Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај при Министерството за внатрешни работи веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. По преземените дејствија, лицето ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека Велика Британија повеќе не треба да се нарекува Велика Британија бидејќи е единствената земја во светот што официјално го носи името „Голема“. „Мислам дека Велика Британија треба да се нарекува едноставно Велика Британија бидејќи ‘Голема Британија’ е единствениот пример за земја што ја има придавката ‘Голема’ во своето име“, им рече Лавров на новинарите, осврнувајќи ...
Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос. „Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена ...
Бруклин Пелц Бекам, син на славната британска двојка Дејвид и Викторија Бекам, изјави дека не сака да се помири со своите родители по семејната расправија што ја опиша во долга објава на социјалните мрежи во понеделникот. Двесети ишестгодишникот изјави дека неговите родители ги контролирале медиумските приказни за неговото семејство и се обиделе да му ја „уништат“ врската со неговата сопруга Никол Пелц Бекам. „Не сакам да се помирам со моето ...
На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард. „Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja детерминира оваа проблематика. Јас се сеќавам кога беше донесена формулата со којашто се пресметува ...
Судскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб осуди 35-годишна жена на 15 години затвор за тешко убиство на нејзината тригодишна ќерка, која ја фрлила во реката Сава во близина на мостот Јанкомир во Загреб во јануари минатата година. Дополнително, Судскиот совет ѝ наложи психијатриски третман, а по издржувањето на затворската казна таа ќе биде под засилен надзор. Судот го продолжи и притворот на обвинетата. Во обвинението на Жупаниското ...
Норвешка ги предупреди своите граѓани дека армијата ќе може да конфискува приватни куќи и автомобили во случај на војна со Русија. Воените претставници изјавија дека околу 13.500 писма биле испратени до Норвежаните со предупредување дека одредени средства можеби ќе треба да се конфискуваат – вклучувајќи недвижен имот, возила, чамци и машини, објави Дејли меил. „Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени услови, вооружените сили да имаат ...
Цените на нафтата се искачија во вторникот на меѓународните пазари кон нивото 65 долари, бидејќи инвеститорите се загрижени за проблемите со снабдувањето од Казахстан, потиснувајќи ја кризата во односите меѓу Европа и САД околу Гренланд. На лондонскиот пазар, со барелот попладнево се тргуваше за 79 центи повисоко отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 64,73 долари. На американскиот пазар, пак, барелот беше за 88 центи поскап од ден ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1:1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона. Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута. За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот пораз од Јаблонец од Чешка со 6:2. ...
Неколку илјади европски земјоделци протестираа во француски Стразбур во вторникот против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и латиноамериканскиот блок Меркосур. Според локалните власти, околу 5.000 демонстранти и неколку стотици трактори пристигнаа во градот. Европскиот парламент оваа седмица ја одржува својата редовна пленарна седница во Стразбур. Пратениците на ЕУ ќе одлучат во среда дали да побараат мислење од Европскиот ...
Во вторникот („0.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ, објави Министерството за внарешни работи. ...
Македонското друштво „Илинден“-Тирана бара итно од Владата на Албанија повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа: во селото Зрноско, на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица. Оваа одлука произлегува од нормативниот акт „За одобрување на Националниот план за контингенција за мешани миграциски текови 2026–2028 година“, објавен во Службен ...
Судскиот совет на итната седница во вторникот со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата. Осомничениот апелациски судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и ...
Министерот за внатрешни работи на Сирија во вторникот изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако курдската веб-страница Rudad објави дека избегале 1.500 ултрарадикални сунитски џихадисти, повикувајќи се на портпарол на Сириските демократски сили (SDF). Министерството за внатрешни работи на новите исламистички власти во Сирија соопшти дека нејзините специјални сили и единици на сириската ...
Украина и Европа треба да создадат заедничка воена одбранбена сила со до три милиона војници, предложи украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот. Украинскиот лидер го изјави ова во разговор преку WhatsApp со новинарите. Тој нагласи дека го покренал прашањето за заедничка армија минатата година поради заканата од Русија, која планира да има 2,5 милиони војници до 2030 година. Во истиот разговор, Зеленски рече дека Украина е ...
