Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по рускиот напад врз градот Добропилија во Доњецк, во кој загинаа најмалку 11 лица, изјави дека таквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети и дека затоа е важно да се зајакне воздушната одбрана на Украина, како и да се заострат санкциите против Русија. Тој нагласи дека сè што му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната против Украина мора да биде ...

Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија. Во текот на денот имаше многу интензивна работа на различни нивоа со тимот на Трамп, со голем број разговори. Темата е јасна: мир што е можно поскоро, рече украинскиот претседател ...

Студентите во Србија денеска започнаа генерален штрајк, поддржан од ректорската управа на Универзитетот во Белград, адвокатската комора, синдикати и поголем број иницијативи. Тие повикаа на блокади и протестни прошетки, како и на широка мобилизација на граѓаните да им дадат поддршка на протестите. Студентите ги повикаа луѓето да не одат на работа, да не трошат пари и да не посетуваат кафулиња, супермаркети и други јавни места. Протестите се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта. Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор, напиша Трамп. Во пораката тој ги повика двете ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела. Изземањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор (НАФТА). Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да платат повеќе“. „Мојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаа проблем и ја ...

Лидерите на земјите членки на Европската унија на денешниот специјален Европски совет не успеаја да постигнат консензус за предложените заклучоци за поддршка на Украина, откако со нив не се согласил унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во усвоената официјална верзија на заклучоци во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека на прашањето за Украина ќе се ...

Високи претставници на администрацијата на Трамп следната недела ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, јавија Фокс њуз и Аксиос. Средбата ќе се одржи в среда, објави Аксиос, повикувајќи се на два неименувани извори. Американскиот државен секретар Марко Рубио и други заминуваат за Ријад во вторник, а Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе учествува на состанокот ...

Норвешка ќе ја зголеми својата помош за Украина за 50 милијарди норвешки круни (4,2 милијарди евра) во 2025 година за да достигне 85 милијарди круни помош (7,2 милијарди евра), изјави денеска премиерот Јонас Гар Стoре. Норвешката поддршка ќе и помогне на Украина да се спротивстави на Русија и (да го зајакне) мировниот план на кој работат европските земји. Војната за агресија на Русија против Украина е во полн ек и Русија силно се вооружува, рече ...

Ова се неизвесни времиња и знам дека некои можеби се загрижени за иднината на НАТО, но трансатлантските односи и партнерство остануваат основа на Алијансата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда во Брисел. Додека сојузниците работат на зголемување на нивните инвестиции во одбраната, многумина работат и на тоа како може да придонесат за праведен и траен мир за Украина. Сите сакаме ...

Британската влада денеска соопшти дека на украинската војска ќе и испорача нови јуришни беспилотни летала за „спротивставување на руската агресија во Црното Море“. милиони евра) со британската филијала на американската одбранбена технолошка компанија Anduril Industries“, соопшти британското Министерство за одбрана на маргините на посетата на министерот Џон Хили на Вашингтон. Хили во текот на денот треба да се сретне со неговиот американски ...

Граѓаните револтирани од високите сметки за струја решија својот револт да го изразат со протест пред ЕВН во Бутел. Тие велат дека ќе организираат секоја недела протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќаше високи сметки за струјата. Бараат итно да се намалат сметките за електрична енергија, пишува ЦивилМедиа. Помеѓу демонстрантите беше и аналитичарот Рамадан Рамадани кој испрати порака до ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп. Одлуката се очекува во април, а се работело на тоа дури и пред минатата недела Трамп јавно да се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тоа е дел од пошироките напори на администрацијата на Трамп да го отповика правниот ...

Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема. Станува збор за пожар во станбена зграда на 5-ти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјалаи штета, изјави командирот ...

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, рече дека денешната средба е клучна за да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, но ја истакна и важноста од одржување добри односи со САД. Шолц исто така ги коментира плановите на идниот канцелар Фридрих Мерц за зголемување на трошоците за одбраната, вклучувајќи ги и уставните промени, додавајќи дека политичкиот консензус за ова прашање се чини дека расте во Германија. Тој истакна дека ЕУ ...

Овој Европски совет се одржува во многу важно време, кога се потребни значајни мерки, за што е потребно единство, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа. Ова е пресвртен момент за Европа. Украина е дел од нашето европското семејство и ова е и пресвртен момент и за Украина. Европа се соочува со јасна и актуелна ...

