Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција. Согласно судските документи од нашата ...

Стотици граѓани, студенти, ветерани од утрово се присутни пред зградата на судските власти во Нови Сад и им дозволија на вработени да влезат во зградата на судот со најава дека блокадата ќе ја продолжат по 11 часот. Тие очекуваат Апелацискиот суд денеска да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот за уште тројца активисти.На активистите Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ им е продолжен притворот за 30 дена, што значи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека стапиле во сила нови пакети санкции против Русија, усвоени од Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесе Укринформ. „Денеска стапуваат во сила неколку санкциски пакети. Првиот е насочен кон Руси кои учествуваат во финансирање на терористичките активности на Русија, како и во финансиски манипулации и шеми за избегнување санкции. Вториот пакет ...

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени при израелски воздушен напад врз училишна зграда во градот Газа, каде биле сместени внатрешно раселени лица поради војната,соопштија локалните здравствени власти. Меѓу загинатите и повредените има и жени и деца, соопштија медицински извори. На објавени видеа на социјалните мрежи – чие автентичност засега не е потврдена – се гледаат тела со тешки изгореници. Израелската армија засега нема ...

Украинските власти утрово соопштија за нова, трета последователна ноќ на масовни руски воздушни напади со употреба на големи групи борбени дронови, пренесе ДПА. Воздухопловните сили на Украина преку Телеграм предупредија и на нови напади со крстосувачки ракети, а воздушна тревога беше прогласена низ целата земја. Противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации, а регистрирани се бројни експлозии, соопштија властите. Според ...

Американскиот претседател Доналд Трамп употреби многу остри зборови за својот руски колега Владимир Путин по најголемиот воздушен напад на Русија врз Украина. Секогаш сум имал добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случило. Целосно полудел. Секогаш сум зборел дека ја сака цела Украина, а не само дел, и можеби се покажува како точно, а ако тоа го стори ќе доведе до пад на Русија“, напиша претседателот на САД на Truth Social. Што по ...

Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано, бидејќи денеска немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање. На денешната седница беа присутни 90 пратеници, а 53 гласаа „за“ и еден „против“. Во последните 12 обиди, седницата не успеа по истата точка – предлогот на претседавачот Авни Дехари да се премине од отворено на тајно гласање за избор на претседател на Собранието. Првата конститутивна седница на деветтиот состав на ...

Во руските напади врз повеќе украински региони вкупно загинаа 13 луѓе, а десетици се повредени, соопштија украинските власти. Помеѓу жртвите од бомбардирањето се и три деца, кои загинаа во украинскиот регион Житомир, соопшти украинската спасувачка служба на Телеграм. Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Кијив. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на ...

Вредноста на американскиот долар забележа пад откако агенција Мудис (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците. Доларот минатата недела забележа пад од 1,9 отсто во однос на шесте најважни светски валути. Вредноста на еврото во однос на доларот забележа раст од 1,7 проценти односно едно евро се менува за 1,1360 ...

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за ангелите“. Учесниците на маршот ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кратко запреа кај зградата на Општина Кочани и Полициската станица, а потоа стигнаа пред Основниот суд и Обвинителството. Единствената јавна порака, ...

Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија. Нашите прашања се логични и легитимни. Не знаеме на колкав рок се земени тие пари, колкава ќе биде каматата. Нашите пресметки се дека силно ќе биде оптеретен јавниот долг. Тоа денеска го посочи партискиот лидер Венко Филипче, одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, каде присуствуваше на Свечената академија одржана по повод Денот на сесловенските ...

Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792. Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран ...

Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. Денес го празнуваме нивното дело, делото на нашите првоучители, светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитност. Тоа го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во обраќањето на Свечената академија што по повод Денот на Светите Кирил и Методиј се одржа ...

Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана Министерството најави дека размената на заробеници ќе продолжи. И украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената договорена со Русија. Русија и Украина вчера соопштија дека размениле по 390 лица, ...

Русија ќе биде подготвена да ѝ предаде на Украина нацрт-документ за решавање на кризата штом ќе заврши размената на затвореници според формулата „илјада за илјада, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Би сакал уште еднаш да нагласам дека сме посветени и на договорите што неодамна беа постигнати во Истанбул меѓу делегациите на Русија и Украина. Ја завршуваме подготвителната работа за составување список за размена на ...

