
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во 2023 руските сили освојуваат 2.233 километри квадратни нова украинска територија. Годинава, до сега, се на 2.656, од кои 1.202 километри квадратни се само во месец ноември. Утехата што доаѓа од експертите е дека ова е главно рурална и стратешки неважна територија, и дека Русите до сега имаат обиколено неколку големи градови, меѓутоа ниту еден немаат заземено. Се на се, Русија моментално контролира 17,9% од украинската територија. Најголемиот ...
Дел од идните функционери со кои разговараат Украинците ги поддржале одлуките на Бајден да испрати дополнително оружје на Украина, објаснувајќи дека тоа ќе му даде подобра позиција на Трамп во преговорите со Москва. Трамп во оваа фаза отфрла какво било разговарање на украинско членство во НАТО, нешто што пак Зеленски го смета за клучен фактор за безбедноста на земјата. Украинскиот претседател пред некое време порача дека земјата ќе се согласи на ...
Доколку Холандија ги повика на служење сите свои државјани на 17-годишна возраст, тоа ќе значи дека ќе треба да смести и обучи 200.000 регрути годишно. Нивни пресметки се дека тоа нема да се случи, бидејќи одбраната моментално може да обучи максимум 1.000 регрути годишно, а надежта е дека оваа бројка ќе порасне на 9.000 до крајот на 2029. Во истиот извештај во кој се овие бројки, министерството за одбрана пишува дека и покрај ваквата ситуација ...
Џеј Батачарја (професор од Стенфорд) се приклучи на ростерот номинирани од Трамп за раководење клучни здравствени агенции и институции, луѓе чии ставови за време на пандемијата беа исмејувани од здравствените авторитети како Ентони Фаучи и Френсис Колинс. Таму е РФ Кенеди, како и Марти Макари, хирург од Џонс Хопкинс. Кадровските избори на Трамп го одразуваат чувството кај многумина Американци дека здравствените власти погрешно реагирале на ...
На полската граница со руската енклава Калининград веќе осамна бедем од бетонски змејски заби, што е само дел од одбранбениот систем долг 800 километри во кој Полска ќе инвестира најмалку 2,35 милијарди долари. Со вакви потези полската влада сака да ги охрабри другите Европејци да ја зајакнат својата одбрана пред потенцијалната на руска закана. Прв чекор им е изградба на Источниот штит иако веќе подолго време пишувавме за нивните рекордни ...
Дирер гимназијата од Нирнберг воведе глоба од пет евра за учениците кои редовно доцнат на часови. Новата тарифа е воведена од оваа учебна година, првично на незадоволство на учениците, меѓутоа неколку месеци подоцна, други и претставниците на учениците признаваат дека бројот на деца што доцнат значително се намалил. Од гимназијата објаснуваат дека за еден ученик да биде казнет ќе треба да се минат неколку чекори кои вклучуваат разговарање со ...
Британците издвоиле „апсурдна“ една милијарда фунти за привремено исклучување на турбините на ветер. Само во 2024 година! Британската енергетска мрежа е во постојана борба да се справи со енергијата што ја создаваат силните ветрови, па ветерниците низ целата земја мора да се „стишуваат“ за системот да се заштити од удари на вишоци. На оние кои ги менаџираат турбините им се плаќа за исклучување на ветерниците во време на силни ветрови за да се ...
Кражбите и заклучувањето се последица на пораснатите цени на путерот, што пак се последица на војната на Путин во Украина. Британски Телеграф прогнозира дека проблемите со путерот би можеле да помогнат во постигнување мир во Украина. Ваквиот оптимизам се базира на извештаи дека од октомври годинава неделно се пријавуваат до 50 кражби на путер. Русија изминатиов период има и сериозна инфлација, а каматните стапки се пораснати на 21%. Според ...
Лан беше осудена на смрт во април годинава за проневера на 12 милијарди долари од Комерцијалната банка Сајгон, случај што ја шокираше земјата. Поднесе жалба против казната, барајќи од судот да размисли за „поблаг и похуман пристап“. Судиите ја потврдија смртната казна, велејќи дека не нашле олеснителни околности. Според виетнамскиот закон, Лан сепак би можела да си го спаси животот ако врати три четвртини од проневерените средства. Во тој ...
Се работи за план за надомест на Илон кој е договорен уште во 2018. Ова е втор пат како судијката во случајот го одбива барањето како претерано, тврдејќи дека бордот на Тесла бил непримерно под влијание на Маск кога го прифатил истиот. Во прашање е најголемата плата, исплата, компензација што некогаш му е дадена на американски директор. Првичната вредност на акциите што Тесла требаше да му ги исплати на Илон за добри резултати во работењето беше ...