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, рече дека е време Европската Унија да покаже оти може да застане на свои нозе и да ја поддржи Украина. Конечно, по ѓаволите, време е европските лидери да испратат јасна порака дека се подготвени да останат на своите зборови и финансиски да ја поддржат Украина. Ова долго време го бараме. Европската унија, Европа, да покаже дека може да застане на свои нозе. Затоа постојано велиме – мораме ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот ги попрскува главите на верниците со пепел или прави крст на нивните чела со пепел. Во христијанската традиција посипувањето со пепел означува покајание и подготвеност за нов живот. Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред Фидел Кастро да дојде на власт. Набргу тие ѝ се ...

Четворица високи соработници на американскиот претседател Доналд Трамп одржале тајни разговори со водечките политички противници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави бриселски „Политико“. Според украинските парламентарци и републикански експерт за надворешна политика на САД, сојузниците на Трамп разговарале со опозициската лидерка и поранешна премиерка Јулија Тимошенко, како и со високи членови на партијата на поранешниот ...

Бесим Небиу: Се работи за политички проценки и стратешки позиционирања во пресрет на локалните избори. ДУИ има проценето дека во услови кога ВМРО-ДПМНЕ е толку доминантна во однос на СДСМ според рејтингот, а СДСМ се дистанцира од било каква соработка со ДУИ, додека односот меѓу двете опции во албанскиот блок е врамнотежен, како што е случајот во моментов – гласовите на етничките македонци ќе бидат пресудни во средините каде Албанците се ...

Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите. Според најавата од Собранието, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека конфликтот во Украина станал посредна војна меѓу САД и Русија и дека ќе биде неопходно да се најде начин да се стави крај. „Претседателот Трамп верува дека ова е долготраен конфликт кој дошол во ќорсокак, и искрено, тоа е посредна војна меѓу нуклеарните сили: САД, кои и помагаат на Украина, и Русија“, изјави Рубио за Фокс њуз, објави на сајтот Стејт департментот. Тој додаде дека украинскиот ...

Европскиот совет ќе расправа за промените во меѓународната средина поврзани со безбедноста, одбраната и Украина на вториот вонреден состанок годинава во Брисел. Во разговорите се очекува да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за повторно вооружување. Ќе бидат разменети мислења за можностите за постигнување мир во Украина и ...

Средношколците од Белград повикаа на генерален штрајк. Утре во 15.30 часот ќе се соберат кај Славија, а потоа ќе направат протестна прошетка. „Повикуваме на генерален штрајк, не само поради вртоглавото покачување на цените во Србија, туку и поради состојбата во земјата, како и поради неодговорноста на сите надлежни институции кон нашите барања. „Граѓаните можат да учествуваат во генералниот штрајк со тоа што ќе дојдат на нашата прошетка или, ако ...

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат ...

Трамп пред американскиот Конгрес рече дека неговата администрација планира „да го врати Панамскиот канал и веќе почна да го прави тоа“. Панамскиот канал го изградија САД на почетокот на 20 век, но во 1999 година и беше отстапен на Панама. Во меѓувреме, американската компанија Блек Рок (Black Rock) се согласи да купи две пристаништа на двата краја на Панамскиот канал од фирмата Си-Кеј Хачисон (CK Hutchison) со седиште во Хонг Конг. Според ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека американските царини за Канада се глупави и рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да соработува со рускиот претседател Владимир Путин, додека води трговска војна против најблискиот сојузник – Канада. Канадскиот премиер истакна дека Канада ќе воведе одмазднички царини за американски стоки во вредност од повеќе од 100 милијарди долари како одговор на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва и се обрати на нацијата пред утрешниот самит на Европската Унија во Брисел. Оцени дека Французите се „со право загрижени“ за меѓународната ситуација. Историските настани го тресат светскиот поредок бидејќи американската поддршка за Украина е неизвесна дури и кога САД се обидуваат да воведат царини за сојузниците, рече Макрон, додавајќи дека Русија е закана за Франција, но и за цела Европа. За ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе разговара со европските сојузници за идејата за користење на француското нуклеарно одвраќање за заштита на континентот од заканите од Русија. Франција е единствената нуклеарна сила во Европската унија. Макрон, во телевизиско обраќање до нацијата, ја опиша Русија како „закана за Франција и Европа“ и рече дека одлучил „да ја отвори стратешката дебата за заштита на нашите сојузници на европскиот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со словенечкиот премиер Роберт Голоб за планот за првите чекори кон праведен и одржлив мир и истакна дека тој ќе биде готов во блиска иднина. Разговарав со словенечкиот премиер Роберт Голоб за да го информирам за лидерскиот самит во Лондон и да разговараме за нашите заеднички напори. Подготвуваме план за првите чекори кон праведен и одржлив мир. Работиме на тоа со забрзано ...

Фајронт

10 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
44%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
56%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.41
36%
1012
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.03
69%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
39%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
44%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
47%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
26%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
53%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75