Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска во во 14:00 часот ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје, долгогодишна извозно-ориентирана членка на Комората. Имајќи предвид дека унапредувањето на извозните потенцијали на компаниите претставува врвен приоритет на Стопанската комора на Северна Македонија и во наредниот период, средбата ќе биде искористена за да се поразговара за интензивните инвестициски ...
И покрај тоа што работи на подготовки на Филхармонија 2, концертот кој Јоце Панов неодамна објави дека ќе прерасне во традиција и ќе се реализира на 18 март оваа година, овој македонски пејач очигледно не запира со новитетите во својата кариера. Иако премиерата на спотот за песната „Нема жена како тебе” се случи пред неполн месец, на радост на неговите обожаватели на социјалните медиуми, во домашна атмосфера, на клавир сподели две видеа. За ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш по состанокот на кабинетот во понеделник изјави дека купил глобус за подобро да се запознае со локацијата на Гренланд, остров околу кој се засилија геополитичките тензии. – Прекрасен глобус, голем, за 15.000 чешки круни (620 евра) за да се види точно каде е Гренланд. „Орешник“ би летал од Русија до Белата куќа за 26 минути, а во единаесеттата минута би бил веднаш над Гренланд. Значи, аргументите на претседателот ...
По вчерашната четиричасовна средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјоделците попладнево на состаноци на блоковите ќе го разгледаат исходот од разговорите и ќе донесат одлука, дали ќе продолжат со протестите и блокадите што траат веќе 52 дена или ќе се повлечат, јави дописничката на МИА од Атина. Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на средбата со Мицотакис, беше дека не се многу задоволни од дискусијата. Меѓу ...
Појавата на нова политичка партија предводена од сега веќе поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи на Бугарија туку и нејзината надворешна политика. Ова се наведува во анализата на „Евроњуз“ по повод оставката на Радев и најавите дека ќе почне нов политички проект само два месеца пред следните предвремени парламентарни избори во земјата, која е зафатена од политичка криза. – Ставот ...
2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот! Добитните ВЛТ бројки во 2025: 44 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 290.200.309 денари 2 ПРЕМИУМ џекпот добитници → освоија 20.793.884 ...
Лепа Брена ретко открива делови од својот приватен живот, но неодамна направи исклучок зборувајќи за нејзината најдлабока интимност со својот сопруг, Боба Живојиновиќ. Имено, Брена се потсети на моментите кога биле млади и откри дека дури и морале да реновираат еден кат од хотел поради нив. – Кога се запознавме со Боба, не излеговме од собата шест месеци. Сега имам многу години, веќе сме баба и дедо. Што, мислите дека немавме момент каде што ...
Грција од 1 јануари ја запре продажбата на цигари и тутун во фри-шопот на граничниот премин Евзони, а властите објаснија дека цигарите и тутунот нема да бидат вратени во понудата бидејќи цените речиси се изедначиле со цените во Грција. Досега, фри-шопот во Евзони беше популарна станица за патниците кои сакаат да заштедат на цигари и на тутунски производи. Одлуката доаѓа во време кога вниманието во регионот е сè повеќе насочено кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“. Во разговор со новинарите, Трамп ја продолжи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вети дека нема да има присутни турски или катарски војници во Газа, наведувајќи дека Израел има „одреден спор“ со САД во врска со ова прашање. Нетанјаху ги даде овие забелешки за време на жестока дебата со 40 потписници во пленарната седница на Кнесетот и по неодамнешното објавување на американскиот претседател Доналд Трамп за формирање на Одборот за мир во Газа, кој вклучува турска и катарска ...
Двајца кумановци станаа предмет на обработка на Основното јавно обвинителство Куманово, поради брутално насилство врз сопственикот на кафеана во Куманово, кој одбил да ја отвори кафеаната по истек на работното време и да ги услужи. Го удирале по главата, му го повредиле увото, а исто така му ја скршиле десната рака. „На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била ...
Дирекцијата за меѓународна полициска соработка, во координација и соработка со надлежните единици на Косовската полиција и правосудните институции, вчера екстрадрале државјанин на Северна Македонија од Косово во земјава Македонија. Според полицијата, „екстрадираното лице претходно било уапсено од единиците на Косовската полиција, бидејќи се барало со меѓународна потерница издадена од правосудните институции на Северна Македонија, пренесува ...
Австралиските власти денеска затворија 30-километарски дел од крајбрежјето кај Сиднеј по трет напад од ајкула за два дена. Затворањата, имено, се случија откако еден човек беше каснат од ајкула и вчеравечер, како што соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Повредениот е лекуван од сериозни повреди на ногата и е однесен в болница во критична состојба. Советот на плажите во соопштението наведе дека сите 34 плажи во областа ќе бидат затворени до ...
Во Шпанија е прогласена тродневна жалост додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат уништените вагони за да ги пронајдат жртвите по судирот на возови во кој загинаа најмалку 40 лица, а десетици се повредени. Ова е прв ваков инцидент во Шпанија со супербрзи возови. Шпанските служби за итни случаи соопштија дека бројот на жртвите се искачил на 40, додека 41 повреден патник е хоспитализиран, од кои 12 се наоѓаат на одделот за интензивна ...
