
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Извори од демократите за Дејли меил тврдат дека сето ова се калкулирани потези на Клуни кои се дел од неговите напори да се наметне како кандидат за некои идни претседателски избори. Со 63 години, Клуни може да почека уште неколку избори. „Неговата поддршка за Камала дефинитивно е калкулирана. Џорџ размислува за идна кандидатура за претседател и во тоа ја има поддршката од еден од најмоќните демократи на светот, Барак Обама. Неговиот нишан е на ...
Единствениот бар во Манчестер кој продавал исклучиво безалкохолни пијалоци се затвора поради слаба посетеност помалку од една година од отворањето. Сопственикот на барот „Love From“ отворен во јануари во центарот на Манчестер сакал да ја промени перцепцијата за британската култура на пиење нудејќи ново искуство за ноќен живот без алкохол. Имало премалку заинтересирани за такво искуство. 39 годишниот Карл Консидин за Тајмс се поплакал дека барот ...
Финансовиот на ЛВМХ за падот во приходите ги обвинува „драстичните проблеми во побарувачката на шампањ“ кој е пијачка „вообичаено поврзана со прослави, среќа и слично“. Под ЛВМХ се шампањите Дом Перињон, Круг и Моет, меѓу другите. „Можеби сегашната глобална ситуација, без разлика дали е геополитичка или макроекономска, не ги тера луѓето да слават и да отвораат шишиња шампањ. Стварно не знам, меѓутоа факт е дека обемот на продажба е намален за ...
Законот им дава на државните судии нови овластување при осуда на сексуални престапници виновни за одредени сексуални злосторства, вклучително и силување, малтретирање и инцест врз деца под 13 години. Како засега единствената сојузна држава која дозволува хируршка кастрација, Луизијана се надева дека заканата од хируршка кастрација ќе дејствува како превентива за сексуалните престапници на деца. Освен судијата, и медицински експерт ќе треба да ...
На 23 август 2019 година, во берлинскиот парк Клајнер Тиергартен, човек беше егзекутиран од атентатор на велосипед. Жртвата беше Зелимхан Кангошвили, 40 годишен грузиски државјанин кој се борел против Русија за време на Втората чеченска војна и наводно шпионирал руски агенти за грузиското разузнавање. Осомничениот првично беше идентификуван како „Вадим Соколов“, градежен инженер од Санкт Петербург кој тврдеше дека бил само турист. Се работи за ...
Студија на истражувачи од Лиеж, Белгија, сугерира дека површината на Меркур крие слој од 18 километри дијаманти. Тие најверојатно се настанати со самото создавање на Меркур како планета, пред околу 4,5 милијарди години за што постоеле идеални услови - висок притисок и висока температура. Се претпоставува дека младата планета во тоа време имала кора од графит, која лебдела над длабок океан со магма. Тие ги рекреирале условите со помош на тн ...
На платформата за „цивилно такси“ Убер, во Европа и Латинска Америка наскоро ќе се најдат 100.000 електрични автомобили од кинескиот производител BYD. Аранжманот ќе им понуди на возачите на Убер пристап до поволни цени, осигурување, финансирање и други услуги за возилата на BYD. Плановите предвидуваат проширување на партнерството и на Блискиот Исток, Австралија и Нов Зеланд. Компаниите соопштија дека планот ќе помогне да се забрза транзицијата ...
Преседани има, повод има а и САД веројатно се подготвени за тоа, барем од техничка страна. Она што не оди во нивна корист е зошто да го направат тоа во случајот со Путин, кој ако ништо друго по 2,5 децении владеење веќе е станат предвидлив за американските власти и аналитичари. Како што објаснува поранешниот функционер на ЦИА, Даглас Лондон, во текстот за Форин полиси, американските власти преферираат статус кво кај предвидливите непријатели. ...
Во Словенија е поднесено 221 барање за исплата на отштета заради последици настанати после вакцинирање за ковид. Како што пренесува Дело, во тамошното министерство за здравство, во 2021 година било поднесено 81 барање за отштета, 105 лани и 35 оваа година. Веќе биле донесени 97 решенија, 20 случаи се во тек да бидат решени. Исплатени се пет отштети: една од 20.000 евра за смрт после вакцинирањето а четири од по 60.000 евра за сериозно или трајно ...
Трошоците на Елисејската палата, кои ги вклучуваат и дипломатските и претседателски должности на Макрон, како и администрација, персонал, обезбедување и менаџирање на недвижностите, во 2023 достигнале 125 милиони евра, што е 8,3 милиони евра над дозволениот буџет. Меѓу најголемите расходи се две луксузни државни вечери, едната со индискиот премиер, Нарендра Моди, другата со британскиот крал Чарлс Трети. Чарлс беше во Версај минатиот септември, а ...
