Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 7 јули 2026 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли. Активноста се реализира врз основа на Протокол за соработка за време на туристичката сезона, а од утре и официјално започнува ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%, додека ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители е 69%, објави Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека во борбата против организираниот криминал сузбиени се над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно четири пријави за семејно насилство во Гостивар, Тетово, Кисела Вода и Кавадарци, при што приведено е едно лице, а со две е извршен службен разговор. Во ОВР Гостивар вчера во 21:00 часот, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ...
Струмица, 8 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија изутрината во 06:48 часот на автопатот А1, кај село Милетково, Гевгелиско, го привеле турскиот државјанин К.Ј.(25), кој возел со брзина од 210 километри на час, соопштија денеска од СВР Струмица. - При контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека К.Ј. управувал патничко возило „ауди“ со турски регистарски ознаки со брзина од 210 ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. На 07.07.2026 во 12:25 часот во ОВР Гостивар е ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил случајот од 30.6.2026 во 21.40 часот во парк во општина Аеродром кога 12-годишно девојче било физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. - Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ. Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша меморандум за разбирање со Emirates Investment Group со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша д-р Хамад ал Шамси, претседател на бордот на групацијата. Целта на меморандумот е да се овозможи ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Државната изборна комисија на денешната деветта седница едногласно ја усвои Годишната програма за едукација на другите чинители на изборите во и вон изборниот процес. Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ рече дека главна цел на оваа програма е да се зајакне интегритетот, транспарентноста и јавната доверба во изборниот процес преку континуирана едукација и надвор од изборниот период. Тој ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерството за здравство информира дека е известено од компанијата, која е носител на одобрението, за ставање во промет на лекот „фостер“, кој се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека многу бргу тој повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата. Од Министерството посочуваат дека и натаму ќе спроведуваат активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните. ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште јавната обвинителка Спасенка Андонова првин продолжи со изведување докази на Обвинителството. Во судницата беа пуштени видеоснимки за кои беше кажано дека се од внатрешноста на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Јавниот обвинител Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен Балкан, посветен на прибавувањето, анализата и ефикасното искористување на докази од Скај ЕЦЦ платформата во сложени случаи кои се од областа на организираниот прекуграничен криминал, соопштуваат од Јавното обвинителство. Заедно со Савески на состанокот ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува Македонија до 2031 година да има просечен раст на економијата од 3% и со тоа да биде седма најбрзорастечка економија во Европа, пренесува Еуроњуз. Според анализата на ММФ, додека еврозоната се очекува да има раст нешто повеќе од 1% годишно до 2031 година, помалите економии меѓу кои и шестката од Западен Балкан - Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Македонската берза денеска официјално ќе го почне проектот за поттикнување и подготовка на македонски компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PWC Северна Македонија и PWC Хрватска. Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за Министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и Армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе овозможи подобра организација и развој на целокупниот транспорт. - Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, на крајот на јуни, девизните резерви биле на ниво од 4.936 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. бак/вг/ Фото: Народна банка Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Народната банка ...
8 јули 2026 Независноста на централната банка е главниот предуслов за стабилноста на цените и финансискиот систем и за ефективно спроведување на монетарната политика. Таа е важен фактор за заштита од надворешни влијанија и за одржување стабилна макроекономска рамка, особено во период на светски економски предизвици и европска интеграција. Во овој контекст, во Скопје, на 7 и 8 јули 2026 година, се одржува мисијата на ТАИЕКС (TAIEX – Technical ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 маќи, а 284 094 жени, објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %. Од друга страна, пак, зголемување ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, а средствата се наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума што е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Разгледани се седум амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левицата. Со амандманите се бараа средства за граничниот премин Блато, за реновирање објекти за припадниците на полицијата, како и средства за поддршка на инвестиции во индустријата и средства за поддршка за мали и средни ...
Скопје 8 јули 2026 (МИА) - Македонската берза денеска и официјално го почнува проектот што треба да ги поттикне и подготви домашните перспективни компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PriceWaterhouseCoopers (PwC) Северна Македонија и PWC Хрватска. Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на ...
8 јули 2026 Семос Едукација и MKJOB, AI платформа за вработување во Македонија, потпишаа договор за соработка со кој на студентите и младите професионалци ќе им овозможат полесен пристап до можности за вработување, практични кариерни алатки и информации за потребите на современиот пазар на трудот. Соработката е насочена кон подобра подготовка на младите за почеток и развој на нивната кариера, преку запознавање со вештините што ги бараат ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) – Инфлацијата во Македонија продолжува да забавува. Трошоците на живот во јуни на месечно ниво бележат пад од 0,5 %, а со годишна инфлација од 3,4 % (јуни 2026 наспроти јуни 2025) Македонија има релативно пониска и постабилна годишна инфлација во споредба со поголемиот дел од земјите во регионот, кои веќе ги објавија податоците за овој месец. Иако уште е рано да се даде конечна оцена, експертите очекуваат трендот на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите на реконструкцијата на овој студентски дом. ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа - посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) Виолета ГЕРОВ Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување - вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и ...
Анкара, 8 јули 2026 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. Муцунски на Фејсбук објави дека со Брндсен разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана ...