
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Еден Палестинец загина, а друг тешко повреден во израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестинската новинска агенција ВАФА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал на Телеграм објавија дека дрон прелетал од израелска територија над јужниот дел на Појасот Газа. Дронот бил надгледуван од армијата, која потоа го соборила леталото и двајца осомничени кои го извлекувале. ИДФ соопшти дека имало ...
Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, но и претпладнево. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и низа потреси со јачина од над 4 степени. Претпладнево, во период од помалку ...
Во рускиот ракетен напад во раните утрински часови на 12 февруари во областа Оболонски во Кијив, едно лице загина, а четири други беа повредени, меѓу кои и едно дете, пренесува Укринформ според Државната служба за вонредни состојби. Спасувачите го изгаснаа пожарот во делумно уништената деловна зграда. Според кијивската полиција, остатоци паднале во областите Холосиивски, Свијатошински и Оболонски во главниот град. На местото работат полициски ...
Американското Министерство за образование побара од Националниот сојуз за универзитетски спорт (NCAA) и клучните средношколски спортски организации да ги укинат титулите, наградите и рекордите што биле „неправилно постигнати од биолошки мажи кои се натпреваруваат во женски категории“. Во соопштението на Министерството се наведува дека барањето е „целосно во согласност со новата политика на Националниот сојуз. Барањето беше испратено и до ...
Папата Франциск во отворено писмо до католичките епископи во САД остро го критикуваше планот на американскиот претседател Доналд Трамп за депортација на милиони мигранти. Западните медиуми посочуваат дека вакво директно писмо од папата до верниците е реткост. Папата, кој претходно го нарече планот „срамота“, во писмото нагласува дека е неправедно да се сметаат сите мигранти без документи за криминалци. Ги повикувам сите верници во Католичката ...
Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало на 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека ваквата одлука е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажува дека кај трговците на мало ...
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, ...
Живко Грозданоски денеска на прес конференција ги објави добитниците на пет награди за 2024 година, а наградите ќе бидат доделени задутре во 12 часот. Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело. „Посвети и пофалби“ од Иван Џапароски, во издание на „Дијалог“ е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка. „Бакнежи на небото“ од Иван ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска. „Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност“, изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година. Русија тогаш ги анектираше регионите ...
Кристина Костова: Маркетите да ги објавувале цените на интернет, граѓаните да ги споредувале, а премиерот со рацете у џеб да си посматра како тонеме во сиромаштија, ич мува да не го лазе, око да не му трепне, а скраја да е некоја конкретна мерка да спроведе. Со скрстени раце набљудува како забрзано се празнат џебовите на граѓаните, како странските фирми се пакуваат и си одат, оставајќи илјадници без работа и плата, како работниците, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, и покрај предупредувањата од Европа и Кина. „Утврдив дека увозот на челични производи од овие земји се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, рече Трамп во извршната наредба. Тој издаде посебна наредба за увоз на алуминиум. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали. „Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. „Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, ...
Американската војска повеќе нема да прифаќа трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите за промена на полот на своите членови, се вели во писмото доставено до судот од министерот за одбрана Пит Хегсет. „Со примена веднаш, се става пауза на сите нови приеми на лица со историја на родова дисфорија“, се вели во писмото на Хегсет, поднесено во Окружниот суд во Вашингтон. „Сите непланирани, закажани или планирани медицински процедури ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се откаже примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе пушти „портите на пеколот да се отворат“. Зборувајќи со новинарите додека потпишуваше серија извршни наредби во Белата куќа, Трамп рече дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од ...
Бранко Тричковски: Неполн месец по почетокот на проектот “Мејк Америка грејт агеин”, Штатите никогаш не биле помали, понеугледни и попрезрени. Светилникот на слободниот свет, кој ја дефинираше водечката улога на Америка повеќе отколку сите носачи на авиони и атомски бомби, инвестираше во својата водечка улога, но и наплатуваше огромни бенефити, сега самоиницијативно го исклучи големиот рефлектор и реши да се претвори во нешто како ИСИС на Запад. ...
Главните обвинители на 22 американски држави, управувани од гувернери демократи, поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради кратењето на финансирањето за универзитети, медицински центри и други истражувачки институции. Трамп го објави ова кратење во петокот, што предизвика силни реакции во научната заедница. Тужбата е поднесена пред федералниот суд во Бостон, каде што државите аргументираат дека одлуката на ...
Напади со руски беспилотни летала во текот на ноќта предизвикаа пожар во Киев и повредија една жена, а општетени се и неколку куќи во североисточниот град Суми, соопштија во понеделникот украинските власти. Украинската војска во понеделникот соопшти дека соборила 61 од 83 беспилотни летала, а 22 најверојатно биле соборени со електронски блокатори. Нема информации за повредени во нападот што предизвика пожар во зграда во Киев, изјави ...
Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување. Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење, рече тој. Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат ...
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно посочи дека е потребен нов светски поредок кој ќе ги земе предвид интересите на исламскиот свет, кој брои над две милијарди луѓе, пренесоа турските медиуми. Не може да има мир, спокојство и развој на човештвото таму каде што нема правда. Не може да има правда во систем во кој исламскиот свет, чие население надминува две милијарди луѓе, не е претставен, нагласи Ердоган во главниот град на ...
Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства. Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ објаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел ...
Стотици луѓе денеска протестираа пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево поради начинот на кој властите во земјата реагираа на поплавите, во кои загинаа 27 лица во октомври минатата година и да побараат казна за одговорните за жртвите и уништувањето. На протестот, организиран од неформална група студенти преку социјалните мрежи, учествуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и жителите на Јабланица, најтешко погодено место при минатогодишните ...
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, пренесува денеска ТВ 21 информација на Си-Ен-Ен Албанија. Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари. Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку контроли во деловните ...
Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени. Земјотреси над 4 степени беа регистрирани и синоќа од кои најсилниот беше 5 степени. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека поради сеизмичката ...
Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ). Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март. И покрај тој ценовен врв, цените на природниот ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека онколошките пациенти во државава веќе имаат терапија. Истовремено, тој нагласи дека дисперзацијата мора да функционира. За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места. Во Косово со право на глас имаат 1.970.944 граѓани, а во дијаспората 104.924 лица. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји. На деветте парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста учествуваат 28 политички ...
Специјалниот советник на Трамп, Ричард Гренел изјави дека американските даночни обврзници финансираат екстремно левичарски државни медиуми и дека е време да се затворат. Неговите зборови ги поддржа Илон Маск Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми финансирани од американските даночни обврзници. Тие се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со ...
Фатмир Битиќи: Цените растат, а Владата нема стратегија како да ги ублажи шокови врз куповната моќ на граѓаните. Наместо решенија, гледаме хаотични потези и несериозни изговори. Во меѓувреме, одредени кругови профитираат, додека граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај. Минималната плата од 30.000 денари не смее да биде далечен сон, туку економска реалност. Ако Владата навистина се грижеше за граѓаните, досега ќе имаше конкретни мерки за раст ...
На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени. Протестот го организираше групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов. Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност. Со затворање на раскрсницата ...
Кијив / Москва: Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон истрелани од Русија врз Украина. Додека 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија фрлила над 1.260 бомби и лансирала речиси 760 беспилотни летала, како и повеќе од 10 балистички ракети од различен тип. Тој додаде дека руското воено производство се потпира на шеми за ...