
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувувствуван во Пијанечко-Малешевскиот регион. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути, со епицентар 112 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци со кои располага ...
Најважно е сите да сфатиме дека имаме малку време и дека го имаме чувството за итност. Со секој изминат ден на луѓето од Западниот Балкан ќе им биде потешко да веруваат дека, всушност, еден ден ќе го завршиме овој процес (на пристапување), порача Кошта. Сашко Панајотов Мора да работимe за целосно исполнување на обврските на Северна Македонија, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори и колку побрзо се спроведат реформите ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово. Мицкоски ова го потенцира во вечерашното гостување во „Click Plus” на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот. -Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на ...
Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Андреј Тасев и Мерита Дема. Разрешувањето е на предлог на Владата и како што се наведува во образложението, има формално-правни недостатоци во делот на исполнување на условите за именување на овие членови. Според образложението, Тасев и Мерита не го исполнуваат ...
Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за појаснува дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи. Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција. Телото на бебето е пратено на обдукција на ...
Доналд Трамп утре, согласно американските закони, ќе биде именуван за претседател на САД. Иако Трамп утре ќе биде именуван за претседател на САД, сè уште не е завршен изборниот процес. Откако поединечните држави ќе ги достават записниците од гласањето на колегиумите, обновениот Конгрес (исто така избран на 5 ноември, целосно за Претставничкиот дом и делумно за Сенатот) ќе има седница на 3 јануари, кога потпретседателката Камала Харис ќе го ...
Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Тошковски посочи дека во текот на вчерашниот ...
Германскиот канцелар денеска се соочува со барање за недоверба по падот на германската коалициска влада, составена од социјалдемократите, зелените и либералите. Олаф Шолц се надева на гласање за недоверба, а членовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија би можеле да го измешаат неговиот предлог-закон. Имено, дел од членовите на АфД пред закажаното гласање изјавија дека тактички ќе го поддржат премиерот и неговата малцинска влада ...
Најмалку триесет севернокорејски војници билe убиени или ранети за време на напади во руската област Курск, тврди украинското воено разузнавање -ХУР во извештајот од 16 декември. По нападите што се случија на 14-15 декември во близина на селата Плиехово, Ворожба и Мартиновка, севернокорејските загуби треба да се надополнат со нови војници од 94-та одделна бригада на Северна Кореја, тврди ХУР. Тројца војници, исто така, наводно исчезнале. Кијив ...
Утринава во Скопје се преземени повеќе дејствија на повеќе локации и е постапено по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. При претресите кај еден од осомничените се пронајдени парични средства од околу 40.000 евра, кај втор околу ...
Полицијата влезе во домот на Артан Груби наводно поради сомнежи во за сторен криминал во Државната лотарија. Претреси се направени во домови на уште неколку лица кои се поврзуваат со случајот, меѓу кои е и екс директорот на Лотарија Дали има сознанија за инволвираност на двајцата поранешни високи функциониери во слјачот со Лотарија, денеска беше прашан и премиерот Мицкоски на прес-конференција. Имам некакви начелни информации но би се воздржал ...
Мицкоски и олигархијата се спротивставени на преговорите за членство во ЕУ бидејќи тие значат мониторинг и на владеењето на правото и на борбата со корупцијата. Ако Мицкоски ден потоа нема „подобар предлог“ – СДСМ и ДУИ заедно имаат доволно пратеници да ги предложат амандманите на Уставот и да бидат предводници на процесот или соучесници на застојот. Ивон Величковски Проблематизирањето на Преговарачката рамка со која се печатира европската ...
Само 31 процент од испитаниците веруваат дека регионот ќе биде побезбедно место во следните 12 месеци. Речиси половина од граѓаните на Западен Балкан сметаат дека постои реална можност за војна во регионот, покажува годишното истражување на јавното мислење за перцепцијата на безбедноста на Советот за регионална соработка -РКК, SecuriMeter 2024 година. Генералниот секретар на РКК, Мајлинда Брегу, на денешната презентација на извештајот пред ...
Советот на Европската Унија го усвои 15-от пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина. На листата на санкционирани, поради заобиколување на санкциите, се и деловни субјекти надвор од ЕУ, вклучително и од Кина, Индија, Србија, Иран и од Обединети Арапски Емирати. Новите мерки треба да го решат проблемот со заобиколување на санкциите и да ја таргетираат руската „флота ...
Рибаро Откако Владата вчера ја објави Новогодината кошничка, екипата на АХА, дојде до ексклузивни сознанија за пораките што биле во игра за логото на кампањата. Како што дознаваме, било мошне интересно во кабинетот на премиерот Мицкоски кога се одлучувало за конечниот слоган. „Помалку мисли, повеќе за нас Си играме мајтап со вас!“ „Помалку за тебе, повеќе за нас – Се мајтапиме!“ „Помалку кревај глас, повеќе ќе си раат – Не грижи се“ „Биди горд, ...
ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност која се спроведува врз новинарите, демонстрантите, активистите и критичарите на власта во Грузија и упатува барање до меѓународните организации итно да реагираат и да извршат притисок врз грузиските власти да овозможат услови за непречена работа на новинарите и снимателите, да ги почитуваат човековите права и слободи и да обезбедат заштита на граѓанките и граѓаните и нивната слободата на ...
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер вели дека не е изненадена од тоа што името на порашениот прв вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се најде на „црната листа“ на САД за значајна корупција. Не. И моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, во судството… не бил изненаден кога го видел неговото име на листата. Една од работите што е факт е кога САД објавиле назначување на ...
Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. -Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство. Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека ...
Полицијата од изутрина врши претреси во домовите на поранешниот вицепремиер Артан Груби и порашениот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, а како што објавија дел од медиумите, претреси се вршат на повеќе локации во врска со криминал сторен во Државна лотарија. При претресите, како што јавуваат медумите, и Груби и Бајрами не се пронајдени во нивните домови. Од МВР за МИА потврдија дека се вршат дејствија во координација со јавен обвинител и ...
Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, но и покрај тоа случајот е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали стручните и социјалните служби работат со проблематичниот третоодделенец од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром за кој беше одлучено до крајот на полугодието наставата да ја следи онлајн. – Се уште постојат одредени пречки за овој случај ...
Со испитување на сведоци на предлог на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На почетокот од денешното рочиште, јавната обвинителка Жаклина Трајковска, извести дека предложениот сведок Гоце Трајковски нема да сведочи бидејќи не успеале да го обезбедат. -Во однос на сведокот Гоце Трајковски. При известувањето од МВР, бевме ...
Струшката полиција поднела кривична пријава против Рамиз Мерко бидејќи во својство на градоначалник на општината во два наврата донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, иако не ги исполнувал потребните услови. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во ...
Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми. Учениците, меѓу другото, бараат директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ да ја повлече изјавата од 29 ноември, како и директорот и училишниот одбор јавно да им се извинат на наставниците и учениците за неправилностите при издавањето на тоа соопштение, ...
Секој човек има право да ги практикува своите верски убедувања без страв од насилство, омраза или дискриминација. Важно е да се разбереме дека верата е лична и интимна работа, и дека секој има право да го избере својот пат кон духовноста. Дехран Муратов Верската омраза е едно од најголемите предизвици на современото општество. Таа не само што ги нарушува основните принципи на толеранција и почитување, туку создава поделби и конфликти, што може ...
Поради масивниот број на смртни случаи предизвикани од тутун, голем број на здравствени истражувачи повикаа вејпингот да остане легален како алатка за откажување од цигари – но и да се направи сè што е можно да се спречат младите да почнат да пушат. ЕНР – Брисел На почетокот на декември, мнозинството од министрите за здравство во ЕУ изразија поддршка за зголемување на листата на места каде што пушењето е забрането во обид да се намали бројот на ...
Според опозициските проценки преку намалување на ДДВ-то ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно. Од друга страна, Владата ја започна кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти. Дестан Јонузи Трговците ги зголемија цените пред примена на мерката НОВОГОДИШНА кошничка, обвинува опозицијата. ...
Руските власти во окупираните територии врбуваат должници на банки со предлог да им ги отпишат долговите доколку потпишат договор со руската армија. Сепак, бројот на луѓе кои се подготвени да направат таков потег е низок, стои во извештајот на Украинскиот центар за национален отпор. Според Центарот, Русија продолжува да бара начини да го мобилизира населението од окупираните територии во редовите на руските вооружени сили. Овој пат се фокусирани ...
Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија. Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, ...
Во Белград и денеска на повеќе локации беа поставени блокади во знак на протест поради жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, пренесува Бета. Зелениот левичарски фронт (ЗЛФ) соопшти дека 15 минути го блокирал белградскиот Северен булевар во спомен на жртвите од Нови Сад. Од ЗЛФ на Фејсбук, заедно со фотографиите од блокадата, соопштија дека „нема да се откажат од одговорноста и правдата!“. Ако нема правда за народот, нека ...
Новите кредити од Унгарија треба паметно да се вложат во оправдани капитални проекти кои ќе донесат додадена вредност и профит, а самите банки треба да допринесат во оправданоста на проектите. За Македонија воопшто не е добро Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија зашто тоа би можело да значи и политичка дестабилизација на државата и доведување во опстанокот на нејзината унитарност. Интервју со Влатко Нацевски – стопанственик Влатко Нацевски е ...