
Скопје
40ᴼ /
40ᴼ



Ториевците пресметале дека планот на владата за нула издувни гасови кој предвидува и затворање на сите електрани што не се на обновливи извори, ќе предизвикаат бум на увоз на турбини и колектори од Кина. Моментално Кина доминира во производството на технологијата неопходна за исполнување на планот на Лабуристите, како по капацитети, така и по напредност во производство и технологија. Процената е дека Британија ќе треба на копно да изгради ...
Новите програми и ВИ алатки кои Мета ги лансираше изминатите месеци, компанијата верува дека ќе бидат искористени за создавање на ВИ ликови кои во следните неколку години ќе станат стандарден дел од платформата. „Очекуваме дека овие ВИ, со тек на време, ќе постојат на нашите платформи, исто како што постојат и другите профили. Ќе имаат био, ќе имаат профилна слика и ќе можат да генерираат и споделуваат содржини на нашата платформа со помош на ...
Руските Нова Газета и Медузе признаваат дека Кремљ не мора да се плаши од антивоени. Со други зборови, Путин има поддршка да оди во војна додека сака. Еве го аргументот што го користат: во ноември, рејтингот на Владимир Путин се приближи до највисокото ниво на сите времиња, достигнувајќи 87 проценти. Тој беше повисок само во 2008 и 2014 година: 88 и 89 отсто, но на крајот на 2021 година, рејтингот му беше блиску до најниското ниво на сите ...
Еван Дејвис и Дејвид Шулт во текстот за Хил пишуваат дека ваквото нивно тврдење се базира на пасусот 3 од 14-от амандман на американскиот устав, според кој никој што претходно дал заклетва дека ќе го чува американскиот Устав, а потоа поттикнал бунт против истиот, нема да може да држи јавна функција. Тие објаснуваат дека ова се однесува на побуна против Уставот на САД, а не на владата. Како докази за тоа тие ги наведуваат второто судење за ...
Департментот наведува дека напливот на бездомници е резултат на недостатокот на достапни станови, порастот на мигрантите и природните катастрофи. Првиот проблем е најголем. После децении недоволно градење, побарувачката за домови значително ја надмина понудата, што ги доведе цените на куќите на рекордно високо ниво. Кредитирањето исто така остана упорно високо, иако Федералните резерви три пати во годината ги намалија каматните стапки. ...
Математиката е дека само Индијките поседуваат околу 24.000 тони злато. За споредба, тоа е три пати повеќе од САД, чии златни резерви се на некои си 8.000 тони. Во мерењето на САД не би му помогнале, дури и да ги спои своите златни резерви со Германија (3.300 тони), Италија (2.450 тони), Франција (2.400 тони) и Русија (1.900 тони). Регионално, најголемиот дел е кај Индијките од јужните краишта на Индија кои чуваат 40% од целото злато, а број еден ...
Ренсомвер (ransomware) e форма на малициозен софтвер кој сајбер-криминалците го користат за заклучување датотеки на нечиј компјутер и потоа бараат парична исплата или откуп за да ги отклучат. Со текот на годините има формирано индустрија од милијарди долари која денес претставува глобално распространета закана за сајбер безбедноста. На 12 декември официјално наполни 35 години. Податоците на компанијата Chainalysis, американска фирма ...
Европската комисија им даде на Берлин и Анкара до пролетва да се спогодат околу тоа кој ќе биде врховниот авторитет што ќе одлучува што го прави донерот да биде донер. Она до каде двете страни се разбрани е дека се работи за јадење составено од месо набиено на шипка кое полека се пече на оган. И од тука немаат мрднато еден чекор подалеку. Анкара инсистира дека вистински донер може да биде направен само од пилешко и јагнешко месо или од крава ...
Еден од последните едиторијали на Гардијан поддржува, па дури и бара поголема цензура на интернет („регулатива“) во име на „повисоки цели“ што јасно го демонстрира степенот на политичка радикализација што им се случи на традиционалните медиумски брендови последната деценија. Тоа е истиот оној британски весник кој беше меѓу оние кои му помогнаа на Едвард Сноуден да ги запознае луѓето ширум светот со огромниот владин апарат за надзор и шпионирање. ...
Вашингтон пост пишува дека Бајден периодов на повеќемина им се доверил дека и покрај сите проблеми со кои се соочи неговата кампања, лоша дебата, слаби анкети и издишани донации, тој сепак би можел да го порази Трамп на ноемвриските избори. Дури и самото откажување, кое следуваше по огромни притисоци од самите демократи и некои од највидните членови на партијата, се случи премногу доцна и и остави на Камала само три месеци за да ја истера ...
