Центарот за современи уметности САС со нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“ . „ Вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да функциоинираме ...

Самитот на Западен Балкан против расната дискриминација е годишен настан кој ги обединува владите, граѓанските организации, независните експерти и заедниците за колективно да го решат прашањето за расната дискриминација на ромските, ашкалиите и египетските заедници во регионот. Под слоганот „Сила во различностите – општество без расна дискриминација“, целите на Самитот вклучуваат: Зајакнување на политичката волја за трансформативна акција за ...

Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО. „Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели ...

Со договорот, вкупните обврски на Унијата во годишниот буџет се утврдени на над 199,4 милијарди евра, а вкупните исплати на нешто повеќе од 155,2 милијарди евра. Дополнително, 800,5 милиони евра се наменети за реагирање на непредвидливи потреби. Обврските во буџетот на ЕУ се законски обврзувачки ветувања за трошење пари за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, додека плаќањата ги покриваат трошоците што ...

Шефот на пратеничката група на партијата Двери, Бошко Обрадовиќ, со компјутерско глувче го гаѓаше неговиот колега од владејачката СНС, Александар Мартиновиќ по вербалната расправија. Обрадовиќ бил испровоциран од настапот на Мартиновиќ, кој на комисиска седница покажал плакат со кој ја навредил актуелната градоначалничка на Нови Сад. Тепачката следела по долга жестока кавга, не само на комисијата, туку и во ходникот на Собранието . Двајцата ...

На денешносот судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише. Адвокатот на Кешишев побара појаснување за изјавата што обвинетиот ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол ...

Меѓународен тим предводен од јапонскиот истражувач Аидо Такузо од Институтот за физички и хемиски истражувања “RIKEN” објави дека успеал да развие нов вид пластика која е издржлива, но биоразградлива во морската вода и не формира микропластика, пренесува јапонскиот медиумски сервис “NHK”. Тим од научници развива материјал кој ќе ја замени конвенционалната пластика добиена од фосилни горива. Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во ...

Со концертот насловен „80 години – Љубов“, в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав МАлер. Како солист ќе настапи нашиот пијанист со блескава ...

Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред денешното рочиште изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства. – Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски“, изјавија тие. Во однос на ...

Фани Каранфилова-Пановска: Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек. Далбоко сум убедена во ...

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки. Приватните превозници ...

Руската армија регрутирала стотици јеменски платеници за учество во војната против Украина, објави синоќа „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на сведочење на некои од овие лица. Јеменците за весникот изјавиле дека им било ветено добро платено работно место па и руско државјанство. Но, откако пристигнале во Русија преку компанија поврзана со хуситското движење, тие биле принудно вклучени во составот на руските вооружени сили и испратени на првата ...

Американскиот конгресмен Мајкл Волц, кој новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи за иден советник за национална безбедност, изјави дека Трамп ќе соработува со администрацијата на Џо Бајден за да се најде решение за конфликтот во Украина. Во интервјуто дадено за Фокс њуз, Валц нагласи дека Трамп е посветен на завршување на конфликтот преку договор или прекин на огнот и ја нагласи важноста на преговорите со цел да се вклучат ...

Сирените за тревога денеска се огласија во централен и северен Израел, вклучително и во Тел Авив поради ракети лансирани од Либан од страна на милитантното движење Хезболах. Според израелската армија – ИДФ, врз Израел истрелани се околу 240 ракети. ИДФ претходно соопшти дека врз Израел лансирани се околу 150 ракети. Претставникот на спасувачката служба Маген Дејвид Адом изјави дека при нападите повредени се најмалку шест лица. Во Петач Тиква, ...

Кијив: Партнерите на Украина треба да одговорат на руската уцена со обезбедување на Киев со системи за противвоздушна одбрана, кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел како Орешник, објави шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс. Употребата на балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија е типична уцена. Путин се обидува да ги исплаши сите за да не ја поддржуваат Украина, наведе ...

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес -Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата Отворено Општество и соработувала со други правни субјекти кои ги делат ...

Од Нова година Македонија ќе биде дел од единствената област за плаќање во евра, позната како СЕПА, најавуваат од Народната банка. Македонија очекува заедно со Албанија и Црна Гора, да биде меѓу првите земји од регионот кои од Нова Година ќе приклучат на СЕПА – единствената област за плаќање во евра, која ќе озвоможи побрзи и поевтини трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Од Народната банка велат викендов на ...

