Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили починал вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, објавуваат негови блиски пријатели Поп-Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако често престојувал во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска земја. Веста за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата, кореографката Гордана Деан Поп‑Христова. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 ...

Државниот секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, ја претставува Македонија на 70-тата сесија на Комисија за статусот на жените, која се одржува во Њујорк во рамките на Обединети нации, информираа од Министерството. На панел-дискусијата насловена „Зајакнување на пристапот на жените до правда: пристап насочен кон преживеаните од родово базирано насилство“, Сабриу зборуваше за институционалната и ...

Дебатата за промена на изборниот модел го засега и прашањето за бројот на пратеници во македонското собрание Дебатата за промена на Изборниот законик овој пат почнува навремено, речиси две години пред одржувањето на редовните парламентарни избори, што им остава доволно простор на политичките партии да ги усогласат ставовите и да се посветат на исполнување на препораките што доаѓаат од Европската Унија, а се однесуваат токму на изборното ...

Промена на Изборниот законик што ќе значи излез од партиското вкалапување Под будното око на јавноста деновиве се следат активностите поврзани со расправата околу потребата за нов Изборен законик во пресрет на редовните парламентарни избори што треба да се одржат во 2028 година, а како обврска што земјава ја презела во насока на исполнување на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со изборниот процес. Во целиот овој пакет на изборни реформи се ...

Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија. Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна ...

На Меѓународен аеродром Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници евакуирани од неколку земји на Блискиот Исток. Како што соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно биле транспортирани со организиран превоз до Ријад, од каде со специјален лет безбедно го напуштиле регионот. Во авионот имало вкупно 151 патник, од кои 109 биле државјани на Северна Македонија, како и ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во КПД Идризово продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, пренесе МИА. Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и моментално се наоѓа во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште, според најавите, треба да бидат сослушани пет сведоци. На претходното ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој престојува во посета на САД, на Фејсбук соопшти дека се отвораат можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Светска банка со цел поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, на средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон се разговарало за инвестиции во инфраструктурата, транспортот и за зајакнување на ...

Лидерите на блокот нации од Групата седум (Г7) се согласија да останат во близок контакт „во наредните недели“ за да помогнат во решавањето на кризата во Заливот, стабилизирање на пазарите и заштита на снабдувањето со енергија, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони рече дека лидерите на Г7 претходно во текот на денот разговарале за економските и енергетските импликации од војната во Иран, додавајќи дека е важно моменталната ...

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата. Ова го објави шефот на ИЕА, Фатих Бирол, во изјава емитувана онлајн на веб-страницата на организацијата. Конфликтот на Блискиот Исток има силно влијание врз глобалните енергетски пазари, а Азија е најтешко погодена, рече Бирол. Одлуката за ослободување на количини од стратешките резерви ...

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи на денешната 7. седница со кои се оспоруваше уставноста на законските измени од Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“. Уставните судии одлучија дека измените во Законот за прекршоци не се во спротивност со Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари и од студентот Или Пачуку со кои се бараше Уставниот ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран. – Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија – напиша Пезешкијан на ...

Развојот на современите општества е тесно поврзан со напредокот на науката, а слабата научноистражувачка активност претставува показател за цивилизациски дефицит, оцени претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, во своето експозе на Годишното собрание на Академијата. Според него, науката и иновациите имаат суштинска улога во технолошкиот развој, економската конкурентност и интеграцијата на државата ...

Пратениците во Европскиот парламент денеска усвоија стратегија за проширување на Европската унија во која се оценува дека проширувањето е стратешки одговор на променливата геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на ЕУ. Според усвоениот документ, цената на непроширувањето би ја надминала цената на придружувањето на нови членки на ЕУ, што би ризикувало создавање на геополитички сиви зони подложни на ...

Напредокот на земјава во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурноста на снабдувањето, како и интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар беа во фокусот на работната средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот на Секретаријатот на Енергетска заедница, Артур Лорковски, пренесе МИА. На ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за Аксиос изјавил дека војната ќе заврши „наскоро“ и оти „практично нема преостанато ништо за гаѓање“. – Во секој момент кога ќе посакам да заврши, таа ќе заврши – ја пренесува Би-би-си изјавата на Трамп. Конфликтот почна на 28 февруари во соработка со Израел, чиј министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека војната „ќе продолжи без никаков временски рок“, пренесува МИА. Кац рече дека конфликтот ...

