Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија, Ист Гејт. Со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од ...
Фудбалерот за врска беше стрелец во победата на Црвена Звезда во пријателската средба со Јединство од Ужице (5-0). Македонецот го даде последниот гол за поставување на конечниот резултат, откако украде топка во шеснаесетникот и убаво пласираше крај голманот. Инаку, Гаштаров во пролетната полусезона настапуваше како позајмен во редовите на Борац Чачак, меѓутоа се врати во Белград и ќе се обиде да се докаже. Фудбалерот за врска беше стрелец ...
„Хезболах и Израел се согласија за прекин на огнот“, кажа функционерот, додавајќи дека преговарачите на Соединетите Американски Држави и Катар постигнале договор со помош на Иран. Во синоќешните израелски напади во јужен и источен Либан загинаа 21 лице, а 39 се повредени, соопшти Бејрут, додека Израел пријави загуба на четири војници и се закани дека Хезболах ќе плати „многу висока“ цена. Ова се најголемите и најсмртоносните напади од ...
Највисоко оценето вино од портфолиото на „Тиквеш“ и воедно најуспешно македонско вино на годинешниот натпревар е црвеното вино „Babuna 2022“, кое освои златен медал и високи 96 поени. Вториот златен медал му припадна на виното „Found Kratosija 2024“, произведено од „Тиквеш“ за британскиот пазар, кое беше оценето со 95 поени. Покрај двата златни медали, сребрени медали освоија црвените вина „Luda Mara 2024“, „Bela Voda 2022“, „Babuna 2023“, ...
Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина. „Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакнал министерот Хоџа. На средбата биле разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка ...
„На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители“, стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје. „На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени ...
Пухач присуствуваше на јавната расправа на законот на покана на АСОМ. Тој пред пратениците детално ја елаборираше, како што ја оцени, погубната математика на предложените измени, потенцирајќи дека тие се насочени кон директно уништување на спортските обложувалници преку оданочување на непостоечки профити и одземање на нивната финансиска сигурност. „Познавачите на игрите на среќа знаат дека секој облик има свои законитости. Спортското ...
Кавадаречкиот прволигаш се раздели со дури 11 фудбалери, а меѓу нив е и искусниот дефанзивец Даниел Мојсов. Покрај него, клубот го напуштаат и Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓорѓиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ. Од Тиквеш преку социјалните мрежи им се заблагодарија на фудбалерите за придонесот во изминатиот период, а во наредните недели се ...
„Независниот синдикат очигледно не го прочитал законот, а излегол со соопштение. Законска основа за прераспредување на наставниците во помошници на своите колеги за децата со посебни потреби постои и не е преименување во образовен асистент, тие се редовно вработени, ќе си примаат плата како наставници, само ќе учествуваат во наставата како образовни асистенти. Тоа е напишано во законот со нивна согласност ако немаат доволен број часови, токму ...
Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. Во време кога урбаните простори сè почесто се исполнети со унифицирани и анонимни елементи, ваквите интервенции покажуваат дека функционалноста и естетиката можат да одат рака под рака. Наместо да доминира во просторот, банкоматот ...
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ најави дека во текот на денов лично ќе му ја предаде на претседателот на македонско Собрание, Африм Гаши, за да биде донесена во законодавниот дом. Чучуљ истакна дека Акцискиот план на Националната стратегија содржи вкупно 113 мерки и 388 активности, а пред нејзино донесување спроведени се низа работилници и анкети со експерти од петте опфатени сектори во Националната стратегија. Инаку спроведувањето на ...
Иако на прв поглед тоа изгледа како логично решение, експертите предупредуваат дека ледено студената вода за време на големи горештини не е секогаш најдобриот избор за организмот. Студената вода може да предизвика шок за организмот За време на високи температури, крвните садови се проширени за телото полесно да го ослободува вишокот топлина. Кога нагло ќе влеземе под многу студен туш, доаѓа до брзо стеснување на крвните садови, што ...
Станува збор за едно од најпознатите дрвја во Англија, кое според преданието се поврзува со Робин Худ, легендарниот разбојник од 13 век. Според Кралското друштво за заштита на птиците, посетителите кои доаѓале да ја видат неговата разгранета крошна и извиткани гранки во текот на изминатите двесте години ја набивале почвата околу дрвото, што оневозможувало дождовницата да стигне до корените. Шервудската шума е под притисок со години, порано ...
