Според Руте, критиката за Шолц што доаѓа од Зеленски „не е фер.“ „Често пати му имам кажано на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека не е фер,“ изјавил Руте за германската новинска агенција ДПА. И покрај тоа што Германија е еден од најголемите сојузници на Украина и по финансиска и по воена помош, фрустрацијата на Киев и Зеленски е околу германското двоумење за испраќање на Таурус ракети со голем домет во ...

Поддршката на Илон Маск за германската партија Алтернатива за Германија (АфД) предизвика политичко цунами, особено меѓу европските и германските политички фигури загрижени за „странско мешање“ во претстојните избори во Германија. Маск, извршниот директор на X, ја изрази својата поддршка за некои од политиките на АфД по смртоносниот терористички напад во Германија. Кога „страшилото“ ќе проговори, ништо страшно Неговите коментари предизвикаа ...

Трамп е гневен затоа што Панама почнала да им наплаќа на американските бродови (како и на другите) претеран надомест за користење на каналот, плус му пречи што изгледа дека Кинезите ќе имаат се поголемо влијание на преминот. За време на говор пред неговите симпатизери во Аризона, Трамп порачува дека тој нема да дозволи каналот да падне во погрешни раце (Кина), потсетувајќи дека своевремено каналот е предаден на Панама и панамскиот народ, ...

* Романците „погрешно“ гласале, ќе мора сè одново Според сознанијата на истражувачкиот романски сајт Снуп, кампањата била организирана од маркетинг фирма наречена Кенсингтон комуникации, ангажирана од владејачката ПНЛ, која ѝ платила на Кенсингтон околу 210.000 долари. Кенсингтон потоа користеле платформа наречена FameUp за да координираат 130 инфлуенсери со специфични скрипти и упатства за пораки. „Ова ги става декласифицираните разузнавачки ...

Студија спроведена од Кинеската академија за кинеска медицина, користи огромна база на податоци за населението во САД, за попрецизно да ја утврди врската меѓу мускулната маса и депресијата. Таа го користи периодот од 2011 до 2014 и од испитувањето ги исклучува сите под 18 години или со бременост. Нивото на депресија се утврдува преку стандарден прашалник и се оценува на скала од 0 до 27, каде повисоката оценка означува полоша состојба. Лицата со ...

Зборувајќи на самитот на Фајненшл тајмс во Монако, Џонатан Руперт, признава дека стравот му е во два дела: прво, работниците да ги изгубат своите работни места заради роботи, а потоа сиромашните да се кренат на бунт против богатите. Руперт на присутните им порачал да имаат на ум дека кога сиромашните ќе се кренат, средната класа од страв нема да сака да купува луксузни производи за да не си ги покажува парите. „Како општеството ќе се справи со ...

До средината на декември ЕУ има увезено рекордни 16,5 милиони тони руски течен гас. Минатата година увозот успеаа да го симнат на 15,18 милиони тони, што беше намалување во однос на 15,21 милиони тони во 2022. Од ова се изненадени и самите европски аналитичари кои очекувале постепено намалување на увозот, а ни најмалку негов раст. Нивните очекувања се во склад и со официјалната агенда на ЕУ до 2027 целосно да се запре увозот на руски фосилни ...

Постојат луѓе и политички опции за кои медиумите сакаат да пишуваат, но ретко ќе им дадат можност самите да ги објаснат сопствените политики и позиции. Политичката партија АфД (Алтернатива за Германија) со години е претставувана од медиумите ширум светот како екстремна, крајно десничарска опција од која секој нормален човек треба да бега. Во ретко медиумско изразување на добра волја, Блумберг ѝ даде 15-тина минути можност на лидерката на АфД, ...

Меѓу претходните победници беа Колумбија (за ставање крај на граѓанска војна), Украина (за отпорот на руската инвазија) и Малави (за демократизација). Лани титулата ѝ ја доделија на Грција за извлекување од долгата финансиска криза и реизбор на - според нивна политичка проценка - разумна центристичка влада. Во потесниот избор оваа година - исто така силно политички обележан - биле пет држави. На пример Полска, затоа што ЕУ-френдли владата на ...

Скот ја објави сумата во блог пост, во кој пишува и дека го сменила и начинот на кој ги инвестира парите и по ново од своите соработници бара средствата да се инвестираат во компании чија мисија е порамнета со нејзината. Таа инсистира на инвестирање во „компании фокусирани на решенија за профит“ за предизвиците кои ги опишува, наспроти инвестирање во портфолио кое го зголемува богатството и влијанието на луѓе кои веќе го имаат тоа. Дури и по 5 ...

