Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот Вистинската големина во кошарката се гради преку фер игра, тимска доверба и храброста секогаш да бидеш транспарентен на теренот. Кога немаш што да криеш, вистината е единствениот резултат што навистина се брои. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува кошаркарот Марин Петков. Во време кога спортот сè ...

Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот Вистинската големина во таеквондото се мери преку дисциплината и храброста да останеш транспарентен во секој твој потег. Кога немаш што да криеш, вистината е твојата најголема сила во секоја борба. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува Филип Блажевски, репрезентативец во таеквондо. Во време кога ...

Нов исчекор за домашно производство на енергија од обновливи извори во Македонија Македонија направи значаен чекор кон забрзување на енергетската транзиција со усвојувањето на новиот Закон за користење енергија од обновливи извори. Станува збор за сеопфатна законска рамка што треба да создаде поповолни услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемувајќи го домашното производство на електрична енергија, и постепено да ја намали ...

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот, се вели во соопштението од Судот, пренесува МИА. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички ...

Еден маж е тешко повреден откако бил прободен со рог во лицето за време на традиционалната трка со бикови на фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона. Во инцидентот се повредени уште девет лица, кои се здобиле со различни контузии. Според шпанската новинска агенција ЕФЕ, повредениот е 30-годишен маж од Аликанте. Несреќата се случила при краток метеж на патеката, кога неколкумина учесници паднале на земја, а еден од биковите го ...

Тројца планинари синоќа успешно биле извлечени од планината Бистрица. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 18:46 часот, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава од лице кое побарало помош за извлекување од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), според добиените информации, станувало збор за група ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. ...

Германската полиција ја ослободи жената која синоќа беше земена како заложник во супермаркет во јужниот дел на Берлин, соопштија властите по успешно завршената полициска акција. – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена“, изјави портпаролот на берлинската полиција, Штефан Петерсен-Шуман. Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот по локално време во супермаркет во берлинската населба Мариенфелде. По повеќечасовна акција, ...

Бројот на загинати во двата силни земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови, пренесе „Гардијан“. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала најтешко ги погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (26) Кога зборуваме за нега на кучиња и мачки, речиси секогаш зборуваме за крзното. Дали е сјајно, меко и дали убаво мириса. Но науката укажува на една важна вистина – крзното не е живо ткиво. Влакното е составено од кератин, истиот протеин од кој се изградени и ноктите, и претставува мртва структура. Тоа значи дека ниту еден шампон, маска, масло или серум не може да ...

Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Грција влегува во значително поинтензивна фаза, откако по засилената координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА е забрзана динамиката на реализација на проектот, пренесе МИА. Како што соопшти Министерството, министерката Сања Божиновска, заедно со претставници на НОМАГАС и ДЕСФА, извршила увид во градежните ...

Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...

Брзината и практичноста на онлајн купувањето нè освоија одамна, но само еден брз клик понекогаш може да нè чини повеќе отколку што сме планирале. Со неколку едноставни правила на дигиталното банкарство, вашата виртуелна кошничка за купување станува безбедна зона со строго контролиран буџет. Нарачување од удобноста на вашиот дим Нарачувањето од удобноста на вашиот дом има безброј предности. Нема туркање во трговски центри, нема чекање во ...

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 41-годишниот О.А. од Скопје, кој е осомничен за две тешки кривични дела – „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, првото кривично дело било извршено на 12 јуни на кејот „Димитар Влахов“, каде што осомничениот, заедно со уште две лица, физички нападнал 38-годишен маж и му одзел велосипед, како и паричник со пари и лични ...

Евалуациите на високообразовните институции во земјава откриле неправилности во работењето на дел од нив, а оние што нема да ги отстранат во законскиот рок ќе се соочат со одземање на акредитациите и затворање. Ова денеска во Охрид го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска истакна дека, за разлика од претходните години, сега активно функционира Агенцијата за квалитет во високото ...

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Во струмичко село, ноќеска во 1.20 часот, полициски службеници од СВР Струмица привеле 49-годишен маж, кој, според пријавата, вечерта претходно физички го нападнал својот 68-годишен татко во семејниот дом и му нанел повреди. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ѝ наредил на американската армија да биде подготвена да изврши напади врз Иран доколку Техеран се обиде да организира или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата останува посветена на реформите и европската интеграција, но нагласи дека нема да прифати решенија кои, според него, би биле на штета на националните интереси, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на евроинтеграциите на земјите од регионот и патот на Македонија кон Европската Унија, Мицкоски рече дека Владата ќе продолжи со реформската агенда и е подготвена на ...

