Не може да има договор за следниот долгорочен буџет на ЕУ оваа година без договор за новите даноци, им порача на 27-те национални лидери претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објавува „Еурактив“. Кошта напиша формално писмо со покана до лидерите што ќе одат во Брисел на 18 и 19 јуни, за да продолжат со работата на предлогот за седумгодишен буџет на ЕУ вреден речиси два билиона (илјада милијарди) евра. – Треба да ја фокусираме ...

КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ПРИОРИТЕТ, ВЕРОЈАТНО И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ВО БУЏЕТОТ Капиталните инвестиции нема да бидат жртва на фискалната консолидација и во овој момент не се очекува нивно намалување, а можно е дури и зголемување на средствата предвидени за оваа намена во буџетот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, посочувајќи дека досегашната реализација на капиталните расходи покажува позитивни ...

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис-заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постои значителен интерес кај турските компании за инвестирање во Македонија, по учеството на бизнис-форумот Македонија – Турција во Истанбул, каде што владината и бизнис-делегацијата ги презентираа потенцијалите на македонската економија пред турската деловна заедница, пренесе МИА. Мицкоски посочи дека целта на посетата е да се создадат директни врски меѓу македонските и турските компании и да се ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска предводи владина делегација во работна посета на Турција, ги повика турските компании да инвестираат во Македонија и да станат дел од, како што рече, нејзината развојна приказна, пренесе МИА. Обраќајќи се на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул, Мицкоски истакна дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување ...

Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на Предлог-законот за оружјето, со кој се предвидува уредување на условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз и пренесување преку државната граница на оружје, негови делови и муниција, пренесе МИА. Пратеникот Бране Петрушевски, во ...

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија му додели признание на претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, за неговиот придонес во работата на Националниот совет за граѓанско општество. Ѓурѓај истакна дека признанието претставува потврда за неговата досегашна ангажираност и посветеност во застапувањето на правата и интересите на малцинските заедници во Албанија. -Би сакал да изразам ...

Рецензија Петтото издание на „Класика меѓународен фестивал Струмица 2026“ се отвори со концерт што не беше само музички настан туку и вистинско сведоштво за можноста уметноста да создава нови светови. Вечерта започна со звук, а заврши со чувство дека присуствувавме на нешто ретко, нешто што не се случува често дури ниту на поголеми и позвучни фестивалски сцени. Особено е значајно што станува збор за фестивал што ја негува камерната музика ...

За само пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти повеќекратно подолго патување со автобус по истата релација. Ваква практична споредба денеска направија претставници на медиумите во рамки на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Го Грин“, со цел да се прикаже потенцијалот на јавниот превоз и потребата од негово модернизирање. Турата започна со автобус на ЈСП на релација Карпош 4 – Маџари, ...

Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје предупредува дека такси-дејноста во главниот град се соочува со сериозни и долгогодишни проблеми и апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за нивно надминување. Оттаму велат дека веќе девет години се наталожуваат нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на такси-превозниците, безбедноста на патниците и начинот на наплата на услугите. -И покрај бројните укажувања и ...

Полициски службеници од СВР Штип вчера лишиле од слобода 25-годишен жител на штипското село Долни Балван, откако бил затекнат како пали сува трева покрај магистралниот пат Штип – Кочани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 12.30 часот, во селото Долни Балван бил приведен Б.С. (25) од Штип. Според информациите од МВР, тој околу 12.00 часот бил затекнат како пали сува трева на потег меѓу пат и нива во ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на Бизнис-форумот „Македонија – Турција“ во Истанбул порача дека Владата останува посветена на создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, со цел поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, пренесе МИА. Како што соопшти Министерството за економија и труд, Дурмиши во своето обраќање истакнал ...

Размислувања на американскиот претседател по повод податоците за инфлацијата во САД ААмериканскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше податоците што покажуваат дека инфлацијата во САД се зголемила за повеќе од четири отсто, повторувајќи го своето верување дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран, пренесува „Ројтерс“. Податоците на американската влада покажуваат дека потрошувачката инфлација во мај се зголемила со најбрзо ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши увид на ...

Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамките на иницијативата „Градски ѕид за нови лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која „Лабораториум“ ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци ...

