Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани денеска по комеморацијата во Собранието изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале со име нивните деца кои загинаа, пренесува МИА. – Денеска сме собрани овде, повикани од Владата за комеморација на нашите деца после една година од трагедијата. Очекувавме и се надевавме дека кога ќе дојдеме овде ќе им оддадат почит на нашите деца, но сè падна во вода. ...
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“ изјави дека институцијата не е надлежна за контроли на угостителски објекти, туку има сосема друга функција, пренесува МИА. -Согласно законот, треба да се сфати дека Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња, кафани и ресторани. Таа е институција ...
Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад. Возилото, со капацитет од 8 кубни метри, е обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад. Во наредниот период ќе бидат испорачани уште пет возила со капацитет од 12 кубни метри, едно со 8 кубни метри и два помали камиони од 6 кубни метри. Од ...
Министерот за здравство Азир Алиу и претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес-конференција по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. Министерот Алиу истакна дека за функционирањето на здравствениот систем е од суштинско значење здравствените работници да се чувствуваат безбедно на своето работно место. – За ...
Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години е оставен во руинирана состојба, конечно ќе биде ставена во фунција за потребите на студентите. Министерството за спорт го означи почетокот на градежните работи за комплетната реконструкција и адаптација на салата во вкупна вредност од 54 милиони денари. Министерот за спорт, Борко Ристовски, на официјалниот старт нагласи дека салата, која повеќе ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на комеморативната седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани порача дека државата не смее да дозволи вакви настани повторно да се случат и дека институциите мора професионално и транспарентно да ја утврдат одговорноста. Во обраќањето пред пратениците, претставниците на институциите, дипломатскиот кор и семејствата на жртвите, Гаши истакна дека ноќта на 16 март минатата година оставила ...
Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип. Во пишаното соопштение се наведува дека вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно ...
Недостиг од основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучен помошен излез и отсуство на систем за дојава на пожар биле констатирани по трагичниот пожар во клубот Пулс. Ова на судското рочиште го изјавил инспектор од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) од подрачното одделение во Виница, пренесе МИА. Сведокот истакнал дека до моментот на несреќата Општина Кочани повеќе од десет години немала вработено инспектор за заштита и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон веќе ја добил војната со Иран, но нагласи дека американските сили ќе продолжат со операциите за да „ја завршат работата“, пренесе „Ројтерс“. Говорејќи на митинг во стилот на изборна кампања во Хеброн, Трамп изјави дека САД постигнале брза воена предност во конфликтот. – Никогаш не сакате прерано да прогласите победа, но ние победивме. Во првиот час беше готово – рече Трамп пред ...
По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката Пулс, во сабота, на 14 март, во Црква „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржат верски обреди во спомен на загинатите. Според најавите, со почеток во 8 часот ќе биде отслужена света литургија за упокоените, додека во 9.30 часот ќе се одржи општ парастос за жртвите од пожарот, пренесе МИА. Со богослужбите ќе чиноначалствуваат поглаварот на Македонска православна црква – Охридска ...
Пепо Леви на годишнината од депортацијата на македонските Евреи Со пораки дека сеќавањето е морална должност, а борбата против омразата историска одговорност, вчера кај поранешниот тутунски комбинат Монопол во Скопје беа одбележани 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во своето обраќање нагласи дека и по 83 години болката и горчината не ...
Прва проба на новата претстава во Драмскиот театар Во Драмскиот театар се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски. „Мачкина глава“ е драмски текст на Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Тој е автор на 35 книги од најразлични жанрови, а неговите драмски текстови по кои се работени претстави се играат пред ...
ЕКСПЕРТИ ДЕБАТИРАА ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЖЕНИТЕ Панел-дискусија во „Јуроп хаус – Скопје“ ги обедини претставниците на граѓанскиот сектор, академијата и на бизнис-заедницата. Целта беше да се воочат структурните економски недостатоци со кои се соочуваат жените во Македонија и финансиското влијание на родовата нерамноправност врз општеството. Настанот, насловен „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, го обележа почетокот на ...
Царински службеници на граничниот премин Граничен премин Блаце спречиле обид за криумчарење на 120 килограми тутун за наргиле, наменет за продажба на пазарот во Северна Македонија. Како што информираат од Царинска управа на Северна Македонија, тутунот имал вкупна вредност од 384 илјади денари, а со неговото откривање е спречена нелегална трговија со акцизна стока и избегнување плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади ...
И покрај сè посилните климатски промени, зголемувањето на глобалните температури и повременото слабеење на политиките за животна средина во одредени земји, експертите предупредуваат дека постои и друга страна на приказната – низа позитивни случувања што покажуваат дека борбата против климатската криза не е изгубена. Терминот екоанксиозност сè повеќе се користи за да се опишат чувствата на страв, стрес, гнев или тага што многумина ги ...
Дали сте подготвени да ги откриете слоевите на историјата, митот и необјаснетото? Овој месец Скопје станува епицентар за трагачите по скриени знаења. За првпат во Македонија познатиот хрватски поткастер, автор и истражувач на „граничните подрачја“ на науката, Ратко Мартиновиќ, доаѓа со две провокативни предавања, кои ветуваат дека ќе го променат начинот на кој гледате на нашиот регион и светот. Без разлика дали ќе се придружите во култниот ...
