Второлигашот Кожуф од Гевгелија ги започна подготовките за новата сезона која започнува на 15 август. Тимот од Гевгелија ќе има нов шеф на стручниот штаб, а на оваа позиција е назначен Благој Дуганов, додека пак негови помошници ќе бидат Стојче Крчев и Трајче Ников. Клубот договори и пријателски натпревари низ кои ќе ја проверува формата. Првиот пријателски меч ќе биде против Новаци на 25 јули, потоа на 28 јули ќе следува тест против ...

Второлигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона со првата прозивка која ја имаше стратегот Ѓорѓе Стојчев, откако истиот беше назначен за нов шеф на стручниот штаб пред околу еден месец. На првата прозивка беа сите фудбалери на кој стратегот Стојчев ќе може да смета за време на подготовките, но и за новата сезона. Подготовките Брера ќе ги реализриа во Струмица, а планирани се шест контролни средби преку кои стручниот штаб ...