Прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска попладне, откако договорот ќе го потпише израелската влада. Хамас веќе го прифати договорот, иако сè уште ги чека имињата на своите припадници што треба да бидат ослободени од израелските затвори. Со потпишувањето на договорот Израел ќе треба во рок од 24 часа да ги повлече сите свои копнени трупи на дефинираната „жолта“ линија за демаркација. Кога повлекувањето ќе заврши, почнува рок од 72 часа во кој ...
Израел и официјално соопшти дека договорот за прекин на огнот во Газа стапи во сила. Израелските војници остануваат да вршат притисок врз Хамас сè додека групата не биде разоружана. По објавата на примирјето, десетици илјади Палестинци се упатија кон своите домови во северна Газа. Нетанјаху очекува сите заложници да бидат ослободени, во замена за околу 2.000 палестински затвореници. „Им ветив на семејствата на заложниците и на граѓаните на ...

