Белград
6ᴼ /
4ᴼ
Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом. Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економска анализа на САД, БДП на Калифорнија достигнал 4,1 трилиони долари, што е повеќе од јапонските 4,02 трилиони. Со тоа, американската сојузна држава се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев. Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала ...
Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси, јавија американските медиуми. Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што вчера погоди област на 40 километри југозападно од Истанбул, најмалку 236 лица добија помош поради повредите што ги добиле кога се обиделе да скокнат од згради или поради напади на паника. Повеќето ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период. Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се ...
Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата. Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ја предводи иницијативата за олеснување на санкциите, додека државниот секретар Марко Рубио и секретарот за ...
Гром вчера попладне погодил едно лице од прилепското село Мажучиште, по што било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17:39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за решавање на војната во Украина. Сепак, Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека договорот со Зеленски е „оставен да виси во воздух“, велејќи дека со Зеленски е „потежок за преговарање“ од Путин, објави Ројтерс. Американскиот претседател рече дека може да се сретне со Путин ...
Во масовниот руски напад врз Кијив во текот на ноќта загинаа девет лица, 63 беа повредени, а 42 лица беа хоспитализирани, меѓу кои шест деца, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек, објави Укринформ. Пријавени се пожари во гаражи, административни и деловни згради, а изгорени се и автомобили и сува трева поради паѓање на запалив отпад. Противпожарните ...
Џабир Дерала: Судството мора да биде ослободено од упад на власата и не треба таа да го користи како инструмент за нејзиното владеење, како оружје против непријатели, медиуми, универзитети и политички противници. Мислам дека тие 100 дена се индикатор како таа власт ќе владее до крајот на својот мандат и мислам дека се важни. Правосудството е во тешка состојба. Под силно влијание е како на политички структури така и на бизнисот. Тие имаат ...
Во источно Сараево владее опсадна атмосфера. Вооружени специјалци на министерството за внатрешни работи на Република Српска и припадници на личното обезбедување на Милорад Додик го чуваат претседателот на ентитетот откако припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина се обиделе да го уапсат. Припадниците на СИПА претходно вечера пристигнале во Административниот центар на владата на РС, каде што се наоѓал ...
Тони Михајловски: Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја „изгуби целата ...
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека денешните разговори со украинските претставници во Лондон биле „многу корисни“ и дека се одржале во „критичен момент за нашата безбедност“. Заедно со САД, Украина и европските сојузници работиме интензивно на завршување на војната и постигнување праведен и траен мир, изјави Лами. На состанокот учествуваа и британскиот министер за одбрана Џон Хили, украинскиот министер ...
Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата. Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, како реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои ...
Во Лондон почнаа разговори помеѓу Велика Британија, САД, Украина, Франција и Германија за мировниот план за завршување на војната во Украина. Состанокот првично беше најавен како собир на министрите за надворешни работи, но наместо тоа, разговорите ги водат советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција и Германија, заедно со претставници од САД и Украина. Британските министри за надворешни работи и за одбрана, Дејвид Лами и ...
Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“. Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви. Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои ...
Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството. Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното ...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во ...
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК спроведува акција на повеќе локации низ државата поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување, информираат од МВР. Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека се работи за долгогодишно незаконско работење со прикажување на лажни ...
Деветти ден блокада на РТС. Вработените во РТС започнаа петиција со барање за нов јавен повик за номинации за членови на советот на РЕМ. „Имаме онлајн петиција и оваа што е физички потпишана во Таковска и Кошутњак. Досега преку интернет се потпишале околу 3.500 луѓе, а овде околу 1.100 луѓе. Во моментов немам информации за Кошутњак. Очекуваме најмалку 10.000. Мислам дека тоа е минимумот кој е потребен. Ама, мислам дека ќе има повеќе бидејќи ...
Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска (среда) е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, ...
Руската армија уништи клучен енергетски објект во Херсон со артилерија и беспилотни летала, што може да предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија, најави шефот на регионалната воена управа во тој град, Александар Прокудин. „Русите повеќе од еден ден масовно напаѓаат една од најважните компании на нашата енергетска инфраструктура, со што уште еднаш цинично ги прекршуваат сите договори“, објави Прокудин на Телеграм, пренесе ...
росечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти. ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен ...
Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот. Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и пијалоци се потребни над една третина од вкупниот износ на синдикалната кошнишка. ...
САД денеска очекуваат одговор од Украина за рамката за мир, која вклучува американско признавање на Крим како дел од Русија и неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите области окупирани по инвазијата во 2022 година, според извори директно запознаени со предлогот, информира американскиот портал „Аксиос“. Документот од една страница, кој САД им го претставија на украинските власти во Париз минатата недела, го опишува како ...
Под мотото „церемонија за хероите“ во нови сад почна церемонијата на пречекот на српските студентки и студенти кои од Нови Сад на велосипеди во неколку етапи возеа повеќе од 1.400 километри до седиштето на европскиот Парламент во Сразбур . Во парламенмтарното седиште на ЕУ студентите се сретнаа со повеќе функционери на Европската Унија на кои им предадоа писма со содржини за актуелната политичка ситуација во Србија, за мотивите за протестите на ...
Рускиот напад на Запорожје одзеде еден живот. Тешко повредена 69-годишна жена не успеала да биде спасена. Русија повторно го гранатираше Запорожје, објави шефот на Запорошката Областна Воена Администрација (ОВА), Иван Федоров, на својот канал на Телеграм. Рускиот напад на Запорожје одзеде еден живот. Жена на 69-годишна возраст беше тешко повредена. Лекарите се обидоа да ја реанимираат, но не успеаја да ја спасат, напиша Иван Федоров. Подоцна тој ...
Венко Филипче: Од 2007 до 2013 година на располагање сме имале околу 4 милијарди евра и плус 1,3 милијарди евра за меѓугранична соработка. Во следниот период, од 2017 до 2020 година, сме имале 4,2 милијарди евра плус 2,3 милијарди евра за меѓугранична соработка. Во истиот тој период, Бугарија и Романија добиле 46 милијарди евра од европските развојни фондови. Кога тоа го споредуваме со процентот на бруто-домашниот производ, ние, како земји од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се подготвени за директни разговори со Русија по прекинот на огнот. Подготвени сме и да забележиме дека, по прекинот на огнот, подготвени сме да седнеме во кој било формат, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг. Да потсетиме, вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Кијив. Во обраќањето пред печатот, Путин рече дека ...
Бранко Тричковски: Не знам дали родителите на изгорените деца во Кочани ја разгледуваат можноста да дојдат до сатисфакција така како што Ума Турман дојде во Кил Бил: Да ја следат сопствената трага на одговорноста и во Штабквартирата на злото да ги потепаат сите убијци?! Тоа е опасен и неодржлив начин од аспект на законот. Вовед во хобсовски хаос. Но, што да се прави кога системот ги турка луѓето во зоната кога во недостиг на други избори некои ...