Две претстави се вечерва на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“. „Едмонд“ на Народниот театар од Битола во режија на Оливер Мицевски, во официјална конкуренција е од 19 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Благој Мицевски, а музиката – на Марјан Неќак. Играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, ...

Вестите за отпуштања поради воведувањето на вештачката интелигенција доаѓаат сè почесто. Според неодамнешниот извештај на Голдман Сакс, вештачката интелигенција веќе го намали месечниот раст на платите во САД за приближно 16.000 работни места во текот на изминатата година. Сепак, се чини сигурно дека луѓето ќе продолжат да бидат потребни уште некое време. Постојат чекори што можете да ги преземете за да спречите вештачката интелигенција да ве ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на бизнис-форумот „Македонија – Турција“ во Истанбул, каде што ја нагласи потребата од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји, пренесе МИА. Во своето обраќање, Сали истакна дека Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи, изградени врз заемна доверба, почит и ...

Јубилејното петто издание на „Маалски фестивал“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни во КСП Центар – Јадро и во Паркот на франкофонија. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добропознати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го обележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во јавен простор, филм, музика, базар и многу простор за средби и маалска дружба. Програмата започнува со ...

На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (I фаза). Предлог-законот за ...

Турција останува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, а билатералната трговска размена меѓу двете земји минатата година достигнала една милијарда американски долари, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пренесе МИА. Муцунски денеска учествуваше на бизнис-форумот „Македонија – Турција“, што се одржува во Истанбул и е посветен на унапредување на економските врски, трговската ...

Министерството за финансии подготвува измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со кои се предвидува значително зајакнување на регулаторната рамка, воведување построг надзор и поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на овие субјекти, пренесе МИА. Предложените законски измени предвидуваат воспоставување задолжителни внатрешни контролни механизми во секое финансиско друштво. Меѓу нив се формирање одбор за внатрешна ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на меѓународниот симпозиум организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај, оствари билатерална средба со гувернерот на кинеската централна банка, Пан Гонгшенг. На средбата беа разменети мислења за актуелните глобални економски и финансиски движења, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на зголемена неизвесност ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи го помина првото читање на пленарна седница во Собранието, што претставува значаен чекор кон зајакнување на мерките за заштита на јавното здравје и усогласување на домашната регулатива со современите предизвици поврзани со употребата на никотински производи, пренесе МИА. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека новото законско решение има за цел да ...

Презентирана платформата АРБУ за рангирање на балканските универзитети Дискусијата за состојбата и иднината на високото образование во Македонија и во регионот, како и за потребните реформи за напредок, беше отворена со презентацијата на платформата за Академско рангирање на балканските универзитети (АРБУ), која се одржа завчера во Стопанската комора на Македонија. Претседателот на АРБУ, проф. д-р Марјан Бојаџиев, ја претстави методологијата ...

Суверенистичките влади не ја напуштаат Европската Унија, туку тие ја редефинираат одвнатре. Нивната логика не е излез, туку преговарање во насока на повеќе национална контрола, помалку идеолошка униформност и постојано балансирање меѓу либералната доктрина на Брисел и сопствените економски реалности. Во таа смисла, иднината на ЕУ нема да се реши со големи расколи, туку со серија континуирани компромиси. Европската интеграција влегува во фаза ...

Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа. – Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени ...

Новите предлози на големата европска петорка го потврдуваат фазното пристапување Проектот за таканареченото „фазно пристапување“ и Европа во повеќе брзини, кој подолг период се обидуваше да се претстави како мртва идеја во бриселските дебати, очигледно се враќа на голема врата. Најновиот заеднички документ подготвен од петте влијателни земји членки на Европската Унија – Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург – јасно покажува ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, откако вирусот е регистриран во уште три нови здравствени зони, покажуваат најновите податоци на тамошните здравствени власти. Според владин извештај, заклучно со среда во земјата се потврдени вкупно 676 случаи на ебола, од кои 136 завршиле со смртен исход. Информацијата ја соопшти министерот за здравство преку објава на социјалната мрежа „Икс“. Новите жаришта на ...

Македонија денеска ќе биде зафатена од значителна временска промена, со пониски температури, повремени врнежи од дожд и услови за локална нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на одделни места дождот ќе биде проследен со грмежи. Локално се очекува поинтензивна нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и можност за ретка појава на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Бакар

12.58