Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од 19 часот вечер со македонска изворна музика ќе настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија. „Старата скопска чаршија е најголема на Балканот и е заштитен национален симбол и една од ...

Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 паркинг места а инвестицијата е на Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ Конструкцион ДООЕЛ – Тетово, додека стручниот надзор го врши МГ Проект ДООЕЛ – Скопје, информираше градоначалникот Фисник Меља. Додава дека овој проект е резултат на посветеноста на локалните ...

Комитетот за превенција на насилство (ДЕАБ) изрече високи парични санкции за дел од главните актери. Центарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс, е казнет со 100.000 евра, додека ѕвездата на Панатинаикос, Кендрик Нан, ќе треба да плати 50.000 евра. Покрај кошаркарите, казни добија и двата клуба, Олимпијакос и Панатинаикос, поради настаните кои ја одбележаа финалната серија и во новата сезона ќе играат по еден меч без публика. Сепак, ова не е крајот ...

„Нема да пропуштам никаква можност за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин“, рече Фицо во видео обраќање до граѓаните објавено на Фејсбук, како што објави ТАСС. Премиерот нагласи дека го поддржува дијалогот со Русија, но дека во исто време одржува контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај „дијаметрално спротивставените ставови за многу прашања“. Фицо нагласи дека Словачка останува мирољубива земја, посветена на ...

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. „Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот“, се наведува во соопштението. ...

Македонскиот репрезентативец ќе остане дел од битолскиот состав и во наредната сезона, иако во изминатиот период имаше интерес и понуди од неколку странски клубови. Сепак, Кузмановски донесе одлука да остане во Битола и да продолжи да го предводи тимот како капитен. Средниот бек неодамна настапуваше како позајмен играч за Кувајт Клуб, со кој учествуваше на Азискиот шампионат, но по завршувањето на обврските се враќа во редовите на ...

За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја видел пред да ѝ се изгуби секаква трага пред три седмици. Токму затоа уште од самиот почеток се најде во фокусот на полицијата, беше повикан да даде исказ, но негирал секаква поврзаност со исчезнувањето на жената. Македонскиот државјанин во петокот ...

Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од Кривичниот суд информираат дека дополнително судот треба да се произнесе за мерките што треба да се донесат за петмината кои се во бегство, односно за определување на мерка притвор за двајца и мерки на претпазливост за три лица. Во акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција опфатени се 18 лица од кои 12 се ...

Според Игор Петковски, претставник на организаторот, секој има право на свое мислење, без да навредува и шири омраза. -Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонатано и е одговор на контра парадата што се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме начелата од кои ние сме водени. Тука сме за да ги одбраниме нашите вистини, нашите права, да покажеме зошто треба вистински да сме горди, и ако на нешто треба да бидеме ...

На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, археологот Дејан Георгиевски, пратеникот Бране Петрушевски, директорот на Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и бројни гости и посетители. Локалитетот Кокино, стар околу четири милениуми, претставува едно од ...

Како што објави денеска МОН, 9.813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3.357 ученици за настава на албански јазик, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик. Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се 3.010 ученици во гимназиско образование за настава на македонски јазик, 1.165 ученици во гимназиско образование за настава на албански јазик, 89 ученици во гимназиско образование за ...

По тој меч белоруската тенисерка призна дека ѝ е толку тешко што помислува да го напушти тенисот. Но, ден подоцна кажа дека ќе продолжи да игра. Таа настапува на турнитите на трева кои се увертира за Вимблдон. Денеска беше поразена во полуфиналето во Берлин од Пегула. Првиот сет го доби Пегула со 6-4, а во вториот возврати Сабаленка со 7-6. Сепак во третиот, решавачки сет, Сабаленка не зема ниту еден гем, тој ѝ припадна на Пегула со 6-0. По ...

„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови“, соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура. Станува збор за патничките возови на релација Скопје – Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија – Скопје 630 ...

Во рамки на иницијативата е изработен сеопфатен проектен елаборат кој ги опфаќа научните, техничките, организациските и образовните аспекти на идната опсерваторија, како и моделите за нејзина имплементација и развој. Идејата за астрономска опсерваторија во Македонија има долга историја која опфаќа повеќе од седум децении научни и институционални обиди. Уште во 1961 година започнала изградба на астрофизичка опсерваторија на Зајчев Рид во ...

„Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти“, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во општина ...