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека војната со Иран мора да се запре пред целиот регион да се „запали“ и додаде дека треба да и се даде шанса пред се на на дипломатијата. Воздушната одбрана на НАТО минатите денови пресретна две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушните и радарските бази на НАТО и САД, кои оттогаш се засилени, пренесува МИА. – Војната треба да се запре пред да се прошири и да го запали ...

Полска официјално почна истрага за наводна трговија со луѓе по првичната анализа на документите поврзани со покојниот, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Обвинителството во Варшава денеска соопшти дека документите иницирале основани сомневања дека во Полска биле регрутирани млади жени за сексуална експлоатација. Полска во февруари стана една од првите европски земји што формираше работна група за барање врски со Полска во милиони ...

Состојбата во државата во моментов е стабилна и нема предизвици што би можеле да го загрозат нормалното функционирање на системот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека институциите внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени навремено да реагираат. Тој посочи дека актуелните случувања поврзани со кризата во регионот на Заливот се уште се во почетна фаза, но Владата секојдневно ги анализира можните предизвици. ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила. Во ...

Иран предупреди дека цената на нафтата може значително да порасне, при што барел би можел да достигне и до 200 долари, во услови на зголемени тензии и воени дејствија во регионот. Оперативната команда на иранската армија Хатам ал-Анбија соопшти дека земјата преминува од политика на „одмазднички удари“ кон стратегија на „континуирани напади“ против своите противници, додавајќи дека САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата во ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини Обединетите нации за, како што рече, „стратешко молчење“ по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран, пренесе МИА. -Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова. -Може да се ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток носи значителни економски последици за Европејците поради зависноста на ЕУ од увоз на фосилни горива. – Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 проценти – изјави Фон дер Лајен во говор пред Европскиот парламент во Стразбур. Според неа, за само десет дена војна европските даночни ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се предвидуваат промени насочени кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните – соопштија од надлежното министерство. Со новиот правилник подетално се регулираат постапките за поднесување барање, потребната документација, начинот на функционирање на стручните ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател. „Слушнав дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав пријатели кои се поврзани со него и ми рекоа дека, фала му на Бога, е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на Телеграм. Иранската државна телевизија го опиша Хамнеи како „ранет ветеран од ...

Во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани шест одделни случаи на семејно насилство во повеќе градови низ државата, при што полицијата привела пет лица осомничени за физичко и психичко насилство – информираа од Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА. Во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот Ј.З. од селото Долна Бањица, по пријава од неговата 26-годишна сопруга. Според пријавеното, по ...

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се надмине преку издавање годишни визи кои ќе овозможат повеќекратен влез и излез од Шенген зоната – изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека веќе се водат разговори на билатерално ниво со неколку земји од Европската Унија кои се истовремено и дел од шенгенскиот простор, пренесе МИА. Тој истакна дека институциите активно работат на изнаоѓање ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата, по анализа на кандидатите и нивните биографии, заклучила оти Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Тој посочи дека при изборот биле разгледани и заклучоците од Советот на јавни обвинители, по што на владина седница била донесена одлука Савевски да биде предложен за функцијата. – Ги анализиравме сите кандидати, нивните биографии, како и заклучоците од ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информира дека е донесена одлука за избор на изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала, но постапката сè уште не е завршена бидејќи е поднесена жалба за која треба да се произнесе второстепената комисија. Како што појасни Љутков, евалуацијата на доставената документација е завршена и одлуката за избор на изведувач била донесена минатиот понеделник. Во рокот за жалби, на претпоследниот ...

Судскиот совет на 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што резултирало со апсолутна застареност на предмети. На седницата беа разгледани и усвоени извештаите на работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и во Апелационите судови во Гостивар и Скопје. Притоа, членовите на Советот укажаа и на системски ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
34%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
39%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
34%
1017
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
41%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
7.68
41%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
32%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
45%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
30%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
37%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
37%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
8.75
41%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Калај

50.49

Рутениум

53788.20

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.62

Бакар

12.07

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

47416.53

Родиум

326330.08

Платина

63947.83

Злато

166450.52

Цинк

3.45