За партијата, пред сè, неприфатливо е што во процесот на изготвување на ова законско решение, мислењата и предлозите на помалубројните етнички заедници не биле соодветно земени предвид. „Кога станува збор за закон кој директно го уредува принципот на правична застапеност, исклучувањето на помалубројните етнички заедници од процесот е спротивно на принципите на инклузивност и учество. Во својата сегашна форма, предлог-законот не нуди појасен и ...
Според владини извори, разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, поради што засега не се откриваат дополнителни детали. Јавноста, додаваат, ќе биде навремено информирана кога ќе бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија. Владини извори посочуваат дека останува непроменета позицијата на премиерот Христијан Мицкоски, кој неодамна на одбележувањето на 36-годишнината ...
Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што треба да одлучува по барањата на Обвинителството, а пет се недостапни на органите на прогон. Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е второосомничен, е веќе во притвор за друго дело за кое се сомничи и беше уапсен во април годинава. Јавниот ...
Кривичната пријава ја работи ОЈО Скопје, кое дало налог да се изврши претрес на три локации. Докторот работи во Клинички центар „Мајка Тереза“ и тој според првичните информации од предистрагата, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Од второосомничената, вработена како ...
Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамки на судската постапка за трагедијата, ...
Според обвинителството, согласно извршените вештачења во текот на истрагата сега обвинетиот делата ги вршел од ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. Така, ноќта помеѓу петт и шести јануари 2025 година во село Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. ...
Канадскиот репрезентативец мораше предвреме да го напушти теренот по еден незгоден дуел, а првичните информации говорат за сериозна повреда на ногата. По натпреварот за ситуацијата зборуваше селекторот Џеси Марш, кој призна дека моментот бил шокантен за целиот тим. „Се случи пред нашата клупа. Сите го слушнавме тоа. Веднаш знаев дека е тешка повреда. Сите слушнавме како се крши коска. Не може да останете рамнодушни на такво нешто, сите бевме ...
„Енергетиката не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата“, рече Ристов. Осврнувајќи се на енергетскиот развој, дополни дека ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната Никола Васев и Нехат Нухи за укинување на мерката притвор со определување гаранција, го уважи предлогот, а позитивно мислење дало и Јавното обвинителство. На обвинетиот Нино Васев му е определена гаранција во износ од 183.981 евра во корист на Македонија која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Нехат Нухи му е ...
„Амбасадата на Бугарија во Скопје им се заблагодарува на сите бугарски институции, организации и граѓани кои изразија поддршка за мисијата во актуелните особено тешки околности. Исто така, го поддржуваме правото на мирни граѓански протести како основно право во секое вистинско демократско општество. Воедно, најсилно бараме да не се провоцира блокирање на контролни пунктови или патишта меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша Радуков на ...
Една честа навика што може да има штетно влијание е работењето без доволно одмор. Постојаното преоптоварување со обврски може да доведе до исцрпеност, губење на концентрацијата и ослабен имунитет, додека организмот нема време да се регенерира. Слично на тоа, недоволното внесување вода може да доведе до дехидрација, што влијае на енергијата, расположението, концентрацијата и функцијата на органите. Прекумерната употреба на слушалки и ...
„Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку ...
Во Македонија во моментов се регистрирани 14 фитофармацевтски производи што го содржат глифосатот како активна супстанца, а десет од нив имаат одобрение за употреба во лозовите насади. Според Фитосанитарната управа, регистрацијата на ваквите препарати е можна само доколку тие претходно се одобрени во некоја земја-членка на Европската Унија. „Увозникот поднесува барање со кое доставува повеќе пропратни документи меѓу кои и дозвола за ...
Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето обраќање пред пратениците ги претстави вистинските намери на предложениот закон, потенцирајќи дека тие не се насочени кон заштита на граѓаните, туку кон воспоставување на целосен државен монопол. „Денес не сум овде за да ја бранам индустријата на игрите на среќа. Денес сум овде да ја бранам правната држава и да ја бранам еднаквоста пред законот. Денес сум тука да ги одбранам работните места на ...
Температурите ќе бидат летни, со вредности кои ќе се движат во висок интервал, при што максималните дневни температури во делови од земјата ќе достигнуваат од околу 29 до 38 степени Целзиусови. Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе бидат летни, со ...
Лавров нагласи дека вистинската намера е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како платформа за продолжување на конфликтот со Русија, пренесува ТАСС. „Вистинската цел на европските лидери затоа не е да преговараат со Русија. Тоа е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како отскочна даска за продолжување на конфликтот против Русија“, вели Лавров во својата статија насловена како „Украина, Европа и глобалната безбедност“. ...
Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината. Регистарот на е-трговци е единствена сеопфатна база на онлајн-продавачи во земјата што нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки што процесираат е-трансакции – Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, Халк ...