Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи. Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, ...
Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата ...
Украина е решена да работи со американските колеги за да се постигне заемно прифатлив текст на договорот за минерали за потпишување, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Министерството за надворешни работи од американската страна, преку дипломатски канали, доби нов текст на таканаречениот договор за минерални суровини на 28 март. Една рунда од овие консултации е веќе спроведена, рече Сибиха на прес-конференција ...
Костадин Костадинов: Прво, да му се заблагодарам на Претседателот на Владата што ми даде дозвола да ја критикувам работата на Владата. Навистина ми значи, особено во услови кога за цензура во јавниот говор токму тој одлучува. Второ, досега имаме аплицирано со 13 проекти. Тоа што претседателот на Владата се уште не е информиран за нашите апликации е загрижувачки, особено што надлежниот министер кој треба да го информира стои позади него. Од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во петок ќе се сретне со претставници на мала група земји кои сакаат да го вклучат својот воен персонал во меѓународниот контингент што ќе биде распореден во Украина, јавија британските медиуми. Зеленски на денешната прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека очекува поконкретни одговори од сојузниците на Киев за нивната подготвеност да го ...
Сите договори за минерали со ретки земји со Украина треба да бидат компатибилни со европското право, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Анален Баербок за време на посетата на Кијив. Запрашана за потенцијалниот договор за минерали меѓу Украина и САД, Бурбок рече дека Европа веќе постигнала договор со Украина и дека секој нов договор треба да биде компатибилен со правото на Европската унија. На крајот на краиштата, ова е ...
Оливер Андонов: Мицкоски не може, не е способен да го надмине системот кој го создаде, не смее да излезе од политикантската бара, власта мора да се држи по секоја цена затоа што така му е наредено и тој е дел од шемата. А пак без премиерската моќ, Мицкоски ќе нема никаква моќ, а и што ќе му е партиска прва позиција и општествен углед кога тоа нема никаква моќ и кај налогодавците нема да има употребна вредност. Така тоа го разбира Мицкоски, а таа ...
Војо Маневски: Пред Собранието ќе се собираат младите на народно собрание. Според најавите ќе се поставувале прашања, ќе се барале одговори и она што е најважно – ќе почне да се разговара за состојбите во државата. Она што е охрабрувачко е отсутноста на личниот печат на движењето или како и да се нарекуваат организаторите. Од месии и лидери на овој народ му е не преку глава туку и преку перчин. Секако ќе испливаат најелоквентните, но тоа не смее ...
Јована Тренчевска: Не лажате дека денешните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се за новите 2.500 денари линеарно покачување на пензиите, кое почнува од денеска. Немојте да им верувате. Уште летото тие беа изгласани. Како септемвриското, така и мартовското покачување. Нема пари за сите покачувања па го смислија ова. Плус, се менува друг член само за да се упростат критериумите за избор на директор на Фондот за пензиско и ...
Горан Волканоски: Државата ја изградил некој уште од поодамна. На нас(граѓаните) беше само да бидеме одговорни во минативе 35 години и да не дозволиме да се руши тоа што се изгради. За жал не покажавме дека сме одговорни. Со својата пасивност и заслепеност од илузиите кои ни беа сервирани, дозволивме ретроградни процеси кои го загрозуваат опстојувањето на државата. Било која иницијатива за граѓанска акција доколку не е поведена од овие сознанија ...
Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела – од 24 до 30 март, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела. Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, регистрирано е вкупно 31 ...
Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, а такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска, информираат од прес-службата на ЈОРСМ. Меѓутоа, за да се зачува ...
Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика, информираат од АД ЕСМ. Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 ...
Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од ...
Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава. Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, ...
Во продолжението на денешната 38. седница Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидското осигурување. Седницата почна со едно минутно молчење и оддавање почит на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени. Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се става вон сила системската одредба на член 37 за ...
Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија. ...
Диана Тахири По интервјуто на 360 степени, на министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека освен со АА, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН. На оваа изјава, сите три партии од коалицијата ВЛЕН, речиси синхронизирано, излегоа со соопштија на социјалните мрежи во кои ги негираат наводите дека имаат комуникација со ДУИ. „Сигнали има, секако дека има. Не дека има само со ...
Телата на повеќе од десетина хуманитарни работници се извлечени во јужниот дел на Газа од она што агенцијата на Обединетите нации го опиша како „масовна гробница“, една недела откако исчезнаа по нападите на израелските сили, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа. Осум од 14-те тела извлечени во неделата од локацијата во јужниот дел на Рафах беа идентификувани како членови на Палестинската Црвена полумесечина (PRCS), пет како цивилна одбрана и ...
На прес конференцијата пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ рече дека „животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот“. Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, за 100 евра е зголемена во споредба со лани. Две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно ...
Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира изутринава министерот за здравство Арбен Таравари. Имаме добри вести. Вкупно од 193 пациенти остануваат за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат, од кои за среќа денеска имаме само ...
Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на 2719, додека 4521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнати, се наведува во изјавата на генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата. Генералот предвидува дека бројот на жртви би можел да надмине 3000. Неколку земји испратија хуманитарна помош за Мјанмар и соседен Тајланд по силниот земјотрес што во петокот ги погоди двете југоисточни азиски држави. ...
Ацо Кабранов: Ме чуди пред сè Филипче зошто бара лидерска! Што ќе зборат. Со кого? Со Мицкоски ли. Премиерот ни е летнат во облаци и со Тошковски прават се да ја амортизираат штетата што е логично да ја понесе владата од ужасната трагедија во дискотеката Плус. Но не им оди лесно да ја забошотат одговорноста на функсионери од нивната партија, почнувајќи од нив двајца. На Мицкоски добро му дојде да живне малку демек цинично да одговори на најавата ...
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот. Првото ...
Од денеска над 340.000 пензионери ќе земаат повисоки пензии за 2500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии. Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, се вели ...
Британски, француски и украински високи воени претставници ќе одржат состанок во наредните денови за да дадат „реален импулс“ на напорите за јакнење на безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер. Средбата, која има цел да ги разгледа следните фази на детално воено планирање, била договорена за време на телефонскиот разговор меѓу Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Состанокот следува по ...
Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, кој се бара во неговата земја поради издржување на пресудената казна затвор од една година за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, вечерва на „Икс“ објави дека пристигнал во Москва. Откако ја помина минатата недела во Израел, од каде ненадејно замина во четвртокот кога беше прогласен за непожелен на ...
Агим Јонуз: Пред сè, почитувањето на „минута молчење“ не е само израз на сочувство и жал. Тоа е истовремено и јавна свест, јавно елементарно почитување. Ваквите моменти, пред сè, покажуваат и ЕЛЕМЕНТАРНО ВОСПИТУВАЊЕ на еден човек, кој во поголема бројка претставува група. Кога еден невоспитан е меѓу „сродни души“ (невоспитани) во поголема група, тогаш тоа ниво на невоспитаност од „лично и приватно“ преминува во ЈАВНО НЕВОСПИТАНИЕ! Нема тука ...
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираше извештајот на британски „Економист“ дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули. Канцеларијата, исто така, негираше дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе „УНН“. Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега ...
Брисел: Европскиот парламент е информиран за одлуката на судот во Париз, кој донесе пресуда за измама (во случајот против Марин Ле Пен), истакна денеска на прес-конференција портпаролот на институцијата, одговарајќи на новинарско прашање. Портпаролот на ЕП истакна дека ЕП е странка во случајот, како и во други слични случаи. „Целта на ЕП е да ги заштити јавните фондови и буџетот на ЕУ според утврдените правила“, додаде портпаролот. Според него, ...