Гебрејсус и колегите од О.Н. биле на заминување од Јемен и чекале, на само неколку метри од местото што било бомбардирано, да се качат на авион. Освен пистата, во бомбардирањето настрадале и контролната кула и чекалната за летови за заминување. Во израелското бомбардирање бил повреден еден од колегите на Гебрејсус од Обединетите нации, кој подоцна е хоспитализиран во Јордан. Израел се уште не коментира дали имал информација за присуството на ...
Белгискиот министер за здравство вели дека евтините електронски цигари се претвориле во закана за здравјето бидејќи тие се лесен начин за тинејџерите да бидат вовлечени во пушењето и да се навикнат на никотин. Со истата аргументација, со децениија оговараа марихуаната, како порта кон потешките дроги. Сега марата е ок. По таа логика, треба и млекото да се забрани, бидејќи млекото ги навикнува младите на млеко и млечни производи (сирења, ...
Респираторниот синциален вирус (РСВ) е многу заразен и чест респираторен вирус кој ги инфицира носот, грлото и белите дробови. Иако обично не предизвикува тешка болест кај здрави возрасни и деца, некои луѓе со РСВ инфекција, особено постарите возрасни и доенчиња помлади од 6 месеци, може да се разболат сериозно за да мора да се хоспитализирани. Но, клиничките студии за вакцини против РСВ за новороденчиња сега се на пауза, уште од јули. Документ ...
Сума сумарум, во ветар отишле над трилијарда американски долари. Ренд Пол мисли дека тоа не е партиски проблем: „Кој е виновен за нашиот национален долг? Сите! Годинава, членовите на двете политички партии во Конгресот гласаа за масивни сметки за трошење, субвенции за индустрии кои не даваат резултати, континуирана воена помош за Украина и контроверзни иницијативи за климата. Додека Конгресот троши за да ги награди своите омилени проекти за ...
Отоманската империја ги признаваше посебните национално-верски идентитети како Алавити, арапски православци, Друзи, Курди, Ерменци, Исмаили и шиитски Арапи. Кога Франција ја доби територијата во 1919 година, проба да ја одрази плуралноста со создавање на две посебни држави: Алавитска во северозападна Сирија и на југоисток на Друзите. Кога се откажаа да ја контролираат Сирија во 1946 година, сунитскиот Арап, Шукри ал-Куватли, стана претседател на ...
„Станува збор за координирана употреба на десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено, на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на Националната гарда. Автоматизираните копнени возила имаат доста ограничена употребна вредност и далеку се од тоа да ја заменат човечката пешадија, пишува Дејвид Акс за Форбс. Тоа што бригада на националната гарда морала да го замени целиот персонал, доволно говори колку малку луѓе ...
Бројките се запрепастувачки. За околу 2 милиони луѓе во Англија, 4% од населението, се смета дека имаат АДХД, проценува тинк-тенкот Натфилфд Траст. Симптомите често се преклопуваат со оние на аутизам, дислексија и други состојби за кои, како АДХД, се смета дека се последица од тоа како се развива мозокот. 10-15% од децата имаат модели на внимание и обработка на информации кои припаѓаат на овие категории. Во моментов, АДХД се третира како нешто ...
Непотврдената бројка што ја споменуваат западните медиуми е дека на Русија и се имаат приклучено 10.000 севернокорејски војници, и главно се распоредени во границите на Русија како дел од руската контраофанзива за враќање на Курск. Процената на американски функционери е дека Ким Џонг Ун нема ништо добиено за помошта што ја испратил на Москва, ама се надева дека во иднина Русија ќе врати на услугата со помош во дипломатските битки на Северна ...
Илон Маск: Богатство: 439 милијарди долари (+188,1 милијарда) Tesla, SpaceX, Икс и ВИ стартапот xAI. Марк Закерберг: Богатство: 214,4 милијарди долари (+91,8 милијарди) Благодарејќи на 67% пораст на акциите на Мета. Лари Елисон: Богатство: 218,3 милијарди долари (+84,5 милијарди) Елисон од Оракл е вториот најбогат човек на светот. Јенсен Хуанг: Богатство: 117,2 милијарди долари (+74,3 милијарди) Во Топ 10 најбогати го лансираа Нвидиа и ВИ ...
По подолг период на растечки трошоци и намалена побарувачка, компанијата, со 1.500 вработени, поднела барање за банкрот. Драмата не е само за 1.500 лица, туку што истата опасност ги демне илјадниците мали европски производители кои опстојуваат во синџирот на снабдување на големите авто-производители во Европа. Пример, француската Форвиа СЕ, која работи за Стелантис и Фолксваген, почна да крати работни места бидејќи транзицијата кон електрични ...