Накитот е еден од ретките модни детали што може да ја придружува личноста во текот на целиот живот. За разлика од гардеробата која се менува од сезона во сезона, одредени парчиња накит остануваат дел од личната колекција со години, па дури и со децении. Токму затоа начинот на кој избираме прстени, огрлици или пригодни нараквици често кажува многу за нашиот стил, но и за животните фази низ кои поминуваме. Како што минуваат годините, се менува ...
Неколку товарни бродови во Персискиот Залив беа нападнати во среда, предизвикувајќи нов скок на цените на нафтата и нови прашања за тоа дали танкерите ќе можат да патуваат низ Ормутскиот теснец додека беснее војната на САД и Израел со Иран, пренесе „Дејли њуз“. Најмалку три брода беа погодени од непознато оружје, се претпоставува ирански дронови, предизвикувајќи пожари и оставајќи најмалку три члена на екипажот исчезнати од тајландски брод ...
Државен завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) за 2024 година, при што се утврдени повеќе слабости во работењето на институцијата. Според ревизорскиот извештај, констатирани се недостатоци во процесот на вршење попис на средствата и изворите на средства, како и неизвршена процена на пазарната вредност на градежните објекти. ...
Знаменитостите на Македонија Во корпусот на римската историографија, делото „Historiae Alexandri Magni“ на Квинт Курциј Руф зазема особено место, не само поради неговата литературна вредност туку и поради уникатниот поглед што го нуди кон културната и јазичната самосвест на Античките Македонци. Иако создадено во првиот век по Христа, во време кога Рим веќе ја имаше апсорбирано хеленската култура и ја претставуваше како дел од сопствената ...
Цените на нафтата повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел, само неколку дена откако достигнаа четиригодишен максимум, под влијание на растечките геополитички тензии на Блискиот Исток, објави „Си-ен-ен“. Пазарите реагираат на продолжувањето на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, што создава сериозни стравувања за стабилноста на глобалното снабдување со гориво. Растот на цените доаѓа и покрај одлуката на Меѓународната агенција ...
Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин отвори нов бран претпоставки, размислувања, па и ставови во дипломатските кулоари. Иако официјално се зборува за „предлози за прекин на огнот“, во заднина се анализираат неколку многу покомплексни сценарија за кои дипломатите претпоставуваат дека малку подетално ги разгледувале Трамп и Путин во својот едночасовен телефонски разговор, а кои се ...
Координирана стратегија за ревизионизам, медиумски напади и дипломатски притисок врз Македонија Во изминатиов период се забележуваат засилени активности од бугарски центри насочени кон македонската држава и припадниците македонскиот народ, кои се манифестираат преку различни форми на политички, медиумски, културни и дипломатски притисоци. Се појавија графити на бугарски клуб во Битола за кои постојат сознанија дека се направени за да се ...
За американската тактика на „обезглавување на непријателот“ со која војува Вујко Сем Во современата воена терминологија, „удар на декапитација“ претставува стратегија насочена кон елиминирање или неутрализирање на врвот на политичкото и военото раководство на една држава или организација. Основната логика е едноставна. Имено, доколку се отстрани командниот врв (државни политички и воени лидери), тогаш системот ќе остане без координација, ...
Повод за редакциска опсервација: Директниот едночасовен разговор на американскиот претседател Трамп и рускиот претседател Путин Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин повторно ја отвори најголемата геополитичка дилема на денешницата. Имено, „дали се подготвува голем дипломатски пакет што би можел истовремено да ја сопре војната на Блискиот Исток и да го замрзне конфликтот во Украина“? ...
Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје одреди мерки на претпазливост за професор од средното уметничко училиште СУГС „Лазар Личеноски“ во Скопје, кој е осомничен за кривичното дело „сексуално вознемирување“ врз ученичка. Како што информираат од Судот, мерките се изречени по предлог на Основно јавно обвинителство Скопје. Осомничениот ќе треба да ја предаде патната исправа, има забрана за вршење определени работни ...
Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили починал вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, објавуваат негови блиски пријатели Поп-Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако често престојувал во Скопје, последната година и пол ја поминал во оваа јужноамериканска земја. Веста за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата, кореографката Гордана Деан Поп‑Христова. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 ...
Државниот секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, ја претставува Македонија на 70-тата сесија на Комисија за статусот на жените, која се одржува во Њујорк во рамките на Обединети нации, информираа од Министерството. На панел-дискусијата насловена „Зајакнување на пристапот на жените до правда: пристап насочен кон преживеаните од родово базирано насилство“, Сабриу зборуваше за институционалната и ...
Дебатата за промена на изборниот модел го засега и прашањето за бројот на пратеници во македонското собрание Дебатата за промена на Изборниот законик овој пат почнува навремено, речиси две години пред одржувањето на редовните парламентарни избори, што им остава доволно простор на политичките партии да ги усогласат ставовите и да се посветат на исполнување на препораките што доаѓаат од Европската Унија, а се однесуваат токму на изборното ...
Промена на Изборниот законик што ќе значи излез од партиското вкалапување Под будното око на јавноста деновиве се следат активностите поврзани со расправата околу потребата за нов Изборен законик во пресрет на редовните парламентарни избори што треба да се одржат во 2028 година, а како обврска што земјава ја презела во насока на исполнување на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со изборниот процес. Во целиот овој пакет на изборни реформи се ...