Седницата на Собранието на Србија е прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, при тоа активирајќи пиротехнички средства. Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата. Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“. Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа. По оваа одлука, стаса и првата реакција од Украина. Пратеникот Олександр Мережко, член на партијата на Зеленски, изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Вашингтон. – Ова што се случува е неверојатно. Дури и во најлошите ...

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи граѓаните пријавувале се повеќе кривични дела „измама“, што се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведувале во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето ...

Украинскиот парламент соопшти дека безбедноста на земјата е загарантирана со поддршката на САД и ги опиша мировните напори на претседателот Доналд Трамп како „клучни“ за ставање крај на тригодишната војна со Русија. Во синоќешното соопштение, објавено на англиски три дена по јавната расправија во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели дека поддршката на Вашингтон е „поважна од кога било за украинскиот ...

Велика Британија се огради од предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за ограничено почетно едномесечно примирје меѓу Русија и Украина, додека Киев изрази резервираност во врска со прекинот на борбите без безбедносни гаранции, пишува Фајненшел тајмс. Разликите се појавија по самитот во Лондон на кој големите европски сили настојуваа да проектираат единство и да развијат заеднички план по, како што наведе весникот, катастрофалниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон „нема уште долго да ги толерира“ изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија. На својот профил на социјалната мрежа Трут сошл, Трамп сподели вест во која Зеленски наведува дека завршувањето на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и ја нарече „најлошата изјава што Зеленски можел да ја даде“. Тоа е она што го кажав, овој ...

Секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Одговарајќи на новинарско прашање каква е нашата позиција во однос на тоа дека единствен начин да се стави мирен крај на војната во Украина се разговорите меѓу Америка и Русија, Муцунски посочи на ...

Јавниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа беше „намерна ескалација“, изјави денеска победникот на германските избори Фридрих Мерц. Тоа не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно намерна ескалација на состанокот во Овалната соба, рече Мерц на прес-конференција во Хамбург. Тој изјави дека Европа е под притисок да реагира брзо. Мерц нагласил дека ...

Процентот на луѓето во Украина кои ги сметаат САД за пријателска земја се намали и изнесува 13 отсто, покажа социолошкото истражување спроведено од истражувачката агенција Gradus Research на 1. март меѓу 1.000 испитаници. Речиси половина (46 отсто) од Украинците се уверени дека Украина ќе може да ја продолжи борбата против руската агресија и покрај намалувањето или прекинот на американската помош, но повеќе од една третина од испитаниците (36 ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот. Го ...

Зоран Иванов: Заслужено високо македонско државно признание за неговата храброст на фронтот и за неговиот дипломатски стоизицам. Да ја потврди Македонија како земја на слободоумни и слободарски граѓани. Не можеме многу со оружје и пари но, во овие украински околности, нашата претседателка може и има цивилизациска обврска да направи барем гест спрема непоколебливиот украински народ и неговиот претседател херој. Па, Претседателке, за Орбан орден ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ќе има средба со помошниците за национална безбедност на која ќе се разгледува можноста за суспендирање или откажување на воената помош за Украина, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименуван претставник на администрацијата на Трамп, пренесува Њујорк тајмс. На средбата ќе присуствуваат и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да „разгледаат и евентуално да преземат ...

Според Си-Ен-Ен, сега се во тек подготовките за домаќин на средбата меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин. Си-Ен-Ен вели дека постои „обновен оптимизам“ во Москва дека преговорите за ставање крај на војната во Украина сега ќе го заземат второто место, по „потенцијално профитабилните“ економски договори меѓу САД и Русија. Сепак, се известува дека овие дискусии сега се водат зад затворени врати, пишува Си-Ен-Ен. Според овие извори, ...

По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон ...

Директорот на американското Одделението за владина ефикасност (ДОГЕ), Илон Маск го поддржа барањето на неколку републикански сенатори – САД да се повлечат од НАТО и од Обединетите нации. Се согласувам. Време е да се напуштат НАТО и ОН, истакна Маск. Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да останат во НАТО доколку другите членки не придонесат повеќе за Алијансата. Ако ги платат сметките, ние сигурно ќе ја ...

Тоа беше викенд за историјата. Она што започна со гневно изразување на претседателот на САД, Доналд Трамп, кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, заврши со демонстрација на европска единство во Лондон и закани да ги одземат преговорите за војната меѓу Русија и Украина од рацете на САД. Helen Regan Еве пет клучни поуки од јавната конфронтација која има длабоки импликации за односите на Вашингтон со некои од неговите ...

