Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили (ВС) на СР Германија, генерал Карстен Бројер. Мицкоски во објава на својот фејсбук-профил посочува дека на средбата било разговарано за унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамките на НАТО, како ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Јавното обвинителство на РСМ информира дека предметниот јавен обвинител Марија Џабирова-Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.3.2024 година. Од Обвинителството информираат дека во конкретниот предмет, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, било извршено ново супервештачење од областа ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. - До судот од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. рп/паг/ Фото: МИА архива Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Центарот за ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција. Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра. - Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“ ќе биде отворена вечер во Музејот на Современата уметност во Скопје. -Изложбата претставува 80 примери на објекти, инженерски градби, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа осветлува еден поретко разгледуван аспект на Јапонија, истражувајќи како Јапонците се соочувале и ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на „Фејсбук“ информира дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава. - Разговаравме за нашата одбранбена соработка, која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската седница, денеска, по подолга процедурална распарава, беше прекината и треба да продолжи попладнево во 15 часот. Речиси два часа пратениците расправаа по процедурални забелешки поврзани со гласањето за предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање. Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на почетокот од седницата информира дека за предлог-законот за соодветна и ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека по спроведена истражна постапка, е поднесено обвинение за измами со брзи кредити и тоа против вкупно шест лица за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, „злоупотреба на лични податоци“ и „компјутерска измама“, додека против вкупно 33 лица предлог за издавање казнен налог за кривично дело „компјутерска измама“. Против вкупно шест лица поднесени се ...
Скопје, 12 јули 2026 (МИА) Билјана Анастасова - Костиќ Северна Македонија има значителни можности да го забрза економскиот раст, да ја зајакне конкурентноста и да го подобри животниот стандард преку спроведување структурни реформи, оценува директорката на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван во интервју за МИА. На една година од нејзиниот мандат, Межеван во интервјуто вели дека Северна Македонија е држава со вистински ...
Скопје, 13 јули 2026 (МИА) - Виолета ГЕРОВ - Ме импресионира почитта што македонскиот народ ја покажува кон својата историја. Многуте споменици во Скопје сведочат дека оваа земја ги цени своите историски личности и се гордее со своето минато. Тоа е израз на љубов кон татковината, сопствените корени и историската меморија - вели во интервју за МИА, Султан Раев, генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура - ТУРКСОЈ. ...
Скопје, 14 јули 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели ...
Атина, 15 јули 2026 (МИА) – Сања РИСТОВСКА - дописничка на МИА од Грција - Културните размени создаваат односи што траат многу подолго од една претстава или еден фестивал. Тие се можност подобро да се запознаеме со културата на другиот, да размениме идеи и да изградиме заемна доверба. Особено е важно што Охридско лето претставува место на средба на уметници од разни земји и навистина сум среќна што Грција учествува со оваа претстава - вели за ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Андреја РИСТЕСКИ - Добитникот на наградата „Мето Јовановски“ за 2026 година, актерот Тони Наумовски, оценува дека актерите од Балканот мора да вложат значително повеќе труд за да бидат рамноправни на меѓународната сцена нагласувајќи дека зад секоја улога стојат повеќекратни кастинг-кругови и конкуренција од илјадници кандидати од целиот свет. Наумовски, во интервју за МИА, кој повеќе од две децении живее и работи ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот ќе биде промовиран денеска, а е наменет за компании ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, но го зголемуваат и ризикот од појава на болести и штетници. Агрометеоролозите предупредуваат, земјоделците да ги следат посевите и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита. Ккао што велат, сувото и топло време единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои почнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Како што информира Кабинетот на Славески, средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј што го отсликува ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново - Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика даде „виза“ на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Предложениот закон го образложи пратеникот Бране Петрушевски и пред членовите на комисијата потсети дека со законот се уредуваат целите и начинот на спроведување на енергетската политика во Република Македонија. - Поимот енергетска ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата - информира денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. - Утрово добив информација дека в понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, в понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, следуваат јавни презентации за студиите по што и изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието - информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за почеток на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно ...
Куманово, 16 јули 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за снабдување на домаќинствата со природен гас до 31 октомври 2026 година, информираа од Општина Куманово. Со мерката, како што појаснуваат, се обезбедува финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци, за куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен ...
Скопје 16 јули 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи. - Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество од земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати. Како што соопшти Стопанската комора, дебатата ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните - порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - До 1 септември е отворен повикот на кој сите заинтересирани компании од земјава ќе можат да се пријават за учество на саемската манифестација ЕКСПО 2027 што ќе се одржува од 15 мај до 15 август 2027 година во Белград, Република Србија. Како што беше речено денеска на прес-конференција, повикот е наменет за компании што имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, технологии и иновативни решенија пред ...
Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на самитот Украина - Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина - информираат од МЕП. Во обраќањето Сали истакнал дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и ...
Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Собранието попладнево со 71 гласа „за“ и 11 „против“ го изгласа Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, што се разгледуваше во трето читање, откако без расправа едногласно усвои амандман на член 2 поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, со којшто се бришат зборовите „а ќе започне да се применува од 1 јули 2026 година". Со амандманот се овозможи усогласување на влегувањето во сила на ...