Артилериските гранати што и требаат на Украина по цена не се ни приближно до високо технолошките системи и опрема (пример Абрамс и Патриот) што Западот и посебно САД и ги испрати на земјата. Меѓутоа на денешен ден проблем е нивното производство, кое западните држави со децении го запоставуваат за сметка на помодерните и поскапи оружја. Моменталниот производствен капацитет на САД, најголемиот воено-индустриски комплекс во светот, е околу 28.000 ...

Дел од нападнатите електрани не само што нема да можат да бидат вратени во погон до зимава, туку најверојатно ќе треба неколку години за тие одново да се изградат или санираат. Украинските власти објаснуваат дека иако не станува збор за масовни напади, штетата што сега ја им предизвикано Москва е полоша отколку таа во зимата 2022-23, и дека главна цел на нападите е да се направи перманентна, непоправлива штета. Русија од 22 до 29 март таргетира ...

На двајца палестински затвореници од Појасот Газа неодамна им биле ампутирани нозете поради повреди здобиени од манжетните на нозете за време на притворот, тврди израелскиот лекар. Тој работи во теренската болница во логорот Сде Теиман во пустината Негев и обелоденува дека палестинските затвореници се соочуваат со грозни услови и нечовечки третман. „Само оваа недела, на двајца затвореници им беа ампутирани нозете поради повреди од оковите, што ...

Властите во Руската Република Чеченија објавија забрана за музика која ја сметаат за пребрза или пребавна. Министерот за култура Муса Дадаев ја објави одлуката за ограничување на сите музички, вокални и кореографски композиции кои во иднина мора да се движат во темпо од 80 до 116 отчукувања во минута (BPM - beats per minute). Дадаев рече дека одлуката за темпо меѓу 80 и 116 е договорена со шефот на републиката, Рамзан Ахматович Кадиров. ...

По цена од десетици илјади загинати Украинци, Зеленски уште е на ставот дека за Украина не е прифатливо ништо друго освен враќање на целата нејзина територија, вклучително и Крим од 2014. Исто и Русите, со исто или повеќе жртви, не само што порачуваат дека немаат намера да отстапат педа освоена територија, туку и напредуваат на фронтот. Украинскиот пркос налага дека нема да има никакви преговори се додека има руски војници на украинска ...

Своевремено таа има амбиции да стане психијатар, меѓутоа никогаш не може да заврши школо или да почне друга кариера заради сопствените ментални болести. Бидејќи и е смачено вака да продолжи да живее таа посакува да си го одземе животот. Зораја тер Бик се решава на овој чекор откако нејзиниот психијатар и кажал дека пробале се што можат за да го и подобрат менталното здравје. „Повеќе нема што да направиме за тебе. Ова никогаш нема да тргне на ...

На почетокот од студијата во која учествуваат 2.700 деца секое десетто дете во одреден степен не било задоволно од полот во кое е роден0. 15 години подоцна, секое 25-то дете „често“ или „понекогаш“ е незадоволно од својот пол. „Резултатите на оваа студија може да им помогнат на адолесцентите да сфатат дека е нормално да имаш одреден сомнеж околу својот идентитет и својот пол за време на оваа возраст и дека тоа е релативно често,“ објаснуваат ...

Истата анализа, спроведена од британски Оксфам, покажала дека платите на ЦЕО-та посебно почнале да растат по крајот на пандемијата и во периодот од 2018 до 2022 се зголемиле за 31%. „Правилата се местат и компаниите помагаат во местењето,“ објаснува Ирит Тамир од Оксфам, според кого оданочувањето на компаниите е намалено заради силното присуство на корпоративно лобирање. Изминатава година во име на намалување на трошоците беа отпуштени десетици ...

Експлоатирани кинески работници, ангажирани во Италија од неовластен подизведувач, ги правеле чантите и скапите модни додатоци за престижната империја Џорџо Армани. Италијанската полиција обелоденила серија злоупотреби во синџирот на снабдувањето и производството кои куќата не ги следела соодветно. Модната куќа негира дека сторила нешто лошо и тврди дека ги преземала сите мерки за контрола и превенција за да се минимизираат злоупотребите во ...

Животите и бизнисите во Европската унија се испреплетени со активностите на дури 821 криминална групација кои се бават со секакви илегални бизниси, ги маскираат со легални компании а веќе се влезени во поткупување обвинители и судии, обелоденува агенцијата за криминал на ЕУ. Станува збор за огромна, шарена и мултинационална армија во која Еуропол идентификувале 25.000 поединци од 112 националности. 86% од групите се вклучени во легалниот пазар ...

Кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија стана проблематична по обвинувањата за фаворизирање при изборот на нејзин сопартиец за профитабилна функција. Некои од највисоко рангираните луѓе во Брисел, вклучително и главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел и францускиот комесар Тиери Бретон ѝ пишаа на Фон дер Лајен дека назначувањето на германскиот европратеник Маркус Пипер за нејзин специјален ...