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со интонирање на украинската химна. Демонстрантите вееја украински знамиња и транспаренти – „Војната во Украина не е завршена! Собир за Украина. Свету, разбуди се!“, „Руското заробеништво убива“, „Капут Путин“. Исто така е истакнат и неколку метри долг транспарент на кој пишува: „Кога ќе падне и последниот украински војник, ...

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Косотова острој ја осуди арогантноста и непочитувањето на жените што повторно го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна таа, синоќешното интервју на Гордана Димитриеска-Кочоска на Сител беше јасен приказ на односот што оваа партија го има кон жените во нашето општество. „Запрепастувачко, ама не и неочекувано ниво на ароганција од ДПМНЕ. Не само што одбиваат да се извинат, што би било човечки, тие одбиваат ...

Израел денеска објави дека го прекинува пристапот на секаква хуманитарна помош за палестинското население во Појасот Газа. Во соопштението не се наведени детали, но се предупредува дека ќе има „натамошни последици“ доколку радикалното палестинско движење „Хамас“ не го прифати американскиот план за продолжување на примирјето меѓу Израел и Појасот Газа, пренесоа агенцииите. „Нема прекин на огнот без ослободување на нашите заложници“, се наведува ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија, Франција и Украина се договориле да работат на планот за прекин на огнот што ќе им биде претставен на САД. Стармер, кој денеска е домаќин на самитот на европските лидери во Лондон посветен на Украина, рече дека идејата за овој план се создала по жестоката расправа меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Овалната соба. Британскиот ...

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Утврдено е дека Н.Н возел под дејство на алкохол, по што бил лишен од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин да ги поправи односите со Трамп, пренесоа повеќе светските агенции. Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација“, изјави Руте за Би-Би-Си. Ние треба да останеме заедно, САД, Украина и ...

По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Реагираа премиерите на Полска и на Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, истакнувајќи оти Украина не е сама. Туск на Икс напиша дека Зеленски и Украинците дека „не се сами“, а Санчез објави „Украино, Шпанија е со тебе“. Додека британскиот премиер Кир Стармер ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски. Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по ...

Денеска се одржува масовниот протест под називот „Студентски едикт“ во Ниш. Протестот започна утрово во 9 часот. Собирот траеше до 11 часот, а учесниците на протестот потоа тргнаа на протестна прошетка до плоштадот Крал Милан, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата. Ова го означи почетокот на официјалната протестна програма, која е предвидено да трае до три часот по полноќ. Студентите следниот голем ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја изрази својата „непоколеблива поддршка за Украина“ по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, соопшти Даунинг стрит. Интервенцијата на британскиот премиер уследи по педесетминутниот разговор во Овалната соба меѓу американскиот претседател и украинскиот челник. Двајцата се откажаа од плановите да потпишат договор за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одби да им каже на новинарите дали, како што тврдеа извори од неговата администрација, побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја напушти Белата куќа откако нивниот состанок во Овалната соба се претвори во скандалозен натпревар во надвикување и обвинувања, јавува Си-ен-ен. Не морам да ви го кажам тоа. Мислам дека го знаете одговорот, му рече тој на новинар на прашањето дали му рекол ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не мисли дека треба да му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп, по нивниот судир во Белата куќа, но истакна дека го почитува американскиот претседател. Во интервју за Фокс њуз, Зеленски, на прашањето дали мисли дека должи извинување, одговори: „Не, го почитувам претседателот и го почитувам американскиот народ и мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени“. „Не ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, каде што рече дека е само посредник во преговорите за ставање крај на војната во Украина. Јас сум посредник, јас сум и за Украина и за Русија. Сакам да се реши тоа, рече Трамп. Зеленски го повика Трамп да не прави „никаков компромис со убиец“ и ја истакна важноста на „клучната“ поддршка што ќе гарантира одржливост на секој ...

Конфликтот што денеска го видовме во Овалната соба совршено го одразува влогот што е во прашање за Володимир Зеленски и неговата земја, објави Би би си. иОвде не се работи само за минерали и пари. Овде се работи за три години крвава војна која Украинците не сакаат да бидат залудни. Станува збор за опстанок на Украина во услови на егзистенцијална војна која го загрозува нејзиното постоење. Требаше ли Зеленски да остане помирен? Можеби, но ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
22%
1012
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
2.68
39%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
0.51
51%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
30%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.87
24%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
59%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.72
36%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
28%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598