Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организацискиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот - се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално, Осврнувајќи се ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби, со извршните директори на „Катар ервејс“ (Qatar Airways) и „Барзан холдингс“ (Barzan Holdings). На средбата со раководството на „Катар ервејс“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Сето она што ќе го договорат Левицата, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали што се вклучени, ние тоа ќе го прифатиме сè додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го почитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Покажавте силни перформанси во рамките на реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото тоа и во пристапните преговори затоа што сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето - вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје. - Северна Македонија ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во изјава за медиумите истакна дека на денешната средба одржана во Собранието за Изборниот законик понудиле една изборна единица и гласање на дијаспората само за претседателските избори. - Нашите позиции се јасни. Ние на маса ја ставивме една изборна единица, нешто околу коешто практично цело македонско општество се согласува, значи ние имаме меѓу 70-80 отсто поддршка од ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците - рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците. Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села денеска во изјава за медиумите истакна дека неговата партија околу Изборниот законик се залага за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси. - Ставот на Албанската лига е јасен. За жал, сите граѓани бараат отворени листи. Но, за жал имате политички партии кои сакаат да држат контрола врз пратеници, ...

Скопје, 6 јуни 2026 - Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните - безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност, се вели во соопштението од Левица, кое МИА го објавува интегрално ...

Скопје, 6 јули 2026 - Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и ...

Скопје, 6 јули 2026 - Врвен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Во ...

Скопје, 6 јули 2026 - Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски, кое МИА го објавува интегрално. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на Тодор Конески, претседател на УМС на партијата, кое МИА го објавува интегрално. Со реализацијата ...

Скопје, 6 јули 2026 - Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, кое МИА го објавува интегрално. И повторно без ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Државниот пазарен инспекторат утврди дека одредени синџири маркети ги зголемиле бруто-маржите за 2 до 5 процентни поени за само една година. Наодот, по Законот за инспекциски надзор и Законот за трговија, повлекува јасна постапка: решение, мерка, казна! Наместо тоа, премиерот Мицкоски најавува дека имињата на компаниите ќе се кријат во анонимност и дека она што има да го каже, „ќе го каже директно, во разговор со ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со директорката на градинката „Пролет“, на која се рзговараше за тековното фукционирање на градинката и условите за престој на децата во перидот додека се одвива изградбата на новиот објект, соопштуваат од локалната самоуправа. - На денешната средба беше констатирано дека згрижувањето на децата од двата објекта се реазлизира редовно ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани. Како што се наведува во соопштението од општината, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање ...

Битола, 6 јули 2026 (МИА) - НУ „Завод и музеј“ - Битола и Центарот за истражување на предисторијата, заедно со експерти од Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел ги завршија теренските истржувања во арехолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Во текот на истражувањата тимот археолози добија повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата која што ја основала оваа ...

Битола, 6 јули 2026 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец“ со владина поддршка го зголемува возниот парк кој од денеска има уште два нови камиони. Станува збор за камиони за подигнување на отпад од 12 кубни метри, со што бројот на пристигнати возила сега е шести од вкупно планираните десет камиони. -Возилата се обезбедени од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а се доделуваат на јавните комунални ...

Пробиштип, 6 јули 2026 (МИА) – Општина Пробиштип од денеска почнува да ги прима пријавите за штетите на земјоделските култури и на објектите по големиот пожар, кој се случи на 3 јуни во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица, информираше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Тој истакна дека пријавувањето на штетите ќе трае до 15 јули, по што на терен ќе излезе Комисијата за проценка на штетите формирана од Општината. ...

Њујорк, 2 јули 2026 (МИА) – Тејлор Свифт и Травис Келс донираа 26 милиони долари на 20 хуманитарни организации во пресрет на нивната утрешна свадба. Претставник на поп-ѕвездата потврди дека парот – кој треба да се венча во „Медисон Сквер Гарден“ утре вечер – ја направил оваа значајна донација. Овие 20 хуманитарни организации вклучуваат девет банки за храна, една организација за спречување на суровост врз животните, седум образовни програми и ...

