Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лека - „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај „еноксапаринот“ се достапни два бренда, кај „надропаринот“ е достапен еден бренд и кај „ривароксабанот“ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап - истакна денеска на прес-конференција во ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Во периодот од февруари до јуни оваа година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. - „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од ...

Велес, 6 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 15:20 часот го лишиле од слобода 61 - годишниот А.О.од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, ...

Тетово, 7 јули 2026 (МИА) – СВР Тетово информира дека утринава во 07:30 часот е пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (18) од Тетово (кој возилото го управувал без положен возачки испит) и товарно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (24) од с. Пршовце. -Двајцата возачи се здобиле со ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за ...

07/07/2026 11:01 - МИА

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт - истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот преку инфо-имејлот или формуларот за информации доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. - Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт - додаде ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Ниската реализација на судовите во првиот квартал од годината е резултат на повеќе фактори, меѓу кои најзначајни се големиот прилив на предмети и хроничниот недостиг на судии и судска администрација - истакна денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. - Судовите продуцираат огромен број завршени предмети, но истовремено имаме и огромен прилив на нови. Во услови кога недостигаат судии и ...

Атина, 7 јули 2026 (МИА) - Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Очекувам до крајот на годината, заедно со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, по 14 јули, да се договориме за вклучување уште еден лек од групата на „фостер“, наменет за лекување хронична опструктивна белодробна болест и астма, на позитивната листа на лекови. Речиси четири проценти од населението живее со астма. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки. Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот ...

Струга, 7 јули 2026 (МИА) - Слаѓана СТОЈКОВА-КОСТОСКИ Македонската литература е речиси непозната во Грција, а историјата за македонското малцинство „скриена и превртена“, вели грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Иако нема македонско потекло, неговата љубов кон македонскиот јазик произлегла од идеолошки причини да ја открие и сподели таа вистина за денес да стане еден од најгласните промотори на македонскиот јазик и литература во Грција. ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Заврши третиот ден од расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според ...

Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот. За ребалансот се поднесени 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левицата и осум од „Вреди“. Во согласност со собранискиот Деловник, амадманската расправа може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution. Средбата опфати разговори во насока на тековните активности, а беа презентирани и можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, како и поволната деловна клима во државата, соопштуваат од ТИРЗ. - Директорот Димовски истакна ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија - истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет го заврши општиот претрес на ребалансот. Седницата ќе продолжи по еден час пауза, со амандманска расправа. За ребалансот се поднесени 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левицата и осум од „Вреди“. Според собранискиот Деловник, амадманската расправа може да трае најмногу десет работни дена по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во текот на ...

Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прес-конференција што ќе се одржи денеска во прес-центарот на Владата ќе презентира дополнителни појаснувања во врска со проширувањето на Позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса. Од Фондот за здравствено осигурување соопштија дека по неговото обраќање на прес-конференцијата, ќе биде ...

Анкара, 7 јули 2026 Денеска и утре, во Анкара се одржува самитот на Северноатлантскиот сојуз, каде што нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, а составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко ...

Скопје, 7 јули 2026, (МИА) - Македонското општество во текот на изминатите години носеше тешки, политички предизвикувачки одлуки и на тој пат на Северна Македонија ѝ е нанесена неправда. Сега на сите им станува сè појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности - истакнува европратеникот Карло Реслер во интервју за МИА. Реслер, кој ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25