
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Венко Филипче: Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа, пред сè, е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. И` укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции ако се продолжи со ваква партизација, а имајќи и предвид дека сме имале лошо искуство во минатото и ...
Украинците тврдат дека ги истуркале Русите од Купјанск во областа Харков и дека сега ја контролираат ситуацијата на периферијата на градот. Тие се обидуваат да се инфилтрираат преку мали напаѓачки групи, а потоа се натрупуваат. Тоа го прават без ангажман на голем број оклопни возила. Успеавме да ја стабилизираме ситуацијата на тој фронт, а непријателот беше одбиен, рече Назар Волошин, портпарол на Оперативната стратешка група на силите. ...
Тони Дескоски: Во правниот систем постојат правила што им даваат надлежност на органите за вршење на избор и именување на лица на функции. Но, во истите тие акти понекогаш е дефиниран и Предлагачот кој е овластен /надлежен да даде предлог за избор или именување на одредено лице на некоја функција. Без предлог од овластениот предлагач, рацете на органот надлежен за избор му се „врзани“, односно тој не може да врши избор или именување. Така на ...
Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела. Високи украински воени претставници го информираа Советот преку видео врска, соопшти Алијансата. За време на состанокот, сојузниците на НАТО ја потврдија својата поддршка за Украина. Нападот, чија цел беше Дњепар, ...
Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“. Разговарале и за процесот на евроинтеграциите и најави дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција што ќе ја обезбеди Владата. – Јас изразив загриженост ...
Љупчо Николовски: Тоа може да го видиме по тоа што откако се власт го прифатија новото уставно име, Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, членството во НАТО. А го ветуваа спротивното. Еве пред неколку дена можевме да ги видиме премиерот, двајца вицепремиери, министри и бројни други функционери како преку медиумите и социјалните мрежи ги пренесуваа позитивните импресии од нашето учество на саемот Винска Визија во Белград – кој е директен ...
Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните ...
Расположението помеѓу европарламентарците во однос на билатералниот спор помеѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов не е наклонето кон нашата земја. Извори од европарламентот со кои разговараше ЦивилМедиа велат дека ова прашање не е високо на агендата на европарламентарците и порачаа дека уставните измени мора да се направат, и беа скептични за можни модификации. „Направете нешто за да можеме да ви помогнеме“, велат соговорниците. Уште ...
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување се одржа денеска во Кабинетот на Претседателот, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата. За претседател на Комисијата, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова, е именувана д-р Милка Ристова, а за членови проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, ...
Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го ...
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА. – Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие. – Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или ...
Транзицијата резултира во нагло збогатување на одреден слој, претходно можеби и непрепознатлив преку пауперизација на други групи и поединци. Кај нас таа појава не е довршена, а ги зафати во последните години и оние кои се чинеше дека нашле начини да се заштитат. Последица на таа материјална деградација секако оди паралелно со пад на моралните вредности што доведе до за нас непоимлива појава – да се грабне и убие малолетно девојче како што е ...
За да се заштитите, важно е да ги препознаете различните типови на измами што се случуваат на оваа мрежа и како тие функционираат. Без оглед на тоа колку е популарна „X“ како платформа, заканата од измами е секогаш присутна, па затоа е важно корисниците да бидат внимателни. Една од најчестите измами на „X“ е фишинг, каде што измамниците користат лажни пораки за да ги измамат корисниците да ги внесат нивните детали за најавување. Особено се ...
Со изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, многу политички структури на Западен Балкан здивнаа со надеж дека ваквиот пресврт во демократската Америка, позитивно ќе влијаат на нивната ориентација кон Исток. Во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа, директорот на Институтот за геополитика, економија и безбедност од Сараево, БиХ, Аднан Капо, се осврна на неколку клучни прашања кои се однесуваат на Босна и ...