Редакциска анализа: Зошто претседателските избори во Франција наредната година се важен репер за евроинтегративниот процес на земјите кандидати Кога станува збор за иднината на Европската Унија, вклучувајќи го и нејзиното проширување, малку избори имаат тежина како претседателските избори во Франција. Причината не е само во тоа што Франција е една од најголемите и најмоќни земји членки, туку затоа што речиси секоја голема европска политичка ...

Осми септември 1991 година. Само неколку недели пред овој датум, украинскиот парламент го усвои Законот за прогласување независност на Украина, а во поранешната „втора република“ на Советскиот Сојуз подготовките за референдумот од 1 декември веќе беа во тек. Во меѓувреме, во друга поранешна република – овој пат југословенска – Македонија, референдум се одржува токму на тој 8 септември, иако со малку поинаква формулација од украинската: „Дали ...

Младиот графички дизајнер и визуелен автор Кеј Зеќировиќ го објави „Наши“ – нов „направи сам“ (DIY) фанзин, посветен на алтернативната уметничка и музичка сцена во Македонија. Изданието е создадено под менторство на Бојан Шашевски, како дел од резиденцијалната програма „Градски ѕид за нови лица“ во „Лабораториум“. „Наши“ претставува авторско визуелно истражување на независната македонска музичка сцена, спојувајќи графички дизајн, фотографија, ...

И Чаир, како и Тетово претходно, отвори големо прашање по основ на Охридскиот рамковен договор Уште неисушено мастилото на хартијата од донесената одлука на Уставниот суд за укинување на преименувањата на повеќе инфраструктурни објекти во Тетово (кои беа незаконски преименувани во Советот на Општина Тетово), Советот на скопската општина Чаир донесе одлука две улици да ги носат имињата на некој Командант Тели и Зекирија Хасани, припадници на ...

Во берлинската населба Мариенфелде од синоќа е во тек голема полициска операција за спасување на жена која била земена како заложник во супермаркет, пренесе ДПА. Според германската полиција, инцидентот започнал околу 22 часот по локално време, кога маж ја зел жената како заложник. Засега не се познати идентитетот на напаѓачот, неговиот мотив, ниту дали поставил какви било барања. Портпаролот на берлинската полиција, Штефан Петерсен-Шуман, ...

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште десет жртви од геноцидот во Сребреница, со што ќе биде одбележана 31-годишнината од едно од најтешките злосторства извршени на европско тло по Втората светска војна. Генералното собрание на Обединетите нации во 2024 година ја усвои Резолуцијата со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање и одбележување на геноцидот во Сребреница ...

Фестивалот „Зрно“ и оваа година ја продолжува својата мисија да создава простор за современа авторска фотографија, експериментални визуелни практики и меѓународна културна размена во Македонија. Во контекст на локална сцена каде што ваквите платформи на кое и да е поле се ретки, фестивалот претставува важна точка за поврзување на домашни и странски автори, публика и независни културни иницијативи. Изложбата на селектираните дваесет автори од ...

Јошаничка Бања до 13 јули ќе биде епицентарот на регионалната стрип-сцена. Годинава традиционалната 14-та Меѓународна стрип-колонија во Рашка прераснува во нов, проширен формат како дел од првиот фестивал на стрип „Инкубатор“. Оваа престижна уметничка манифестација, која со години ги поврзува младите таленти и искусните автори од разни земји, ветува богата петдневна програма исполнета со работилници, промоции и изложби. Како што извести Томе ...

Со гала концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет. Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат ...

Деновиве во Ресен беше обзнанет почетокот со работа на новото Здружение за литература и култура „Преспански треперења“ На свечен настан кој се одржа во црквата „Св. Наум Охридски“ во с. Болно, пред присутните беше претставена програмата на здружението. – Идејата е да ставиме посебен акцент во афирмирањето на поезијата, меѓутоа ќе се залагаме за побогат, поквалитетен и поразновиден културен живот. Исто така, сакаме да посветиме внимание на ...

МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА – МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Прашањето дали под нашите нозе се кријат резерви од нафта и природен гас со децении ја бранува македонската јавност. Додека едни веруваат дека сме богати со природни ресурси, а други дека немаме ништо, вистината се крие во старите весници и заборавените теренски извештаи. Светскиот тренд за истражување на ресурсите што се кријат во утробата на земјата стигна и до Македонија, каде што под земја има ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34