„Оданочувањето на загадувањето на воздухот има за цел да го промени однесувањето“, вика Јепе Брус, министер за „зелена транзиција“ во данската влада. Њујорк тајмс наведува дека емисиите на јаглерод диоксид од добитокот „стануваат“ најголемиот дел од уделот на Данска во климатското загадување, што е само поубав начин да се каже дека сега тие НЕ се најголемиот дел. Зошто тогаш фокусот е на оданочување на сопствениците на добиток? Според Пол ...

Бидејќи луѓето зад оваа завера навистина веруваат во тоа што го зборуваат, дел од најпопуларните рамноземјаши на Јутјуб се спакуваа и отидоа на Антартик. Освен што дремеа таму имаа и стриминг од бдеењето, кој покажа дека Сонцето на Антарктикот во овој дел од годината навистина грее по 24 часови. По завршувањето на експериментот еден од рамноземјашите, Јеран Кампанела, пред камера изјавува „стварно верував дека нема 24 часа сонце.“ Сепак ...

Иако еден од неговите најголеми глобални хитови му беше „Sailing“, на Род Стјуарт во душа му е сосема поинаков транспорт. Со години е пасиониран вљубеник во модели на железници и има изградено колекција од светска класа која планира да ја премести од неговиот дом во Лос Анџелес во неговиот селски имот во Англија. Неговиот импресивен железнички сетап кој се вика „Grand Street and Three Rivers Railroad“ зафаќа површина од 156 квадратни метри! Во ...

Документарецот за израелскиот премиер, кој месецов прв пат се појави пред суд, беше забранет за прикажување во Израел од неговото објавување. Филмот е забранет по основа на закони за приватност поврзани со полициски истраги. Израелските медиуми генерално имаат позитивна критика за документарецот, забележувајќи дека Нетанјаху е прикажан во лошо светло. Продуцент на филмот е Алекс Гибниј, а режисер е Алексис Блум, и двајцата наградувани за своите ...

На повеќе од 140 модератори на содржини на Фејсбук им е дијагностицирано тешко посттрауматско стресно нарушување предизвикано од изложеност на брутални содржини на социјалните мрежи, вклучувајќи убиства, самоубиства, сексуална злоупотреба на деца и тероризам. Модераторите работеле од осум до 10 часа дена во објект во Кенија за компанија најмена од Мета и било установено дека страдаат од пострауматско стрес пореметување, генерализирано анксиозно ...

Непочитувањето на законот, односно носење каква било прекривка преку лицето, ќе биде казнето со административна казна од максимум 1.000 швајцарски франци. Забраната нема да важи во авиони и во просториите на дипломатски или конзуларни претставништва. Лицето ќе може да биде прекриено и во религиозни објекти, а ќе биде дозволено и за здравствени и безбедносни причини, или во случај на временски непогоди. Дополнителен исклучок се и уметнички или ...

Се работи за мерка донесена во пикот на пандемијата чија намера, меѓу другото, беше да ги охрабри производителите на вакцини да го забрзаат истражувањето и развојот на вакцини против ковид, без да стравуваат од правни последици. Истиот закон, ги заштитува и здравствените работници и болниците што ги даваат вакцините да не бидат тужени. Изминативе години до американските власти имаат стигнато над 13.000 тврдења за проблеми предизвикани од ...

Акција на Газпром чини 105,75 рубљи, што е најниската цена од 2009. За споредба, пред руската инвазија на Украина, акцијата вредеше околу 300 рубљи. На последниот пад претходеше одлуката на Киев дека нема да го продолжи договорот со Русија за транзит на руски гас до Европа преку Украина, по завршувањето на истиот на 1 јануари 2025. Неколку денови претходно и австриски ОМВ објави дека ја завршува соработката со Газпром. ОМВ беше еден од ...

Критиката е дека овие бункери создаваат погрешна претстава дека нуклеарна војна може да се преживее и дека луѓето се залажуваат наместо да се фокусираат на опасноста од нуклеарна војна. На сличен став се и американските државни органи, според кои овие бункери не се неопходни, а нивната официјална препорака е во случај на нуклеарна детонација да се остане на затворено, идеално во подрум или која и да е просторија оддалечена од надворешен ѕид и ...

Разговорите се уште биле во рана фаза и нема гаранции дека нешто ќе биде договорено, а се инспирирани од идентичната паника што ги зафати сите светски производители на автомобили, откако кинеските електрични автомобили успеаа да го преплават пазарот со поевтини модели. Првото подавање рака на двата некогашни ривали, било во март годинава кога двете компании „разгледувале различни можности за идна соработка.“ Двете компании не ја коментираат ...

„Денешна Германија е најдобрата Германија што светот ја видел“. Така се исповозбуди колумнистот на Вашингтон пост, Џорџ Ф. Вил, пред само пет долги години. Тешко е да се замисли некој - Германец или не- да ги напише тие зборови денес. Канцеларот Олаф Шолц беше понижен на гласањето за доверба и сега Германија се движи кон предвремени избори во февруари. Економијата едвај да е порасната од 2018 година и се деиндустријализира со алармантна брзина. ...