Израел во вторникот ги урна зградите во комплексот на агенцијата на Обединетите нации а палестински бегалци (UNRWA) во источен Ерусалим, откако го окупираше местото минатата година, што агенцијата го осуди како кршење на меѓународното право. Опкружени од израелските сили, булдожерите урнаа неколку големи згради и други помали структури во комплексот на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации, каде што некогаш работеле десетици ...
Во населбата Дреновец во Тетово синоќа во 20.10 часот бил уапсен Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“. Р.Е. е задржан во полициска станица, извршен е ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми. Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан вчера ги обвини германските ...
Народната банка на Полска ги зголеми своите резерви на злато на околу 550 тони, во вредност од повеќе од 63 милијарди евра. Претседателот на Народната банка на Полска (НБП), Адам Глапински, со години нагласува дека златото игра посебна улога во структурата на резервите. Тоа е средство без кредитен ризик, независно од одлуките на монетарната политика на другите земји и е отпорно на финансиски шокови. Високите резерви на злато, исто така, ...
Во пожар што ноќеска избувнал во музејот на отворено „Фанагорија“ во бугарскиот пристанишен град Варна, настрадале седум коњи, а четири се спасени, јави бугарски „Сега“. „Фанагорија“ е всушност приватен бизнис што се наоѓа во населбата Аспарухово. Овој музеј на отворено има реконструкции на стари живеалишта, кули, занаетчиски центар и како атракции, нуди стрелање со лак, прошетка на деца со коњи, итн. Кога пожарникарите пристигнале на местото ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека изминатиов период е забележана појава на измамнички, односно фишинг напади кои се вршат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен ...
Русија и САД одржуваат контакти во врска со Балканот и Москва е отворена за такви дискусии, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска на годишната прес-конференција, на која ги сумираше резултатите на руската дипломатија во 2025 година. Лавров потврди дека постои дијалог со Вашингтон, но нагласи дека тој сè уште не донел видлив напредок. – Такви контакти постојат, но тие сè уште не довеле до никакви позитивни или ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска во гостување во емисијата „360 степени“. Тренчевска нагласи дека загриженоста на СДСМ, е отсуството на јасен механизам за контрола и надзор над системот ...
Судскиот совет на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов. Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, како што дополнија, ...
Германката М.С. (27) вчера била уапсена на Граничниот премин Табановце, на влез во земјава, откако при контрола во комбито „фолксваген“ во кое била, биле пронајдени и две тегли со печурки со психотропни супстанци. М.С. признала дека се нејзини. Уапсената била предадена на полицајци од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Германката М.С. (27) вчера била уапсена на Граничниот ...
Британската влада денеска и одобри на Кина да започне со изградба на својата нова амбасада во Лондон, која е дизајнирана да биде најголемата кинеска Амбасада во Европа, објавија британските медиуми. Амбасадата ќе биде изградена во близина на Лондонската кула по три години одложувања поради противењето на локалните жители, некои британски пратеници и активисти од Хонг Конг. Британските медиуми наведуваат дека одобрението за изградба е издадено ...
Данска не може да преговара за сопствениот суверенитет, идентитет и демократија, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен за време на обраќањето пред данскиот Парламент. „Ова е прашање на светски поредок. Најлошото можеби допрва доаѓа“, рече таа, пренесена од британските медиуми. Фредериксен оцени дека Данска во моментов е во „темно поглавје“. „Ако некој започне трговска војна со Европа, секако дека ќе одговориме. Никој во Европа не ...
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусон, упати остри критики до Европа поради, како што го нарече, нејзиниот „претпазлив одговор“ на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд. За време на Светскиот економски форум во Давос, Њусон, кој е од редовите на Демократската партија ги повика европските лидери да покажат поголема одлучност и да престанат со „соучесничката пасивност“ во односите со Вашингтон. – Време е да се ...
Во Арачиново вчера доцна попладнето во „фолксваген голф“ било пукано од „фолксваген пасат“, соопшти СВР Скопје. Инцидентот, кој се случил околу 17.20 часот, го пријавил О.Ј.(33) од с. Черкези, Кумановско. Биле испукани неколку куршуми, а притоа било оштетено ветробранското стакло на „голфот“, во кое бил пријавувачот О.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР. Во Арачиново вчера доцна попладнето во „фолксваген голф“ било ...
Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, при што просечната цена е 419,15 денари за килограм, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, откако посети три откупни пункта во Прилеп. Министерот нагласи дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го ...