Планот на Зеленски е НАТО да ја обезбедува сегашната територија на земјата, „а Украина ќе го врати остатокот од територијата по дипломатски пат.“ Тој дополнил дека до сега ниту една НАТО членка му нема предложено таква варијанта, и дека ќе биде проблематично обезбедувањето на само дел од земјата. Во исто време НАТО и понатаму одбива да чуе за какво било членство на Украина во Алијансата. Последната активност и ерозијата на досегашните позиции на ...
Полска стана неизбежен фактор за редефинирање на рамнотежата на силите во Европа. Нејзиниот економски раст ја профилираше како една од клучните земји на континентот а со рекордните инвестиции во вооружување, станува и важна воена сила, главна НАТО поткрепа на истокот. Оваа година Полска ќе потроши 4,12% од својот БДП за одбрана, што е двојно повеќе од насоките на НАТО од 2%. Има дадено околу 37 милијарди долари за одбрана. Лани потроши исто така ...
Наспроти сите очекувања, Зеленски во првите денови од руската инвазија не мрдна од Украина, дури и кога руската војска беше на само километри од Киев. Дома целиот народ застана зад него, а при посетите на Европскиот парламент и американскиот Конгрес, Зеленски добива стоечки овации. Три години подоцна, кога украинските фронтовски линии се пред крах, војската неуспешно спроведува мобилизација, а странските држави се потешко вадат пари и оружје за ...
Вкупната километража што треба да биде пуштена е нешто над 40.000 километри, а на крајот од проектот целосната инфраструктура треба да биде во сопственост само на Мета. Течкранч пишува дека проектот се уште е во раните фази, а капацитетот и рутите по кои ќе оди не се јавно објавени. Мета веќе е сопственик на неколку подводни кабли, Гугл е сопственик на 17 компании за подводни кабли, а и Амазон и Микрософт имаат по неколку. Процената покажала ...
Проблематично околу роденденот на детето е следното: таткото нарачал проститутка и купил кокаин, не само за себе туку и за славеникот. Бонус, својот син го нарекувал „пичка“ затоа што не сакал да проба ни проститутка, ни кокаин. Детето и раскажало на мајката што се случило, по што оваа веднаш пријавила во полиција. По ова екс-партнерот завршува во затвор, каде ќе одлежува 4-годишна казна за организирање на настанот. Луѓе блиски на семејството ...
После Гардијан, Ла Вангвардија и германската еснафска организација, и Европската федерација на новинари реши дека не е етички да се остане на Твитер, по ново Икс. „Не можеме да продолжиме да учествуваме во хранењето на социјалната мрежа на човек кој прогласи смрт на медиумите, а со тоа и на новинарите... Социјалната медиумска страница X стана префериран вектор за теории на заговор, расизам, екстремно десничарски идеи и мизогинска реторика. X е ...
Мартина Навратилова го критикуваше Њујорк Тајмс за опишување на биолошките жени како „нетрансродови жени“. Терминот беше користен во приказна за превирањата во женската одбојкарска колеџ лига во која масовно се губи од екипата на Државниот универзитет во Сан Хозе во кој игра Блер Флеминг, биолошки маж кој се идентификува како жена. За да ја долови ситуацијата во својот наратив, медиумот во статијата ги нарекуваше обичните, стандардни, биолошки ...
Оправданието на Бајден е дека целиот случај против Хантер е политички, претеран и направен да го „скрши“ него и Хантер. Последен пат пред 20 дена портпаролката на Белата куќа изјави дека Бајден нема да го помилува својот син. Хантер годинава беше прогласен за виновен за поседување оружје без дозвола, со што стана прво дете на актуелен американски претседател обвинето за кривично дело. Казната за ова обвинение требаше да биде донесена на 12 ...
Човекот стана „интернет сензација“ откако го сподели своето мазно Марс чоколатце и подоцна доби 2 фунти како компензација. Се вика Хари Сигер (34 години) и доби огромно внимание од „Досадниот машки клуб“, Фејсбук страница со 1,4 милиони следачи. Си купил Марс во Бирмигем, му бил нешто чуден и сфатил дека е мазен и ги нема препознатливите „бранови“ на горната страна на чоколатцето. Им пишал на Марс, Вригли, од Англија за да ги праша дали е тоа ...
Доналд Трамп им се закани на деветте членки на БРИКС дека ќе им наметне тарифи од 100% за нивниот извоз во САД доколку решат да го бајпасираат доларот и почнат финансиски и трговски меѓусебе да „комуницираат“ со друга валута. „Заборавете дека ќе продавате нешто на прекрасниот американски пазар ако решите да го заборавите доларот,“ им порача Трамп на земјите од сè посилниот глобален блок. Трамп рече дека поминало времето кога САД само ќе стојат ...