Брисел развива трговска стратегија во неколку чекора за справување со Доналд Трамп, спремајќи за него брз одговор ако се одлучи за казнени тарифи. Официјалните претставници на ЕУ сметаат дека пристапот „морков и стап“ е најдобар одговор за ветувањето на Трамп дека ќе воведе царина од минимум 10 проценти, што според нив може да го намали извозот од ЕУ за околу 150 милијарди евра годишно. Преговарачите планираат да се сретнат со тимот на Трамп ...
Администрацијата на Хавиер Милеи признава дека неодамна извршила трансфер на злато во странство, меѓутоа не открува колку злато, ниту која е целта на оваа одлука, ниту пак каде завршило тоа злато. Слично шкрта со информации е и Централната банка на Аргентина. Еден од стравовите е дека Аргентина има долгови кон голем број држави и со оваа одлука се ризикува запленување на златото. Пример, во 2019 Банката на Англија одлучи да не ја прифати ...
Планот се поврзува со три главни цели што беа споменати и во коминикето на швајцарскиот самит, а тоа се: нуклеарна безбедност, глобална безбедност на храна, и ослободување на депортирани деца, воени заробеници и нелегално заробени цивили. Зеленски најавил дека земјата ќе почне и „детални дискусии со релевантни држави“ за територијалниот интегритет и други прашања. „Трпение, поддршка и дипломатски притисок се трите фактора за правичен крај на ...
Џо Роган: Мислиш дека ќе пробаат уште еднаш да го тргнат Трамп? Мајкл Малис: Да. Роган: И јас. Ако еднаш веќе пробаа, тоа нема да им биде последен пат. Но не се само Роган и Малис кои мислат така. Џеси Вотерс од Фокс разгласи за меилот кој од долгогодишен контра-снајперист го добила Сузан Кребтри од RealClearPolitics. „Контра-снајперист на Тајната служба предвидува нов обид за атентат пред ноември. Во е-пошта добиена од агент на Тајната служба ...
Николас Пуеш го обвини поранешниот менаџер на неговото богатство дека е виновен за исчезнување на истото. Пуеш наводно имал 6 милиони акции во Ермес, вредни 13 милијарди долари, кои сега ги нема. Целата оваа работа природно заврши на суд, меѓутоа судот во Женева одлучи дека нема докази дека финансискиот советник Ерик Фрејмонд го злоупотребил богатство на Пуеш или дека наследникот на Ермес бил некако измамен од него за време на 2-децениската ...
Јанис Ексархос објаснува дека постои „несвесна наклонетост“ кај камерманите заради која има повеќе зумирани снимки од Олимпијки отколку од Олимпијци. „За жал, на некои настани жените се уште се снимаат на начин на кој можеш да утврдиш дека стереотипите и сексизмот останува, дури и од начинот на кој камерманите поразлично ги врамуваат мажите и жените. Жените спортисти не се тука затоа што се попривлечни или секси или што и да е. Тие се тука ...
Илон Маск минатата недела сподели видео ко демек реклама за претседателската кампања на Камала Харис. Видеото започнува со глас сличен на Харис, со кој му се заблагодарува на актуелниот претседател Џо Бајден што „ја покажа својата сенилност“ и ѝ дозволи да го заземе неговото место во трката. Притоа се фали како шампион на различноста. „Јас сум и жена и обоена личност“, вели гласот „што значи дека ако ме критикувате, истовремено сте и сексист и ...
Наредбата што гувернерот Гавин Њусом им ја дава на своите агенции е „итно да се започне со справување со опасните кампови додека во исто време ќе им се даде помош на лицата кои живеат во нив.“ Во Калифорнија живеат околу една-третина од сите бездомници во САД, кои се распослани од тротоарите на населбите на некои од најголемите градови, паркинзите, па се до околината на автопатите. Агенциите прво ќе треба да се посветат на чистење на камповите ...
Инсектите кои се туркаат како замена за секакво месо и извор на протеини доколку бидат помасовно прифатени, а не само од вообичаената публика за вакви иновации, ќе помогнат во кратењето на загадување и штетните гасови кои доаѓаат од одгледувањето стока. Како аргумент за воведувањето инсекти во секојдневната исхрана се наведува и тоа што стотици милиони луѓе во Азија, Африка и Латинска Америка веќе ги јадат истите, па само треба на Западот да му ...
Одлуката ја донесе претходната министерка за здравство на Британија, со која терапиите повеќе не смеат да се користат кај деца и млади луѓе. Ова беше оспорено од транс активисти кои тврдат дека министерката при носењето на одлуката не ги консултирала групите што ги претставуваат пациентите и ги злоупотребила вонредните овластувања. Решението на Високиот суд беше поздравено од новиот министер на здравство Вес Стиринг кој ја поздрави одлуката и ...
Размената на пораките е на Вотсап, меѓутоа не од вообичаениот број на ЦЕО-то Бенедето Винја, и со поинаква профилна слика иако и на нејзе е сликата на Винја пред логото на Ферари. Во едната од пораките пишува дека компанијата подготвува голема аквизиција и ќе биде потребна помош од конкретниот директор. Во друга, стои дека ќе треба да се потпише нов договор за доверливост и дека на директорот ќе му бидат испратени документите од адвокат. По ова ...
Институтот за здравствена метрика на Универзитетот во Вашингтон неодамна издаде проекции за долговечност по земји во 2050 година. Меѓу 20-те најдобри за доживување длабока старост се богатите како Швајцарија и Сингапур а Источна Азија ја претставуваат Јужна Кореја и Јапонија, долгогодишни лидери во долговечност. Меѓутоа, постои географски кластер од релативно посиромашни земји, кои се држат одлично на оваа тема: Шпанија, Италија, Франција и ...
Учесниците во студијата се на возраст од 18 до 30 години сите од Универзитетот во Онтарио, и сите се водат како редовни корисници на социјални мрежи кои трошат по најмалку еден час на најразлични апликации. Од нив не било побарано да го заборават телефонот, туку користењето на социјалните мрежи да го сведат на само половина час дневно и тоа во период од две недели. Периодот од 30 минути е избран како оптимален за да може да се забележи ако има ...
Механичката вентилација беше широко користена, пред, за време и после ковид пандемијата. Во Германија, на механичко дишење биле ставани над 1.000 пациенти на 100.000 жители годишно на возраст над 80 години. Стапките на смртност во болниците ги надминаа дотогаш познатите податоци, заклучува нова студија. За четири години (1 јануари 2019- 31 декември 2022) на респиратори биле ставени околу еден милион пациенти во 1.395 болници. Покрај ковид, други ...
Ова е само 5-ти пат како Лојд има разговарано со руски министер за одбрана од почетокот на војната во Украина во 2022, и речиси секогаш тоа е на иницијатива на Пентагон. Разговорот се случува на 12 јули, и според американски извори, Белоусов го барал Остин за да му пренесе предупредување. Русите откриле дека Украинците подготвуваат тајна операција против Русија за која веруваат дека е со благослов на Американците. Не се соопштени никакви ...
УНИЦЕФ ја прогласи Газа за најопасно место во светот да се биде дете. Трагедијата започна кога на 7 октомври лани, Хамас изведе ненадеен брутален напад во кој загинаа 1.200 луѓе и зема околу 250 заложници (116 од нив остануваат во заробеништво). Израел започна уште побрутален контранапад во кој, според Министерството за здравство на Хамас, убиени се речиси 40.000 Палестинци. Од нив 14.000 се деца. УНИЦЕФ вели дека бројот на загинати веројатно е ...
Еден од повисоките советници на кампањата на Трамп, објаснува дека тие очекувале Бајден да преживее барем уште една недела и да ја истера и посетата на Бенјамин Нетанјаху. Аксиос пишува дека во моментот кога Бајден се повлекува, тимот на Трамп има најмалку три парчиња анти-Бајден материјали спремни за објавување, плус бројни пораки од републиканската партија на насочени кон претседателот. Дури и најголем дел од содржините од републиканската ...
Денес, САД имаат воведено три пати повеќе санкции од која било друга држава или меѓународно тело. Под нивни санкции се една третина од сите држави во светот, со некој вид финансиска казна за луѓе, имоти или организации. Санкциите станаа дифолтно оружје во вечната американска економска војна ширум планетава. Со ампутирање од западниот финансиски систем, санкциите можат да уништуваат национални индустрии, да бришат лични богатства и да ја нарушат ...
Трамп го актуелизираше плаќањето членарина за НАТО уште за време на кампањата 2016 и за време на цел негов мандат тоа беше тема на спорење меѓу него и лидерите на европскиот дел од НАТО. Како што објаснува Блумберг, предлогот за зголемување на границата од 2 на 3 проценти за сега е само идеја која се уште не е издигната на ниво на формална политика на Трамп. Зголемувањето од 2 на 3 проценти би значело нови илјадници милијарди долари потрошени на ...
Иако најголемиот дел од елитата на демократската партија инстантно се построи зад Камала по наглото повлекување на Бајден, упадливо е што на тој список го нема Обама. „Обама е многу вознемирен затоа што знае дека таа не може да победи. Обама знае дека таа е некомпетентна, беше одговорна за границата а ниту еднаш не ја посети границата, и даваше изјави дека сите мигранти треба да имаат здравствена заштита. Таа нема да може да се снајде со ...