Бранко Тричковски: Номинациите за највисоките функции во американската администрација, покажуваат дека новиот претседател Трамп планира да ја води Аемерика според моделот на Норд Македонија на Мицко унд вмро, што значи дека од првиот ден ќе се зафатат со демонтажа на демократијата и на институциите на демократијата, на Републиката и на нејзината втемеленост во законот, на основите на американската политичка историја и, конечно, на американските ...
Љубиша Николовски: А ако се бара вина во однесувањето на СДСМ, тогаш таа во најмала рака е што за инцидентот молчеше. Партијата која најмногу страдаше во минатото, која на своја кожа и денеска носи модрици од насилието во Собранието, не најде за сходно да го искоментира и осуди обидот за физичка пресметка и недолично однесување и од страна на лидерот на Левица, но и од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа јасно ќе покажеше дека, ни тогаш, ...
Ерол Ризаов: Овој кредит, како и сите други со кои се задолжила државата, а станале промашени инвестиции, ќе го вратат граѓаните, со таа разлика што овојпат тоа ќе биде многу поскапо бидејќи со овој политички диктат и од дома и од надвор ќе имаме цело крдо на „бели слонови“, синоним на залудно фрлени пари, предвидуваат економистите и стручните луѓе кои ги препознаваат мотивите за едно вакво задолжување со катастрофални последици. Сето тоа ...
Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите. Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва ...
Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат. – Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ...
По некое време Мицкоски и Данела ја расипаа калимерата. Данела рече дека причина за тоа се што му ги фатила директорчињата на Мицкоски „со рачињата во медот“, јас би рекол им се помешаа брзините (бизнисите). Јане Ѓорѓиоски Со кого и што мака имаат скопјани? Ретроспектива: Прво Мицкоски ја провози Данела до градоначалничката фотелја на Скопје. Такви хвалоспеви во промоцијата за поддршката на нејзината кандидатура јас не бев дотогаш видел и чул. ...
Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, УНИЦЕФ потсетуваат дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот. „Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано ...
Ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, непознато лице насилно влегло во Адвокатската комора на Република Северна Македонија и предизвикало пожар. Пожарот билбрзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, нема човечки жртви. „Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна ...
ЈП Лајка испрати соопштенија со кое апелира до граѓаните да не ги напуштаат малите кучиња пред нивната врата, потсетувајќи дека според според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, напуштањето домашни миленици е забрането. „Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП Лајка не смее да ги прифаќа ...
Денеска се одбележува значајна пресвртница во историјата на ЦИВИЛ – Центар за слобода: 25 години непоколеблива посветеност на одбраната на човековите права, заштитата на демократијата и спротивставувањето на омразата, лагите и пропагандата. Помина четвртина век од нашето основање. За тоа време испорачавме над сто успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички ...
Германските власти соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението во случај на напад и додадоа дека сакаат да го зголемат нивниот број. Сите згради, вклучително и приватниот имот, кои би можеле да послужат како засолништа, како што се подруми, гаражи и станици на подземната железница, се попишуваат, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи за време на редовната прес-конференција во Берлин. Граѓаните ќе бидат ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви со имиња Пич и Блосом, а за да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста. Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа. Американскиот претседател уште рече дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната ...
Американското Министерство за одбрана нема податоци што укажуваат на тоа дека севернокорејски војници се присутни на окупираните украински територии или се упатуваат таму. Тоа синоќа на брифинг го изјави заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, јавија украински медиуми. Нема знаци дека има севернокорејски војници во Украина, рече портпаролката одговарајќи на новинарско прашање. Таа истакна дека Пентагон може да го потврди присуството на ...
Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да не објавува ништо на платформата X на Илон Маск од 20 јануари 2025 година, кога Доналд Трамп официјално ќе стане 47-ми претседател на САД. Како и многу европски медиуми и новинарски организации, ЕФЈ смета дека повеќе не може етички да учествува во социјалната мрежа која нејзиниот сопственик ја претвори во дезинформативна и пропагандна машина, објавија тие. Не можеме да продолжиме да учествуваме ...
Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“. -Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност, ...