Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека „нема карти“ во рацете и затоа нема потреба да учествува на состаноците. Тој исто така рече дека рускиот лидер Владимир Путин може, доколку сака, да ја преземе цела Украина, објави Си-Ен-Ен. Го гледав со години, го гледав како преговара без карти. Тој нема карти во рацете. И ти се гади од тоа. Едноставно ти се гади од тоа. ...

Има незнаење кај тие што се надлежни да спроведат такви механизми, а генерално тоа се однесува за поединци во владата, рече поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши во вечерашното интервју на Телма ТВ во врска со сè уште незаживеаниот Закон за нефер трговски практики во пракса. -Во законот за нефер трговски практики, на тие 2.500 и нешто производи кои се предвидени, не е дозволено да има маржа над 10 отсто во ланецот на трговија. Една ...

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од кои последниот бил минатата недела, изјавија три извори за Ројтерс. Иако учесниците во овие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини функционери и засега не е јасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори. Тие ги опишаа разговорите како спореден канал, со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе работи брзо на изготвување на силен договор за инвестиции и безбедност со САД, нагласувајќи дека средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, „ја вратила надежта“ за успех. Средбата со генерал Келог ја врати надежта. Ни требаат цврсти договори што навистина ќе функционираат. Наредив да се работи брзо и без пристрасност, изјави Зеленски во своето ...

Кина го поддржа обидот на претседателот на САД Доналд Трамп да постигне договор со Русија за запирање на војната во Украина. За време на синоќешниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јужноафриканската Република, САД доби поддршка од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Кина ги поддржува сите напори што водат кон мир (во Украина), вклучително и неодамнешниот консензус постигнат меѓу СAD и Русија, рече Ванг Ји за ...

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина, рече американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио вчера потврди дека во вторникот во Саудиска Арабија разговарал за таква средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, порачувајќи ѝ на руската страна дека „нема да ...

Емануел Макрон вели дека планира следната недела да му каже на Доналд Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб во лицето на Владимир Путин. Францускиот претседател следниот понеделник треба да го посети Вашингтон, каде што вели дека ќе се обиде да го убеди Трамп дека неговиот интерес е „ист како и нивниот“. Ќе му кажам: „Не можете да бидете слаби со претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, тоа не е во ваш интерес. ...

Поранешниот американски амбасадор во Јапонија Рам Емануел предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп со својата политика ги остварува соништата на советскиот диктатор Сталин. Да се подели НАТО и да се наруши атлантската алијанса …Уште од времето на Русија под Јосиф Сталин, тоа беше единствената цел (на Москва), а американскиот претседател ја остварува таа заветната желба на Сталин, рече Емануел, пренесе изданието Хил. Според него, ...

Под паролата “Код Вука“, атрактивниот споменик на српскиот просветител во центарот на главниот град на Србија, вечерва непрегледни колони белграѓани од повеќе тамошни градски општини се слеваат кон таа дестинација во знак на поддршка на српските студенти во нивните протести против корупцијата во земјата. Катадневните протести на српските студенти влегуваат во десеттата декада. Поддржани од бројни граѓани, ученици, професори, адвокати, протестите ...

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, се огласил за „Фокс њуз“ со остра порака за Украина. Ројтерс објави дека тој рекол оти Украина треба „да го намали тонот, добро да размисли и да го потпише договорот“ во кој САД бараат 500 милијарди долари од рудното богатство на Украина. Мајк Волц рече дека отпорот на Украина кон договорот и начинот на кој Трамп води мировни преговори е едноставно неприфатлив имајќи предвид сѐ што ...

Велика Британија и Франција работат на формирање европски сили наменети за осигурување на безбедноста на Украина во рамки на можниот договор за примирје, а кои би биле составени од „помалку од 30.000 војници“, јавија денеска британските медиуми. Повикувајќи се на „западните официјални лица“, неколку весници, меѓу кои „Гардијан“, „Тајмс“ и „Фајненшл тајмс“, укажуваат дека овие сили ќе бидат главно воздушни и поморски сили со „минимално“ присуство ...

Студентите на Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ од Зрењанин за денеска најавија почеток на протестен марш до Вршац, со цел да го поддржат собирот закажан за недела на 23 февруари во тој град. Слоганот на кампањата е „Од Банат, од инает“, а рутата што ќе ја поминат е долга речиси 100 километри. Првиот ден академиците ќе пешачат 32,3 километри, паузи ќе прават во Лазарево и Сутјеска, а ќе преноќат во Сечањ. За денеска протестна прошетка наречена ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот Фејсбук профил сподели отворено писмо до министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, во кое изрази револт поради недостаток на комуникација со неа и Министерството. Костадинов ја потсети министерката на обврските кои државата има кон Струмица, вклучувајќи повратот на ДДВ за новото јавно претпријатие „Струмица Транспорт“, проблемите со дотациите за образовните институции, ...

