
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. – Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 ...
Претставниците на Косово и Србија на трипартитната средба во Брисел се договорија целосно да се спроведе заедничката изјава за исчезнатите лица за време на војната. Средбата беше со посредство на пратеникот на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак. Заедничката изјава за исчезнатите лица е дел од договорот меѓу Косово и Србија постигнат минатата година во Брисел и во Охрид, Северна Македонија, пренесуваат косовските медиуми. „Двете земји се ...
Оружје е пронајдено на локалниот пат од село Орланци во правец кон селото Никуштак во полициска акција што рано утринава ја спроведоа Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пронајдени се еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една ...
Повторно е запалено возило во Штип, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а во Полициската станица во Штип настанот бил пријавен во пет минути по полноќ. Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото. Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто ...
И ако претходната влада и власт, суптилно и отворено работеше (преку чинење и не-чинење) на замрзнување (де-факто влошување) на односите со Бугарија; оваа влада и власт, го наследи и надгради трендот со Бугарија, и го активираше негативниот тренд кон Грција. Резултатот и последиците ги гледаме во заклучоците и изјавите на ЕУ. Никица Корубин “Треба да работиме за целосното спроведување на обврските на Северна Македонија кои се претпоставка за ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена. Двете лица се недостапни ...
Двете страни се повеќе користат странски борци, главно од сиромашните земји. Покрај војниците обезбедени од Пјонгјанг, Москва регрутирала борци од Куба, Индија, Непал, Сирија, Србија, Централноафриканската Република и Либија, ветувајќи голоеми плати и руско државјанство. За Америка, избегнувањето нуклеарна војна со Русија отсекогаш било приоритет број еден. Вториот беше да и се помогне на Украина да победи. Овие две цели треба некако да се ...
Руските власти го уапсиле осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва. Уапсен е државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов, ...
Кривичниот суд им определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами. Мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот. Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата. По добиено известување од ...
Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија на тема: „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“, која ќе се одржи на 18 декември 2024 година (среда) во хотелот Лимак во Скопје, со почеток во 12 часот. Панелисти се Лимко Бејзароски – претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска – извршна директорка на СЕММ, Славица Анастасовска – Хелсиншки комитет ...
Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на изведени претстави во професионалните театри за деца и млади во 2023/2024 е зголемен за 14,8 проценти во однос на 2022/2023 година, а исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0,6 ...
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека за случајот со Државната лотарија постапува по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. – По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за ...
Секторот за борба против тероризам поднесе кривична пријава против четири лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Г.М. (21) од Гостивар е обвинет за создавање терористичка организација, додека Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) и Т.М. (27) од Гостивар се обвинети за учество во истата организација. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, Г.М. на почетокот на 2024 година формирал ...
Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои велат можат „само да пукнат“ и тешко можат да го поднесат лицемерството на тешката корупција на властите. Љубомир Костовски Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои ...
Ние сме во најлошиот можен сообраќај. Она што никаде не води не може да се препознае како пат, ни како пат таму ниту како пат назад. Таму кај што нема пат ниту начин по него да се оди, тука ништо не се планира, ништо не се учи, ништо не се постигнува, ништо не се објаснува. Како во Македонија. Поточно како во Вморонија. Бранко Тричковски На почетокот, депресијата се манифестира како одвратност спрема наметнувањето да се слушаат реклами за ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека околу 13:00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и ...
Корупцијата ја поткопува безбедноста, а Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ја сузбива корупцијата не само во земјата, туку и во целиот регион, вели во интервју за МИА, британскиот специјален претставник за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич. Во врска со проблемот со коруцијата, особено високата, последната акција на полицијата и обвинителството за злоупотреби во Државна лотарија, но и проширувањето на црната листа на САД ...
Заеби вакви спектакли ако не си спремен да им влезеш во криминалните досиеја, во домовите, да им ги расчепкаш перниците, на твоите пајташи во сегашново раководство, како, кај Лигњата Николовски, кај Хер Флик Милошоски, кај Пандов и Ќорчев, како кај Вилма што се испазари со најнемилосрдните македонски апаши, кај Гешкоска и кај една дузина таканаречени “Сфаровски “ судии и обвинители во сите нивоа кои твојот претходник ги постави, па дури и во ...