Моментално иако Украина своите проблеми ги сведува на потреба од повеќе и поново оружје, кое треба да биде пратено, јасно е дека „она што го присилува Киев да се повлекува чекор по чекор не е недостаток на огнена моќ, туку недостаток на војници.“ И по симнувањето на долната граница за регрутирање од 27 на 25 години, наспроти глобалната норма од 18 години, вкупниот број на вооружени сили на Украина брои помалку од 800.000 луѓе. Се работи за ...

„Попустот на цените е хероинот на денешниот маркетинг.“ Лес Бинет Зошто е тоа така? Од едноставна причина: кога ќе исфрлите попуст, добивате одреден бустер кој количински ќе ја зголеми продажбата. Меѓутоа, откако акцијата ќе заврши, ве чека долг и болен пад во реалноста во кој мора да пронајдете начин како долгорочно да го одржувате брендот и профитабилноста. Што обично се прави во таков случај? Во потрага по нов „бустер“, повторно се прибегнува ...

Уште првиот ден кога Азов се предаде и излезе од скривниците на Азовстал, Русија вети дека разрушениот Мариупол одново ќе го изгради поубав од кога било. Од тогаш во градот се гради без престан. Напредокот на градежната офанзива во Мариупол е еден од столбовите на руската пропаганда како пример за тоа дека сè што е разурнато во Украина во војната ќе биде одново издигнато. Изградбата на Мариупол решиле да ја прочешлаат германски новинари ...

Системот е развиен веднаш по нападот од 7 октомври, кога на израелските власти им е поважна брзина отколку прецизност, што резултира со илјадници загинати цивили во Газа. Израелските власти за сега не го негираат постоењето на Лавандер системот, но тврдат дека тој не бил искористен, опишувајќи го само како „обична алатка за анализа во процесот за идентификување на мети,“ и дека на крај аналитичари прават детална проверка пред изборот на мети за ...

Дури 80% од емисиите на јаглерод диоксид во светот во периодот од 2016 до 2022 година се резултат на само 57 корпоративни и државни производители на фосилни горива и цемент, објави тинк-тенкот InfluenceMap во својот нови извештај. Според истражувачите, саудискиот нафтен гигант „Арамко“, рускиот гасен гигант „Газпром“ и државниот производител „Коал Индија“ се топ три компании кои емитуваат јаглерод диоксид. Минатиот месец, најновиот извештај за ...

Амазон постепено ги укинува своите гранапи без наплата кои функционираа по принципот „Само излези“. Тој концепт се потпираше на камери и сензори за следење со што луѓето ја напуштаат продавницата. Нешто повеќе од половина од продавниците на Амазон Фреш без опремени за „Само излези“. Технологијата им овозможува на клиентите целосно да ја прескокнат наплатата со едно скенирање на QR-код кога ќе влезат во продавницата. Иако изгледаше целосно ...

Како што објаснува експертката за економско војување од Кингс колеџот во Лондон, Ксениа Киркам, Европа „си пукаше во нога“ со својата стратегија за санкции и ја натера Русија да „избега од западните механизми на контрола“. На сличен став е и професорот по меѓународни работи од американскиот Хамилтон колеџ, Алан Кафруни, според кого отсекувањето на руските нафта и гас само им наштети на интересите на Европа и ги наполни џебовите на американските ...

На почетокот од годинава германското министерство за екологија побара построги ограничувања за увоз на трофеи од уловени животни. На ова претседателот на Боцвана, Мокгветски Масиси, порача дека ваквата одлука само ги осиромашува луѓето на неговата земја. Претседателот објаснува дека Боцвана сега има проблем со експлозија на бројот на слонови како резултат на крајно успешните напори за нивна заштита, а ловот помага тие да се држат на број. ...

Кампањата е дело на групата Вижн зиро Ванкувер, која се бори за инфраструктурни надградби со цел намалување на бројот на загинати и повредни во сообраќајот на нула. Како дел од кампањата групата на неколку пешачки премини низ градот поставува корпи со гумени цигли, над кои стои натписот „Биди виден, земи цигла.“ „Целта е исмевање на идејата дека треба да е обврска на пешакот да моли за безбедно минување преку улица. Можеме и подобро од тоа. ...

Русија ги напаѓа украинските линии со артилерија, ракети и дронови со пет пати поголем обем отколку што Украина може да врати, а украинските сили се истоштени од интензитет на бомбардирања кој не е забележан ни во некои од најжестоките битки во Првата и Втората светска војна. „Западот даде крпен одговор на можноста за руско пробивање во рок од неколку недели. Артилериските залихи, дури и за нивниот сопствен арсенал во држави како Британија, ...

