбирање - особено кога станува збор за историското соочување со масакрите во Волинија, каде што украинските националисти убија десетици илјади полски цивили. Тие националисти сè уште се слават во Украина, додека Киев одбива да ги ексхумира телата на убиените Полјаци, што наидува на чудење кај полскиот министер за надворешни работи Сикорски: „Украина се согласи на погребување на 100.000 војници ...
Малата и неукрасена црква долго време е позната како најстара во Луцерн. Но, во меѓувреме стана и синоним за новите времиња, откако инсталирале Исус со вештачка интелигенција, способен да разговара на 100 различни јазици. „Екеперимент. Сакавме да видиме како луѓето реагираат на Исус со вештачка интелигенција. За што би разговарале со него? Дали ќе има интерес за муабет со него?, вели Марко Шмид, теолог од црквата. Инсталацијата, позната како ...
Магазинот објаснува дека, за сега, не се прават никакви дубари и гасот што стигна до ЕУ од Азербејџан е навистина азербејџански. Меѓутоа цаката е во обемот на гас што земјата мора да и го испорача на Унијата, заради што таа останува кратка за сопствените потреби. Во пракса ова значи дека Унијата само го префрла товарот од својот на грбот на Азербејџан, кој сега за покривање на домашната потрошувачка почнува да увезува руски гас. „Азербејџан се ...
Документите за федерални грантови кои содржеле предлог за создавање вирус како оној што предизвика ковид можеби биле погрешно класифицирани од Министерството за одбрана, што довело до „фалц“ истрага за потеклото на пандемијата од страна на американските разузнавачки агенции. Свиркачот е морнаричкиот полковник Џозеф Марфи, кој сега води воена лабораторија во Вирџинија. Тој откри дека постои некласифициран предлог за грант, познат како „Проектот ...
Брисел спрема грантови во вредност од 1 милијарда евра за сите што ќе градат фабрики за батерии во ЕУ. Нов критериум за добивањето на овие грантови за сите не-ЕУ (кинески) компании ќе биде споделување на технолошкото знаење со европски компании. Доколку ова успее, истиот процес се очекува да биде воведен и за ЕУ субвенции во други полиња. Овие услови, иако далеку полиберални, наликуваат на условите што сама Кина ги има за странските компании кои ...
Американската војска соопшти дека дизајнот на руската ракета истрелана врз околината на градот Днепар (врз украинската ракетна компанија Пивденмаш) е заснован на дизајнот на руската интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) РС-26 Рубеж, која има поголем дострел. Пентагон соопшти дека проектилот бил истрелан со конвенционална боева глава, но дека Москва може да го смени „товарот“ ако сака. „Таа ракета може да носи различни типови на ...
На страна критиките и навредите што нагрнаа на Јагуар, околу рекламата имаше и прашања на место, како она од Илон, кого го интересираше што точно продаваат со нејзе. Јагуар кој некогаш беше задолжен за производство на службените автомобили на британските премиери, со години е во константен пад за пред неколку години да реши целосно да се ориентира кон електрични возила. Планот беше продажбата на џиповите на Ленд Ровер да продолжи да ги плаќа ...
Се сеќавате ли кога Ентони - Науката, тоа сум јас“ Фаучи се појави на конгресните сослушувања носејќи дупла маска, знаејќи многу добро дека маските не го спречуваат преносот на ковид? Со такво лидерство, поголемиот дел од земјата доброволно или принудно, цело време се шетаа маскирани - внатре, надвор, на игралишта, плажи и велосипеди. Јаслите ги мачеа доенчињата ставајќи им маски а по авиони избиваа тепачки затоа што владата од стјуардесите ...
Пимлико е мирен дел од центарот на Лондон кој последниве недели беше претворен во линија на фронтот на климатските војни, благодарение на ревносното следење на политиката „нет нула“ која треба да ја платат еговите жители. Повеќе од 3.000 домови, училишта и една библиотека моментално се загреваат со три огромни, но дотраени гасни котли и систем на застарени цевки склони кон пукање и протекување. Едно решение за овој проблем би било секој дом да ...
Не им требаше многу време на новодојденците на Блускај да ја заситат платформата со барања за цензура, етикетирања на објави што не им се бендисуваат и општи поплаки за други корисници. Блускај објави дека за само 24 часа платформата била преплавена со над 42.000 поплаки а барањата за цензура стигнувале со темпо од над 3.000 на час. Нема сомневање дека ова се должи главно на дојденците од Твитер бидејќи во цела 2023 година, Блускај имала 360К ...