Полицијата вчера во 17 часот го уапсила Д.Б.(50) од селото Куклиш, Струмичко. Тој се сомничи дека околу 14 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на неговиот соселанец М.Ѓ. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, нагласува СВР Струмица. Полицијата вчера во 17 часот го ...

Изминатиот викенд во Куманово, полицајци од СВР Куманово ги уапсиле 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с. Љубодраг, Кумановско. Претходно олициски службеници од СВР Куманово во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршиле контрола во угостителски објект во с. Доброшане, Кумановско, сопственост на М.П.. За време на контролата биле затекнати 15 ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, ...

Новиот македонски долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ и продуцентот Томи Салковски ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“ на годинашниот 76-ти Берлински филмски фестивал, беше соопштено денеска во Берлин. Во селекцијата „Перспективи“ се натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови од целиот свет. Во оваа селекција македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено меѓународно жири кое ќе одлучи кој од 14-те ...

Европратениците денеска со големо мнозинство го поддржа барањето на Европската комисија за усвојување на финансискиот пакет на ЕУ за поддршка на Украина по скратена законодавна процедура. Согласно ваквата одлука, Европскиот парламент на следната пленарна седница ќе треба да се изјасни за предлог за исплата на заемот од 90 милијарди евра за поддршка за Украина. Со предлогот се предвидува ЕУ да обезбеди кредит од 90 милијарди евра за Украина ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата. Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на ...

Во земјава утре ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од снег, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ...

Повеќедневната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), која за утре прогнозира снег, вели дека од задутре ќе имаме стабилно време. Следува период на променливо облачно време. Утре ќе има повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 см., предвидува УХМР. Потоа до сабота ќе се задржи ...

Царинските службеници во последните денови имале активна работа на повеќе гранични премини, откривајќи серија обиди за криумчарење пари и стока. На граничниот премин Табановце, мобилен царински тим пронашол кај двајца грчки државјани 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од околу 90 грама. При личен преглед, возачот имал и 23.900 евра во џебови и паричник. Од законски дозволените 10.000 евра им биле вратени, а остатокот од пари ...

Уште еден возбудлив ден на Европското првенство за македонската ракометна репрезентација. Мечот против Романија, кој е последен од групната фаза е важен од два аспекти. Првиот е дека со било каква победа, нашиот национален тим ќе биде носител пред ждрепката за бараж мечот за пласман на СП 2027 година, вториот пак е притисокот за евентуален пласман во главната рунда. На Македонија и треба чудо, бидејќи пред оваа средба вкупната негатива која ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање сегашниот статус на островот како дел од Данска. – Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство – изјави на годишната прес-конференција во Москва. Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен. Лавров нагласи дека Москва нема интерес да се меша ...

Од саботата попладне кога во Неготино во домот на родителите на Апелациониот судија Ѓоко Ристов зад ѕид од цигли и плочки беа најдени 350 илјади евра, никој не кажува каде е судијата и дали ќе се бара притвор за него. Се чека Обвинителството за гонење за организиран криминал и корупција да каже дали Ристов е обезбеден, откако поминаа повеќе од 24 часа од претресот и се поголеми се сомнежите и шпекулациите дека е надвор од земјава. Последните ...

Министерството за здравство и надлежните институции решија со рестриктивен пристап да ја намалуваат стапката на пушење во Македонија. Во образложението на новиот предлог Закон за заштита од пушење се истакнува дека според податоци на Светската здравствена организација над 45% од возрасната популација во земјата пуши. Затоа нашите власти решаваат да го ограничат пристапот до цигарите, но воедно и до алтернативните никотински производи кои ...

Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање информации“, со цел објавување статии за нив. Во тужбата, војводата од Сасекс изјава дека бил подложен на „застрашувачко нарушување на приватноста“, коешто, според него, извршило голем притисок врз неговите лични односи и имало ...

Одговорот на Европската Унија на царините на Трамп за Гренланд ќе биде „непоколеблив“, изјави Урсула фон дер Лајен. Доколку Доналд Трамп воведе царини од 10% во осум европски земји, Европската Унија ќе возврати со „непоколеблив, обединет и пропорционален“ одговор, изјави Урсула фон дер Лајен во вторник наутро, подавајќи му рака на американскиот претседател за продлабочување на соработката во арктичкиот регион. „Безбедноста на Арктикот може да ...