По повод Светскиот ден на социјална правда ЦИВИЛ објави соопштение дека како организација овој ден го одбележува 25 години и оваа година темата е „Зајакнување на инклузијата: премостување на празнините на социјалната правда“, фокусирајќи се на важноста на инклузивните политики и социјалната заштита во управувањето со систематската нееднаквост. Северна Македонија е сиромашна држава во која социјалната правда, наспроти популистичките декларации на ...

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари ...

Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како што информираа денеска оттаму имаат 646 животни од 91 вид, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и се грижат за животните. Писмениот допис до медиумите, како што велат од ЗОО Скопје, го праќаат со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини и со пласирање на информации со цел да ја вознемират ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа. Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите. Таа ги покани да влезат и во архивата на Министерството да ги остават сите документи. Протестот се одржува ...

Дел од маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава. Иако согласно одлуката од денеска се очекуваше да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во пракса во маркетите не се гледа некое забележително намалување на ...

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ја укинува авионската линија Скопје – Будимпешта. На страницата на авиокомпанијата од 9 март 2025 не можат да се купат карти. Копманијата не објасни зошто ја укинува, ниту дали таа ќе биде повторно вратена. Со почетокот на зимската сезона на летање укинати беа летовите до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста, после Божиќ нема лет ни до Бремен, а од април лани е прекината и продажбата на билети за Салцбург. ...

Хамас ги предаде телата на израелското новороденче Кфир Бибас и неговиот четиригодишен брат Ариел, двајцата најмлади заробеници кои Хамас ги зеде во нивниот напад на 7 октомври 2023 година и меѓу најмоќните симболи на траумата нанесена тој ден, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Возилата на Црвениот крст се оддалечија од местото на предавање во Појасот Газа со четири црни ковчези кои беа поставени на бина. Секој од ковчезите имаше мала слика ...

Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени, велат од СДСМ . Тие бараат одговорност од директорката, Невена Маневска, и од министерот за здравство, Арбен Таравари истакнувајќи дека цел еден месец не функционира ниту единствениот државен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има „предност“ во какви било мировни преговори за Украина, бидејќи „зазеде голема територија“. Во интервју за Би-Би-Си, Трамп рече дека верува дека Москва сака крај на војната, која ја започна со инвазијата пред речиси три години. Мислам дека Русите сакаат крај на војната, навистина. Тие имаат одредена предност, бидејќи зазедоа голема територија. Кај нив се картите, рече Трамп во разговор ...

Од МВР информираат дека синоќа во 23:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Дељан“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на Ј.Ј.(86) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а поради вдишување на чад во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош биле пренесени сопственикот, неговата сопруга Г.Ј.(69), еден полициски службеник и еден пожарникар. Станот е целосно ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одржа неформална видео конференција со 19 европски земји и Канада за да ја зајакне координацијата за Украина, соопшти Елисејската палата. Новата рунда разговори следи по кризниот самит одржан во понеделникот во Париз, кој не даде конкретни резултати. Состанокот на водечките европски држави кои го поддржуваат Киев заврши со поделени мислења за потенцијални мировни сили на терен во Украина. Германија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп саркастично се огласи на својата социјална мрежа „Вистина“ со навреда за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овој скромен комичар ги убеди САД да му дадат 350 милијарди долари. Подобро да се раздвижи сега, инаку ќе остане без држава. Тој е диктатор кој е на власт без избори. Ја сакам Украина, но Зеленски направи ужасна работа. Неговата земја беше уништена, милиони загинаа за ништо. Истовремено, ние ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина. Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците. Зеленски, исто така, нагласи дека нема да дозволи никој да го замени како лидер во ...

Бројот на загинатите од почетокот на израелските напади во Појасот Газа се зголеми на 48.297. Палестинските медицински и спасувачки тимови извлекоа уште две тела од урнатините во Појасот Газа во последните 24 часа. Едно претходно рането лице почина во болница, а уште тројца Палестинци беа убиени во новите израелски напади. Министерството за здравство на Појасот Газа соопшти дека во болниците се примени и 11 повредени лица, со што бројот на ...

Австриската полиција уапси 14-годишно момче под сомнение дека планирал напад во железничка станица Вестбанхоф во Виена, јавија денеска австриските медиуми. Тинејџерот е уапсен на 10 февруари, а во неговиот дом се пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава. Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен сириски бегалец е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица. Како што ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека информациите за наводната 4% доверба кај Украинците во него доаѓаат од Русија. Според него, овие бројки се разговараат меѓу Соединетите Држави и Русија. „Ако некој сака да ме промени во моментов, тоа нема да успее во моментов“, рече украинскиот претседател. „За жал, претседателот Трамп – имам голема почит кон него како лидер на нација за која имаме голема почит, американскиот народ кој ...

Има правен процес и, според моите сознанија, тој процес е во тек и го следиме одблизу и сакаме да видиме дека се почитува законот, изјави денеска американската амбасадорка прашана за коментар за иницијативата за смена на Коцевски и интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, не ги коментира последните случува во правосудството поврзани со иницијативата на Владата за разрешување на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.02
66%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
73%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
44%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
5.81
44%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
0.45
40%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
64%
1011
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75