Во рамките на тој значаен за двете земји проект досега беа објавени романите: „Храпешко” на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)” на Луан Старова, „Дваесет и првиот” на Томислав Османли, „Азбука за непослушните” на Венко Андоновски, „Маџун” на Влада Урошевиќ, „Фантомско стапало” на Блаже Миневски и „Папокот на светлината” на Венко Андоновски. За романот „Папокот на светлината” во 2023 година Венко Андоновски како автор и ...

Рум имаше 15 одбрани. Тоа е најмногу во историјата на Светските првенства на натпревар кој немал продолженија. Кој траел 90 минути. 15 – Curaçao’s Eloy Room recorded 15 saves against Ecuador, the most on record (since 1966) by any goalkeeper in a FIFA World Cup match that did not feature extra-time. Wave. pic.twitter.com/2Cm1qFGMha — OptaJoe (@OptaJoe) June 21, 2026 Тим Хауард има одбрана повеќе, но тоа е на меч кој траел 120 минути, а ...

Германците тргнаа офанзивно, слоновите се бранеа, но беа опасни во контра напади. Резултатот беше отворен во 30. минута кога Френк Кеси начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Нојер за водство од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме. Клучниот потег Нагелсман го направи во 60. минута кога во игра го внесе Денис Ундав. Во 68. минута напаѓачот изедначи на 1-1 и ја врати Германија во живот, го најави пресвртот. Вториот погодок ...

Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат претпладне сончево и топло време, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ...

„Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност. „И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува низ неколку улици во градот. Оваа година слоганот на Парадата на гордоста е „Сите нека знаат“ кој укажува на потребата на ЛГБТ – заедница да биде видлива“, изјави меѓу ...

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 29 до 37 степени. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Во Скопје сончево и ...

Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ...

„Со оглед на масовните напади на непријателот врз нашите градови, чиј интензитет расте и очигледно ќе продолжи да расте, време е отворено да кажеме дека за неонацистичкиот Киев повеќе нема никакви правила и не може ни да има“, напиша Медведев на својот канал на социјалната мрежа Макс. Тој додаде дека за Русија постои само една граница што не смее да се премине. „Над границата на прифатливото за нас треба да остане само намерното уништување на ...

Победата на Холандија ја најави Броби уште во петтата минута од натпреварот, десетина минути подоцна истиот фудбалер ја дуплираше предноста за Холанѓаните. Со тој резултат се заврши првиот дел. По само две минути игра во вториот дел Гакпо даде гол за 3-0. Веќе беше јасно дека Холандија ќе ги освои трите бода од овој меч. Седум минути подоцна Гакпо даде и втор гол за 4-0, а во 59. минута Еланга намали на 4-1. Конечните 5-1 беа дело на Самервил ...

Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Ќе го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата сопранистка Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија. На прес-конференција во пресрет на концертот, Ана Дурловски истакна дека овој проект е вистински пример на културно поврзување. „Суштината е во градењето мостови онаму каде што политиката понекогаш поставува граници. Оваа ...

Македонија ептен убедливо го доби првиот сет, беше 25-12 за нашата репрезентација. Домаќините во вториот сет беа нешто подобри, па освоија 19 поени. Се чинеше дека нема да имаме проблеми и во третиот сет, но Косово пружи голем отпор. Во еден момент тие имаа предност од 23-17, но Македонија во финишот направи фантастична серија и го доби сетот со 27-25. Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во нашиот национален тим и воопшто на мечот со 15 поени, а ...

Според повеќе италијански извори, бразилскиот ас постигнал договор со италијанска Равена и на 46-годишна возраст повторно ќе истрча на теренот во официјални натпревари. Роналдињо ја заврши професионалната кариера пред повеќе од една деценија, а последен клуб за кој настапуваше беше Флуминенсе во 2015 година. Сепак, неговата љубов кон фудбалот очигледно не згаснала, па сега е подготвен за нов предизвик во Италија. Бразилецот зад себе има една ...

Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација; во Општина Брвеница, кај селото Волковија, каде горела ниска вегетација, во Општина Штип, на месноста „9-ти километар“, во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, каде горела ниска вегетација и во Општина ...

„Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“ – посочуваат од ЦУК. Потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок. „Неговата состојба ...

Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на четири моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен. Ја градиме Македонија, објави Николоски на својот фејсбук-профил. Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34