Самото видео по себе беше пишурија, посебно што новинарката Клариса Вард, го нарече еден од најисклучителните моменти на кои сведочела во нејзиното 20-годишно известување. Подоцна се утврди дека чедниот затвореник всушност бил Салама Мохамад Салама - поручник во разузнавањето на сириските воздухопловни сили со долга историја на наводни воени злосторства. „Подоцна го истражувавме неговото потекло и свесни сме дека можеби ни дал лажен идентитет“, ...

Две американски семејства го тужат Character.ai по основа дека чатботот „преставува јасна и присутна опасност“ за младите луѓе, вклучително и со „активно промовирање на насилство“. Во тужбата како обвинет е наведен Гугл, по основа дека помогнал во развивање на платформата. Во основа од судот се бара затворање на платформата се додека на неа не се корегираат опасностите. До разговорот со чатботот е стигнато откако 17-годишното дете, претходно ...

Севкупно на ниво на сервис се проценува дека годишно Тикток загадува повеќе отколку цела Грција. Во мерењето спроведено од Гринли, социјалната мрежа произвела повеќе јаглерод двооксид отколку нејзините конкуренти како Икс и Снапчат. Загадувањето од Тикток, со нивните 1 милијарда корисници, било за нијанса поголемо отколку она на Инстаграм кој има речиси два пати повеќе корисници. Дел од објаснувањето за ова е и заразноста на платформата па ...

По години константен раст на просечниот БМИ во САД, во „2023 нешто се менува“ и нивото на дебелост паѓа на 43,96% од 44,1 во 2022. Истражувачите објаснуваат дека иако е мал, сепак е значителен пад, а најголемата разлика се случува на југот од земјата, каде е издаден и најголем број рецепти за лекови како Оземпик. Студијата, која освен Оземпик ги опфаќа и другите лекови од овој тип како Вегови, Мунџаро и Зепбауд, смета дека тие најверојатно ...

* упатство: Термините ќе ги наведуваме на англиски, за да можете веднаш на Порнхаб со копи/пејст да видите за што се работи. „Lesbian“ заостанува зад „MILF“, кој е вториот најпребаруван термин и „pinay“(Филипинки) на третото место. На самиот врв на Порнхаб се искачи еден - невообичаен за овие простори - фетиш. Hentai! Тоа е овогодишниот шампион, термин кој спаѓа во јапонското порно manga и anime а колоквијално се преведува како „перверзен“ или ...

Израелски воени авиони доцна синоќа извршија жестоки напади врз воени позиции во сириските провинции Латакија и Тартус. Нападите биле насочени кон голем број локации, вклучително и единици за противвоздушна одбрана и складишта за ракети земја-земја. Сириската опсерваторија за човекови права оцени дека синоќешниот напад на Тартус претставува „најтешкиот удар“ во областа во повеќе од една деценија, поточно од 2012 година. Доцна синоќа регистриран ...

26 годишниот Сучир Балаџи бил пронајден мртов во неговиот стан, соопшти полицијата во Сан Франциско која претходно добила повик да се отиде и да се провери човекот дали е добар. Првите сознанија се дека немало знаци на насилна смрт. Балаџи е поранешен вработен во ОпенАИ во Сан Франциско кој работел на собирање и организирање на огромни количини на интернет податоци што се користат за обука на ЧетГПТ ботот на овој стартап. Смртта на Балаџи се ...

23 годишниот Фархан ал Кули, регрут на сириската војска, бил на пункт во близина на градот Идлиб, контролиран од бунтовниците. Таа позиција требало да има 9 војници, но имало само тројца од кои едниот претпоставените го сметале за ментално неспособен па не му давале оружје. На 27 ноември, претпоставениот на Фархан, на друг крај на фронтот, им рекол дека бунтовниците одат кон нив и наредил позицијата да се брани по секоја цена. Фурхан го фрлил ...

Лекари и медицински професионалци потпишуваат петиција со која се повикува на итно суспендирање на сите мРНК вакцини за ковид, предупредувајќи на алармантен пораст на инвалидитети и вишок смртни случаи. Онлајн петицијата, позната како HOPE Accord, ја алармира меѓународната јавност и сите институции на кои им беше дадено медицинско овластување за итна употреба на ваквите вакцини, наведувајќи дека „сè поголем број докази сугерираат дека тие ...

weather icon

Скопје

41ᴼ / 41ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
55%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
8.23
31%
1011
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
4.03
20%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
44%
1019
weather icon

Атина

39ᴼ / 36ᴼ
4.92
25%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
52%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.6
30%
1013
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
3.09
30%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
8.23
43%
1017
weather icon

Истанбул

34ᴼ / 33ᴼ
8.75
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69