Отфрлајќи ги обвинувањата што од републиканците што од јавноста, Бајден се правда дека од 2009, 31 март е Денот на трансродовата видливост, но годинава се погодило на тој ден да се падне и католички Велигден. Првиот човек на Претставничкиот дом на Конгресот, републиканецот Мајк Џонсон, подоцна на Твитер го препраша Бајден дали е сигурен, објавувајќи скриншот од страната на Белата куќа во кој пишува дека го прогласува 31 март 2024 за Ден на ...

Ова ќе биде најголема продажба на оружје од САД на Израел од почетокот на војната со Хамас на 7 октомври. Во пакетот освен авиони ќе има и прецизни наведувани проектили, мотори за авиони, радари и навигациски системи, и вооружување за авионите, кои најверојатно први ќе стигнат во Израел. Испораката на Ф-15 се очекува да биде одложена на подолго време бидејќи Израел плаќа за нови авиони кои допрва треба да бидат произведени во фабрика. Процената ...

Од почетокот на деценијава економијата на ЕУ пораснала за само 4%, споредено со 8-те на САД, а од крајот на 2022, ни ЕУ, ни Британија нема раст. „Како тоа да не беше доволно па ЕУ сега се соочува со напливот на евтин увоз од Кина, кој иако е од корист на потрошувачите, може да им наштети на производителите и да ги зголеми општествените и индустриски разлики. А во рок од една година Доналд Трамп би можел да се врати во Белата куќа, и повторно да ...

Гугл се согласи да уништи милијарди записи за да ја реши тужбата која го товареше дека тајно ја следи употребата на интернет на луѓето кои мислеле дека прелистуваат приватно во инкогнито режимот на прелистувачот Хром. Тужителите тврдеа и очигледно ќе докажеа дека аналитиката, колачињата и апликациите на Гугл ѝ овозможуваат на Алфабет сепак да ги следи луѓето кои го подесиле својот Хром во „инкогнито“ режим. Тоа се непроценливи податоци од кои ...

„Неспоредливо, најтрајната слика од модерен главен НАТО борбен тенк во руско-украинската војна е видео од запрено возило удрено од евтини дронови, пред да биде запалено и да согори во крнтија од 6 милиони долари,“ пишува Стефан Коршак во текстот за Киев пост. Коршак раскажува едно неодамнешно видео од уништен Абрамс, кое почнува со детонација во задниот дел од куполата, веројатно предизвикана од руски дрон, по што војниците го напуштаат тенкот, ...

Нешто слично како што беше со 152-милиметарските артилериски гранати, кои Русија ги врати од заборав и предизвика глобална потрага по нив и празнење на воените резерви, така сега крајно успешно ја крева актуелноста на крилестите бомби. Се работи за оружје од советско време, кое сега е модифицирано со нови крила (перки) и сателитска навигација, речиси е незапирливо а во исто време крајно разорно (британски Тајмс пишува за кратер во Лиман направен ...

Мисијата ќе биде да се открие „невидлива“ материја која тајно го придвижува нашиот Универзум. Теоријата е дека постојат 17 различни групи на честички, а ЦЕРН во 2012 со помош на Големиот Хадрон Колајдер успеа да го потврди постоењето на една. Тоа што сега ги интересира научниците е да ја откријат темната материја. За ова научниците од ЦЕРН веќе почнаа со загревање на колајдерот за да биде подготвен за тестот на 8 април, кога во него ќе треба да ...

Се работи за истражувачки прилог на CBC/ Радио Канада. Девојчето е актерка со скриена камера, а понатамошната процедура е бизарно вистинита. Младата Саша рекла дека има пореметување со исхраната што ја убедило дека е транс откако на интернет видела транс инфлуенсер кој сфатил дека го има тој проблем затоа што е транс па решението било да се промени полот. После само пет минути од првото гледање, клиничкиот педијатар ја прашува дали размислувала ...

Компјутерот, по име Старгејт, треба да биде изграден во САД и е клучен за планот во пет фази за поставување на серија од суперкомпјутери што двете компании планираат да ја создадат. Старгејт ќе биде 5-та фаза и на него би можело да почне да се работи веќе во 2028. Информејшн, кој ја пренесува веста, пишува дека супер-компјутерот ќе биде 100 пати поскап од најголемите дата-центри кои моментално функционираат. Старгејт ќе има досега непоимлив ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
93%
1023
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
1.03
91%
1023
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
77%
1017
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
8.06
88%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
94%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
86%
1019
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
87%
1017
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
86%
1014
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
7.72
67%
1020
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
7.2
76%
1017
Currency

61.525

Currency

59.8973

Currency

74.2061

Currency

37.2313

Currency

41.6062

Currency

65.7379

Currency

8.20123

Currency

0.54167

Currency

0.38099

Currency

0.52595

Currency

1.69277

Currency

0.69713

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

476 $

Никел

482588 $

Рутениум

14887 $

Калај

28 $

Сребро

951 $

Злато

84819 $

Бакар

8 $

Паладиум

2926 $

Платина

30016 $

Цинк

94096 $