Над 100 возила учествуваа во огромен верижен судир на замрзнат автопат во американската држава Мичиген. Поради несреќата полицијата ги затвори двата правци на автопатот 196, а властите работат на отстранување на возилата. Во судирот учествувале и над 30 камиони. NEW: Drone footage shows a pile up of over 100 vehicles in Michigan. pic.twitter.com/7Pl15o1s4q — Reality Report (@RealityReportX) January 19, 2026 Нема загинати во несреќата, а ...
На територијата на целата земја, утрово дојде со минусни температури. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 Целзиусови степени, додека во Крива Паланка, Маврови Анови и на Попова Шапка температурата се спушти до -10 степени. Во Петровец се измерени -9 степени. Во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево утрото донесе -8 степени, а -7 се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип. Претор и Виница ...
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. На форумот во швајцарскиот зимски центар кој годинава се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, ќе има 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и повеќе од 850 извршни директори на водечки светски компании. – Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто ...
Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и ...
Свој коментар за досега одиграното и најава за мечот со Романија даде и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. „Со Романија откако сум во репрезентацијата сме играле четири или шест пати, пријателски или бараж натпревари. Се работи за колектив кој во минатото имаше одлични резултати, па имаше мала стагнација, ама сега тропа на големата врата на европскиот и светскиот ракомет. Имаат колектив играчи кои играат и во Лигата на шампионите, ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби правната битка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да ги задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплати за заостанати плати, објавија денеска италијанските медиуми. Роналдо се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година поведе арбитражна постапка против италијанскиот клуб, тврдејќи дека му должи 19,6 милиони евра за ...
Данска е подготвена да започне воена акција против САД доколку се обиде да го заземе Гренланд, изјави за Си-Ен-Ен Расмус Јарлов, шеф на парламентарниот одбор за одбрана. На новинарско прашање за подготвеноста на Данска да се спротивстави на евентуалната контрола на Гренланд од страна на САД, Јарлов одговори со директна закана: „Секако дека ќе го браниме Гренланд. Доколку има инвазија од страна на американски војници, ќе има војна“. Јарлов ...
За учениците од основното и средното образование на територијата на целата земјаа денеска почнува второто полугодие. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. „Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на ...
Група од 54 европратеници упатија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во кое го повикуваат извршното тело на ЕУ „под итно“ да создаде европски социјални медиуми. Писмото, потпишано од европратеници од Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), Зелените и од Левицата, е упатено во пресрет на денешната дебата во ...
Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, во време кога земјата се соочува со температури под нулата и продлабочување на енергетската криза, пишува „Киев Индепендент“ . Најмалку 11 балистички ракети Искандер – М биле истрелани на објекти од енергетската инфрастуктура на Киев, по што главнито град на Украина остана без струја. За Киев, ова е најтешката зима од почетокот на војната, ...
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска поднесува оставка пред Уставниот суд, како што објави во своето обраќање до нацијата синоќа. Уставот предвидува дека во овој случај, овластувањата на претседателот престануваат по утврдувањето од страна на судот на околностите наведени во актот за оставка. Во историјата на Бугарија, никогаш не се случило претседател да поднесе оставка од својата функција пред крајот на неговиот мандат. Во 1993 ...
Тестирањата, калибрирањата и поставувањата на камерите и остатокот од системот „Безбеден град“ што Министерството за внатрешни работи (МВР) ги најави минатата седмица, почнуваат денеска. Тестирањата започнуваат од Скопје, ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот. Поради тоа, ќе има сопирање на сообраќајот на местата на тестирање, што ќе предизвика застои на сообраќајниците. Во првата седмица од предвидениот период, ...
По најсилниот сончев блесок во новата година, на Земјата започна магнетна бура со умерен индекс на геомагнетна активност, објави ноќта кон вторникот Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките. Првиот блесок во 2026 година се случи ден претходно, со моќност од X1,95. Според проценките, исфрлената плазма ќе стигне до Земјата до пладнето по средноевропско време во вторник, 20-ти ...
Европа треба да се посвети на војната во Украина, а не на Гренланд, изјави Доналд Трамп во интервју за американската телевизиска мрежа NBC News. „Европа треба да се фокусира на војната меѓу Русија и Украина, бидејќи искрено, гледате каде ги доведе. На тоа треба да се фокусира Европа, а не на Гренланд“, рече републиканецот. Американскот претседател предизвика тревога на Стариот континент и тензии со западневропските сојузници во НАТО со своето ...
ЕВН Македонија АД најави дека денеска, вторник, без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. ( општина Гази Баба ) – во периодот од 9 до 16 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. ( општина Ѓорче Петров ) ЕВН Македонија АД најави дека денеска, вторник, без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 12 ...
ОВЕН Доколку денеска оценувате некоја ситуација, не држете се само до сопствената перспектива или животна филозофија, особено ако тоа не ве води кон ништо добро. Ќе биде полезно да чуете различно мислење, дури и ако е различно од вашето. Прифаќањето на гледиштето на другиот може да ве збогати. БИК Денеска можеби ќе најдете решение за емотивен или финансиски проблем што ве мачи веќе некое време. Меѓутоа, доколку не сте во можност да ...