Врнко Филипче: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж. Само што го потпишале договорот и веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки. Сè е тоа една голема лага. Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ ...

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Семејствата на настраданите бараат неселективна правда и ги повикуваат ...

Најмалку осум лица се повредени изминатата ноќ во комбинираниот руски напад врз украинскиот главен град со ракети и беспилотни летала, соопшти градоначалникот на Киев Виталиј Кличко. Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на Киев, соопшти дека на повеќе локации избувнале пожари, а има и штети од паднати делови од беспилотни летала. Синоќешниот напад е еден од најголемите комбинирани руски воздушни удари врз Кијив од почетокот на ...

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји. „Ги враќаме нашите луѓе дома“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм и додаде: „Првиот дел од договорот за размена на 1.000 за 1.000 е имплементиран“. Зеленски рече дека од секоја ...

Двесте седумдесет војници и 120 цивили се вратени во Русија како дел од договорот за размена постигнат со Украина во Истанбул, објави руското Министерство за одбрана. 270 воени заробеници и 120 цивили беа предадени на Киев како дел од размената, се додава во соопштението. Разменетите руски војници и цивили моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што им се пружа потребната психолошка и медицинска помош. Сите руски војници и цивили ќе бидат ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков тип, и исто како и договорот со Република Унгарија, се потпишува без ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се ...

Имам чест да ја пренесам оваа изјава во име на 80 делегации, кои се обврзаа за почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилите во вооружени конфликти, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од ОН во однос на грчката иницијатива за заштита на цивилите во воените конфликти, потпишана и усвоена од 80 земји, меѓу кои и нашата. Иницијативата на Грција е во рамките на грчкото претседателство со ...

Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска е во Скопје како дел од својата посета на регионот. Вчера во Белград рече дека за Србија не постојат скриени патишта до членство и се очекува истата порака да ја пренесе и на македонските власти.Ова е сосема различна изјава од пред две недели кога рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето. Каја калас е Естонка најпозната е по омразата кон ...

Данела Арсовска: Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот градежен инспектор. Таков инспектор има општина Чаир и сите други скопски општини како посебни единици на локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Градот ...

Добро де, во случајов ме наградува Претседателката со амин од вмровската свита, ама тоа нели се подразбира дека така треба да биде, вели Трајко Славески за АХА. Рибаро По три и пол години седење во удобната фотелја во Град Скопје, исцрпно блокирање на сè што може во градот и жртвување на нервниот систем на скопјани, навистина не знам како станувам гувернер на Народна банка? Ваљда кога ќе го закочиш главниот град доволно долго, заедно со ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесоа предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка. Иницијаторите велат дека сакаат да испратат јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %. Зголемување на ...

Насир Селими: Држава која постојано се задолжува со финансиски средства не е добар потег, особено кога ги позајмува овие ресурси од надворешниот финансиски пазар. Што се однесува до последново задолжувањето, тоа нема врска со задолжување од меѓународниот финансиски пазар, туку од владата на една држава, што стана вообичаена практика на оваа влада (претходното задолжување беше од владата на Унгарија). Исто така за јавноста е доста нејасно под ...

Во следните два дена ќе ги посетам Србија, Косово и Северна Македонија и ќе се ангажирам со владите и граѓанското општество за нивниот пат кон ЕУ, објави утрово на Икс високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на официјалниот дел од нејзината работна посета на Белград. Дијалогот Белград-Приштина е неопходен за да се движиме напред. Сега е време повторно да се ангажираме, додаде ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
5.66
61%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
76%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.04
89%
1013
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.51
95%
1005
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
70%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1010
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
90%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1014
Currency

61.63

Currency

52.5

Currency

70.9922

Currency

36.204

Currency

38.25

Currency

67.2401

Currency

7.52839

Currency

0.69597

Currency

0.3372

Currency

0.52872

Currency

1.21051

Currency

0.57032

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Бакар

11.75

Злато

147776.72

Цинк

3.20

Калај

49.66

Сребро

2897.70

Паладиум

57453.38

Родиум

324722.54

Платина

74080.83