Кина и Хрватска во вторникотот соопштија дека САД ги поканиле да се приклучат на „Одборот за мир“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп насочена кон решавање на конфликти низ целиот свет, но не кажа дали ќе ја прифати поканата. „Кинеската страна ја прими поканата од американската страна“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција. Сепак, тој не кажа дали Пекинг ...

Русија ја нападна Украина преку ноќ со повеќе од 300 дронови и „значаен број“ балистички и крстосувачки ракети, соопштија утрово украинските воздухопловни сили, а претседателот Володимир Зеленски рече дека на Украина ѝ се потребни повеќе залихи за својата воздушна одбрана. Украина доби нова серија ракети за воздушна одбрана дури вчера, истакна Зеленски. Тој нагласи дека ова не помогнало во зајакнувањето на одбраната, додавајќи дека има итна ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2026 година изнесува 66.413 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2025 година, која изнесува 65.492 денари, јануарската е „потешка“ за 921 денар. r 03. Станарина, вода, електрична енергија и греење ( со изнајмен стан 60м2 ) = 21.713 денари /Синдикална минимална кошница вкупно: 81.788 100 % Вредноста на ...

Анел Фидоски е новиот раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, по гласањето на Советот на јавните обвинители каде што мнозинството членови ја поддржаа неговата кандидатура. Тој освои 7 гласа, додека досегашниот шеф Гаврил Бубевски доби 5 гласа. Во изборот за една од најзначајните позиции во македонското правосудство, учествуваа вкупно пет кандидати: Фидоски, Бубевски, Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Анел ...

Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за ...

Четиримина возачи биле уапсени вчера и денеска, затоа што возеле под дејство на алкохол. Двајца од нив направиле сообраќајки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во 40 минути по полноќ ноќеска, на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, бил уапсен А.Ј.(38) од Свети Николе. Претходно тој со автомобил „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки удрил во две паркирани возила. Проверката утврдила дека е под дејство на алкохол, односно ...

На улицата ЈНА во Струга ноќеска кратко по полноќ бил уапсен стружанецот М.Д.(35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, вели СВР Охрид. По извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На улицата ЈНА во Струга ноќеска кратко по полноќ бил уапсен ...

СВР Охрид поднел кривична пријава против Т.Т.(53) од Охрид и Е.Д.Г.(44) од Радовиш, товарејќи ги за „бесправно градење“. Тие, како инвеститори, на катарстарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект без од надлежен државен орган да им биде издадена градежна дозвола. При контрола извршена на 17 декември лани констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било ...

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците можат денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево, таа кажа дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Пораката на министерката следува откако деновиве во ...

Попладне вчера во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти за две интервенции на улични дефекти, поради кои се направени две привремени исклучувања на водата. Поради уличен дефект ф 2“ на ул.Македонско-Косовска Бригада 3/86 (Тенеќе Маало), во 11 часот е прекинато водоснабдувањето на Тенеќе Маало. Водата повторно ќе биде пуштена по завршувањето на санацијата на дефектот. Исто така, поради уличен дефект ф-90 мм на ул.6 и бр.24 во селото Батинци, во 10.30 часот ...

Големиот христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата „Зегин“. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната скопска манифестација, а манифестации се одржаа и во останатите скопски општини, како и во градовите ширум целата земја. Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година, како и сите оние кои со голема ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 200% на француското вино и шампањот откако помошник на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „нема намера“ да прифати покана за приклучување кон „Одборот на мирот“ за Газа. „Никој не го сака затоа што многу наскоро ќе ја напушти функцијата“, рече Трамп откако слушна од новинар дека Макрон веројатно нема да се приклучи на одборот. „Ќе ставам царина ...

Државна лотарија изминатата година ја потврди својата улога како голем поддржувач на културата и спортот во Македонија. Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествената одговорност, компанијата ја демонстрира својата посветеност кон заедничкото добро и ја зајакнува својата позиција како активен член на општеството и партнер во неговиот развој. Преку одговорно приредување игри на среќа за граѓаните над 18-годишна возраст, ...

Со започнувањето на второто полугодие од учебната година, се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена проценка на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес, порачува Републичкиот совет за безбедност на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Белград

2ᴼ / -2ᴼ
2.06
86%
1003
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
86%
1000
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
77%
1007
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.66
96%
1007
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
91%
1001
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
80%
1009
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
75%
1009
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
95%
1004
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1001
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191