Имаме лица кои учествувале во ИСИС, тие имаат тука семејства, но дел од нив создадоа и нови семејства во земјите во кои се бореа. Предизвик за нашата земја е ресоцијализацијата на тие лица. Дехран Муратов Во полициска акција уапсени се четири лица од струшко-гостиварскиот регион за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, одземени им се патните исправи и наложено е и редовно јавување на службено лице, а доставен е и ...
Јована Тренчевска: Се прави политички прогон од страна на власта. Сè уште не се избришани сеќавањата и сликите кај сите граѓани во државата, како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше на власт, каков политички прогон се правеше на лица, за дел од кои понатаму се покажа дека ЈО не ни собра доволно докази за да бидат обвинети. СДСМ јасно стои на Ставот дека секој кој прекршил закон треба да одговара, но институциите треба да делуваат ...
Овој луксузен производ е од големо оптоварување на здравствениот систем. Според нашите статистики 45,4% од граѓаните се активни пушачи. Тоа е значително повеќе од регионот за Европа кој изнесува 25%. Според СЗО трошоците за цигари изнесуваат 38 милијарди денари годишно што е црвен аларм за преземање итни мерки за намалување на оваа загуба. Аналитика тинк танк Аналитика Тинк Танк ја презентираше најновата студија од истражувањето за „Ефектот на ...
Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во ...
Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва. Покрај него животот го загуби и неговиот помошник. Причина за експлозијата е активирање на експлозивна направа поставена во електричен скутер, соопшти Истражниот комитет на Русија. Според истрагата, утринава на Рјазански проспект во Москва, активирана е експлозивна ...
Зоран Иванов: Се пука по Агелер, му дала поддршка на Мицкоски ама не, не девојки и дечки од СДСМ пукачи по амбасадорката, таа само ви праќа порака дека имавте шанса и ја испуштивте, ја прокоцкавте поради ваши „зделки” па таа сега им дава шанса на овие сегашниве ама ако и тие ја утнат со клиентелизмот, криминалот и корупцијата, САД и нив ќе ги свиткаат, трпение, туку, не реформа, револуција вам внатрешно партиска итно ви треба и тоа најитно зашто ...
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за случајот ,,Лотарија”, во кој еден од осомничените е вицепремиерот Артан Груби, објавува Фокус.мк Забуната во јавноста настана поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР каде што се пријавени вкупно 8 лица, но од скопското обвинителство информираа дека истрагата е отворена за шестмина, а по описот на ...
РИБАРО Откако Владата вчера ја објави Новогодината кошничка, екипата на АХА, дојде до ексклузивни сознанија за пораките што биле во игра за логото на кампањата. Како што дознаваме, било мошне интересно во кабинетот на премиерот Мицкоски кога се одлучувало за конечниот слоган. „Помалку мисли, повеќе за нас Си играме мајтап со вас!“ „Помалку за тебе, повеќе за нас – Се мајтапиме!“ „Помалку кревај глас, повеќе ќе си раат – Не грижи се“ „Биди горд, ...
Државава има закони за тоа и дека изборите одамна минаа и дека ветувања крупни даваа и дека е доста со мачкање очи со гордости и идентитети туку ајде конечно стокмете една ЕУ реформа, барем една. Зоран Иванов Лидерите на актуелниве од власта денеска нè просветлија со ниви бисери, едниот, премиерот, ќе одел во Брисел и, како што ни порача, ќе одел пак да ни го брани идентитетот, да ни ја враќал гордоста или, парафразирано така некако, другиот ...
Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се меѓу осумтемина лица за кои Министерството за внатрешни работи (МВР) бара кривична одговорност за наводен криминал вреден 8 милиони евра во Државната лотарија. Од Обвинителството информираат дека досега не се собрани доволно докази за отворање на истрага против Премиерот и поранешниот владиниот секретар. Сепак, Груби и неговиот поранешен соработник, екс-директорот на Лотаријата Перпарим Бајрами, не ...
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за поранешниот генерален директор на Државната лотарија и поранешен вицепремиер, двајцата осомничени во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија. Како што информира Обвинителството, предлогот има за цел притворската мерка да започне да се спроведува веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од ...