Владата на Обединетото Кралство ќе ангажира нов преговарач за да ги „ресетира“ односите со Европската Унија, од која се раздружи во 2020 година. Во огласот за позицијата се наведува дека се настојува да се подобрат односите на владата во Лондон со Европската Унија и да се обноват преговори за „главните британски интереси“, при што се спомнати трговијата, безбедноста и заштитата на границите. Премиерот Кеир Стармер се посвети на надградување на ...

Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел, објави Франс прес. Покрај Тел Авив нападнати се и Ашдод, Хаифа и други градови. На прес-конференција, портпаролот на израелската Армија, Даниел Хагари, рече дека дронот со кој Хутите го извеле нападот во Тел Авив е од иранско производство од типот Самад-3. Дронот е лансиран од Јемен, рече тој. Од почетокот на ...

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче во своето обраќање пред делегатите истакна дека овој конгрес ќе биде пресвртница за СДСМ. Филипче рече дека СДСМ била фокусирана на евроинтеграциите, но не и на сервисите за граѓаните, дека биле сервилни кон коалициските партнери ...

Замислете како секој ден, пред вашите очи, да исчезнува по едно гратче од вашата држава. Да гледате како се гасат животите и исчезнуваат деца од градинките и училиштата, родилки од породилиштата, мажи и жени од улиците, од работните места, од домовите. Геноцидната војна на Путин е продолжение на крвавата мисија на Сталин, започната со Гладоморот во 1932 година Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во Собранието на Република ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%. Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на енергија и деловни простории за сопствена потреба. Рочноста е до три години грејс период и до 15 години отплата. Секоја компанија може да аплицира во било која банка, па откако ќе се одобри кредитот, Развојната банка ќе ги префрли ...

Неидентификувани беспилотни летала се забележани над три воздухопловни бази во Британија што ги користи американската војска, потврдија американските воздухопловни сили (УСАФ). Во инцидентите што се случија меѓу 20 и 22 ноември, беа забележани „мали беспилотни воздушни системи“ над британските воздухопловни бази во Сафолк и Норфолк. УСАФ, која ги користи базите, соопшти дека во оваа фаза не е јасно дали беспилотните летала биле непријателски. ...

Девет држави во светот моментално поседуваат нуклеарно оружје: Русија, САД, Кина, Франција, Обединетото Кралство, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел. Постојат сомнежи дека уште четири земји експериментираат со развој на најопасното оружје, но овие информации не се официјално потврдени. Земјите што поседуваат нуклеарно оружје може да се поделат во две категории: Овие се нуклеарно вооружени држави кои развиле нуклеарно оружје надвор од ...

Ова е војна против децата, изјави 77-годишниот шеф на надворешната политика на ЕУ пред медиумите по Советот за надворешни работи на ЕУ. Тој говореше за „апокалиптична ситуација во Газа, каде што 70 проценти од бројот на жртви се деца и жени“ и два милиони лица се присилно раселени. Борел. исто така, го напомена страдањето на израелските заложници киднапирани од Хамас и другите милитантни групи по нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година. ...

Нема „црвени линии“ кога е во прашање поддршката за Украина, изјави денеска францускиот министер и амбасадор Жан-Ноел Баро. Тој за Би-Би-Си рече дека Украина може да истрела француска ракета со долг дострел кон Русија „во рамките на логиката на самоодбрана“, но не потврди дали веќе било употребено француско оружје. Принципот е поставен… нашите пораки до (украинскиот) претседател Володимир Зеленски се добро примени“, рече тој во интервју за ...

Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација. Лариса Дир Последната сабота во ноември, Украинците и демократскиот прогресивен свет им оддаваат почит на милионите жртви на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, организиран од сталинистичкиот тоталитарен режим. Руската Федерација го продолжува злосторството на геноцид, убивајќи Украинци и ...

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус. Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на ...

Извршниот директор на германската енергетска компанија Маркус Кребер предупреди дека Европа се уште има проблеми со снабдувањето со гас и дека целосната енергетска независност од Русија бара повеќе капацитети за увоз на гас. Блумберг Европа се соочува со потенцијално нова енергетска криза, бидејќи испораките на гас брзо се намалуваат, а намалувањето на испораките од Русија го става пазарот под дополнителен притисок, велат различни организации и ...

Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата. Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса. а Уапсена е 29 годишната мајка. Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага. Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52