Се работи за пар на 26 и 24 годишна возраст, кој според докторите биле многу здрави и редовно имале секс, но и покрај тоа четири години сопругата не можела да затрудни. Работата почнала да се разјаснува кога сопругата се пожалила дека секој пат кога имаат секс тоа обично е болно искуство за нејзе. Врз основа на овие симптоми, прво нешто на што се посомневаат докторите е дека таа има некакво гинеколошко заболување. Кога тргнале да тестираат за ...
Научниците од Универзитетот Калтек, објавија труд со наслов „Неподносливата бавност на постоењето: Зошто живееме со само 10 бита во секунда?“ кој се занимава со невроните во мозокот и нивната скромна брзина на обработка на информациите. Мозокот, пресметале тие, има способност да обработува податоци со споменатата брзина, додека во исто време, сензорните системи на телото собираат податоци „тешки“ преку милијарда битови во секунда. Како може ...
Kомпанијата за менаџмент консалтинг МекКинзи (McKinsey & Company) се согласи да плати 650 милиони долари за да се ослободи од федералната истрага за нејзината помош за драматично бустање на продажбата на ужасниот лек ОксиКонтин на производителот Пердју Фарма (Purdue Pharma). Како дел од договорот со американското Министерство за правда, Мекинзи ќе избегне кривично гонење доколку ја плати сумата и почитува одредени услови пет години. ...
Kомпанијата за менаџмнт консалтинг МекКинзи (McKinsey & Company) се согласи да плати 650 милиони долари за да се ослободи од федералната истрага за нејзината помош за драматично бустање на продажбата на ужасниот лек ОксиКонтин, на производителот Пердју Фарма (Purdue Pharma). Како дел од договорот со американското Министерство за правда, Мекинзи ќе избегне кривично гонење доколку ја плати сумата и почитува одредени услови пет години. ...
На 19 декември 2024 година, Хјуман рајтс воч објави извештај од 179 страници во кој детално се опишува израелскиот геноцид во Газа. На 5 декември 2024 година, Амнести интернешенел објави извештај од 296 страници во кој детално се опишува израелскиот геноцид во Газа. На 21 ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, за ...
Симптомите вклучуваат замор, проблеми со концентрацијата, болки во мускулите и зглобовите, отежнато дишење, главоболки, нарушувања на спиењето и когнитивни нарушувања. Оваа состојба може да ги погоди луѓето од сите возрасни групи (најчесто оние од 30 до 49 години), без оглед на тежината на почетната инфекција а се проценува дека ја развиваат 5-10% од заразените. Само во САД, околу 5,8 милиони деца се болни со долгорочен ковид а глобалната ...
Катар се закани дека ќе ја прекине испораката на гас до Унијата, доколку земјите членки почнат стриктно да ги спроведуваат законите за казнување на компаниите што не ги исполнуваат ЕУ критериумите за издувни гасови, човекови и трудови права. Спорно за Катарците е што овие закони го опфаќаат и извозникот на гас, Катаренерџи, кој според казните што ги предвидува ЕУ за неспроведување на правилата треба да плати најмалку 5% од годишните глобални ...
Извештајот „Дигитален затвор“: Надзор и сузбивање на граѓанското општество во Србија“, документира дека се користат услугите на израелската компанија Cellebrite за извлекување податоци од мобилни уреди кои им припаѓаат на новинари и активисти а српската Безбедносно-информативната агенција (БИА) го користела Андроид шпионскиот софтвер, NoviSpy, за тајно да инфицираат уреди на поединци за време на периодите на притвор или полициски интервјуа. ...
Се работи за експериментален процес кој го започна и треба дополнително да го разработи саудискиот стартап Литиум инфинити, во соработка Арамко. По успешните тестови сега се работи на изградба на инфраструктура на саудиските нафтени полиња за преземање на солената вода и нејзина преработка. Литиумот моментално е еден од највредните метали на светските берзи заради неговата употреба во батерии за сè што е на полнење од рачен часовник до ...
Според Руте, критиката за Шолц што доаѓа од Зеленски „не е фер.“ „Често пати му имам кажано на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека не е фер,“ изјавил Руте за германската новинска агенција ДПА. И покрај тоа што Германија е еден од најголемите сојузници на Украина и по финансиска и по воена помош, фрустрацијата на Киев и Зеленски е околу германското двоумење за испраќање на Таурус ракети со голем домет во ...