Кога вафлите се во комбинација со кремаст сладолед од фстаци и малини, резултатот е совршен летен десерт. Состојки: За сладоледот: 2 кесички за сладолед со вкус на ф'стак 2 кесички за сладолед со вкус на малина 800 мл млеко Прелив од чоколадо и малина За вафлите: 100 грама растопен путер 100 грама мазно брашно 3 белки 100 грама шеќер во прав Подготовка: За сладоледот од фстаци, додадете ја содржината од кесичката со смеса за сладолед во ...

Ипсвич, 3 јули 2026 (МИА) - Младо момче од Англија неодамна откри необичен наод додека со родителите шетале по околната плажа. Станува збор за заб од праисториски слон што живеел пред околу 1,8 милиони години, објави „Фокс њуз“ (Fox News). Чарли Орхард-Лајл (11) го пронашол забот во мај на плажата Ист Лејн кај Бодси - крајбрежно село близу Ипсвич, во округот Сафолк. Примерокот бил пронајден во близина на брегот и подоцна било утврдено дека ...

Лондон, 3 јули 2026 (МИА) - „Британскиот актер Том Харди официјално се враќа во третата сезона на криминалистичката хит-серија „Земја на мафијата“, соопшти Парамаунт, со што стави крај на повеќемесечната драма зад сцената која ја доведе во прашање иднината на еден од најголемите стриминг хитови оваа година. По гласините за несогласувања на снимањето, 48-годишниот актер на состанок во Лондон ги решил недоразбирањата со продукцијата со што го ...

Вашинтон, 3 јули 2026 (МИА) - Произведен е милионитиот автомобил на моделот „Шевролет корвета“, со што се вброи во врвот на автомобилската индустрија како еден од најпознатите спортски автомобили во историјата. Произведен на 2 јули 1992 година, „Шевролет корвета“ остави значаен белег врз автомобилската историја. Тогашните модели не постигнаа впечатлива продажба, но со тек на времето, особено со појавата на посилните В8 мотори, автомобилот ...

Лос Анџелес, 6 јули 2026 (МИА) - Американскиот конгломерат „Амазон“ веќе некое време гради своја мрежа сателити во ниската Земјина Орбита, наречена „Амазон Лео“, којашто за своето место под ѕвездите ќе се натпреварува со „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ - моментно најголемата мрежа во вселената. Потпретседателот одговорен за „Амазон Лео“, Крис Вебер објави дека веќе се распоредени повеќе од 390 сателити - очигледно доволно „за поддршка на ...

Вашингтон, 6 јули 2026 (МИА) - Во чест на 250-годишнината од незавнисоста на Соединетите Американски Држави, Јавната библиотека во Њујорк соработуваше со една тамошна пиварница за да произведе пиво според изворен рецепт на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 - 1799). Според наводите, Вашингтон го запишал рецептот во тетратка во 1757 година, додека сè уште бил воен командант. Таа тетратка сега се чува во архивата. Пивото, ...

Лос Анџелес, 6 јули 2026 (МИА) - Американскиот Научен центар на Калифорнија (California Science Center) во Лос Анџелес објави дека последниот вселенски брод на НАСА, „Ендевор“ (Endeavour) ќе биде изложен во надградена поставка во Воздухопловно-вселенскиот центар „Семјуел Ошин“, почнувајќи од 13 ноември оваа година. Новиот дел од научниот музеј, со површина од 18.600 квадратни метри, ќе биде дом на култниот шатл, заедно со колекција од 100 ...

Чернобил, 6 јули 2026 (МИА) - И 40 години по катастрофално разорната нуклеарна експлозија, Чернобил и Чернобилска Област сѐ уште се забранети за луѓе кои не се научници или стручно подготвени за престој во тоа нуклеарно загадено и опасно подрачје. Но, тоа не значи дека условите во оваа област во северна Украина се неповолни за други облици на живот. По експлозијата на „Реакторот 4“ во Нуклеарната централа Чернобил на 26 април 1986., други ...

Бризбејн, 6 јули 2026 (МИА) - Мистериозните „вселенски топки“ пронајдени на плажите близу Таунсвил, во североисточната австралиска сојузна држава Квинсленд, се метални делови од ракета што неодамна влегле во атмосферата, соопшти Австралиската вселенска агенција (АСА). Имено, шест загадочни метални предмети во топчест облик беа пронајдени од жителите во петокот, саботата и неделата на делови од плажата Форст, северно од Таунсвил. Полициските и ...

Белград, 6 јули 2026 (МИА) - Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35