Со модeрните автомобили, животот на возачите им е толку олеснет што дури и не мора да вадат клуч од џеб за да ја стартуваат колата. Но, животот им е олеснет и на крадците, предупредуваат од германската Федерална канцеларија за криминал. Бројот на украдени автомобили, но и камиони, кампери, како и земјоделски и градежни машини, минатата година експлодираше. Секој ден во Германија исчезнуваат повеќе од 40 возила - вкупно 15.924 кражби, 9% повеќе ...
Украинската одбрана изгледа како брод кој испушта вода на сите страни. За жал, од септември, дупките на тој брод стануваат сè поголеми и поголеми. Во последните три месеци руските сили успеаја да окупираат повеќе територии отколку во претходните девет месеци од офанзивата. За разлика од претходните месеци, кога рускиот напредок се мереше во стотици метри, најновите руски пробивања се прават од пет до десет километри на ден. Досега незамисливото ...
Со не баш големо мнозинство (330 гласа „за“ и 275 „против“) парламентарците го поддржаа предлог-законот со кој на некои неизлечиво болни луѓе ќе им се даде право да го прекинат својот живот. Се проценува дека законот ќе стапи на сила дури после околу три години, додека ги мине сите потребни правни процедури, меѓу кои и благослов од домот на лордовите а следната процедурална рунда не може да се случи пред април следната година. Гласањето дојде по ...
Дел од пепелта на Леми Килминстер, лидерот на групата Моторхед, последниве години беше изложувана во неколку, нему драги места - Реинбоу барот, неговата омилена биртија за запивање во Лос Анџелес, во британската концертна хала Рок Сити и на Хелфест во Франција. По негова желба, дел од пепелта заврши во куршуми поделени како подароци на драги лица (види: Има правда: Леми заврши како куршум). Куршум имаат добиено Даф МекКеган од GNR, Рики Рахтман, ...
Над еден век траат надежите дека електричните возила еден ден ќе ги заменат моторите со внатрешно согорување и ќе пратат во музеи. Бидејќи слободниот пазар не успеа да испорача ваков епилог, последниве децении запнуваат државите со субвенции и - засега - правно обврзувачко постепено укинување на традиционалните мотори. И ова не го даде ефект: глобалната продажба на електрични продолжува да расте, но темпото забавува. Проценките велат дека за да ...
Откако 17-годишното момче запишано на готварско училиште почнува да добива слаби оценки и тоа по главните предмети, мајката веднаш интервенира кај него. Во расправијата момчето и кажува дека веќе не сака да оди на училиште бидејќи учењето е бесмислено. Повратното од мајката е дека ако не му се оди на училиште тогаш да фати и тој да продава пржено пилешко како нејзе и да види како е во реалниот живот. Тоа и се случува. Малиот прави сопствена ...
Спорна не е наведената цел - да се држат децата подалеку од социјалните страници, за нивно добро. Спорно е што притоа ќе се собираат биометриски податоци а корисниците ќе треба да достават доказ за лична карта издадена од владата. Сопственикот на Икс, овој амандман го гледа како желба на мала врата да се воведе контрола и на полнолетните Австралијанци. Наместо да најде начин да ги идентификува малолетниците, решението се потпира на тоа дека ...
Компанијата веќе бара и преговара со долгорочен, стабилен акционер како банка или осигурителна компанија, која треба да го замени капиталот на Рено, во време кога Нисан го привршува потпишувањето на договорот за партнерство со Хонда за нови електрични возила. Излегувањето на Рено се случува во време кога Нисан има послаба продажба и во Кина и во САД. Француската компанија објави дека е отворена кон продажба на дел од своите акции во Нисан како ...
Се работи за „суперџиновски“ депозит на високо квалитетна златна руда, откриен во близина на постоечки рудник на злато во земјата. Локацијата е полето Вангу во североисточниот дел од провинцијата Хунан, каде работниците откриле над 40 вени со злато, кои содржат околу 300 тони злато. Резервите се на длабочина од 2.000 метри. Со дополнително скенирање и 3Д компјутерски модели, рударските експерти проценуваат дека до длабочина од 3.000 метри ги ...
Според студија објавена во магазинот Environmental Science & Technology, со едноставно провривање на водата од чешма и нејзино филтрирање низ обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните честички микропластика. Досегашните сознанија за влијанието на микропластиката врз човечкото тело покажуваат дека тоа може негативно да влијае на микробиомот на цревата, а со тоа и на имунитетот и здравјето воопшто. Постојат ефикасни ...