Гостивар, 18 јули, 2026 (МИА) – Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот број заболени и со стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми е ист како и изминатите денови. - Првите пациенти се јавиле ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор низ државата во текот на денов до 13 часот, а од нив, сѐ уште активни се три, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње. Третиот активен пожар е на територија на општина Крива Паланка, во подрачјето на место викано „Думачка Маала“. ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. -Согласно известувањето од ЈЗУ Општа ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - За првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест автопатски делници, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски кој е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во државава. Мицкоски, кој денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, беше во посета на Дебрца, во изјава за медиумите изрази очекување автопатот Кичево - Охрид да биде завршен и пуштен во ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. - Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја ...

Охрид, 18 јули 2026 (МИА) – Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. - Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, ...

Охрид, 18 јули 2026 (МИА) – Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. - Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. -Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва од Битола, по повод одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, во обраќањето пред членовите, ветераните, Унијата на жени и поддржувачите, порача дека довербата од народот е најважна и ниту една функција, ниту позиција не може да биде поважна од тоа. Тој, во својата објава на Фејсбук, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. За разлика од претходните ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, - Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, оценува СДСМ во соопштение што МИА го пренесува ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. - Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду. Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции. -Според мене, со влезот ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Дебaрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волин. Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Изјава на премиерот Христијан ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. - Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. -Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, изјави дека судството нема да добие повеќе пари се додека не почне да испорачува, а негова работа, посочи, како премиер е да критикува се додека не види напредок во испораката на правдата. -Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. 73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Платите се најниски во Европа - граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од ...

17 јули 2026 Во рамки на комисиската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратениците од Левица образложија повеќе амандмани насочени кон зголемување на инвестициите во спортот, културата, јавниот сервис и заштитата на културното наследство, пишува во денешното соопштение на партијата, што МИА го пренесува интегрално. Левица предложи зголемување на средствата за Планинарската федерација и Федерацијата на алпинисти на ...

17 јули 2026 - И покрај нашиот обид и четири месеци преговори, договори, состаноци, на кои аргументирано се дебатира во врска со Изборниот законик (ИЗ), на крајот причините за недонесување на Изборниот законик се очигледната неспремност од страна на опозицијата да прифатат дека ќе направиме уште еден голем успех со носење на овој Изборен законик, со тоа што ќе исполневме 10 од 10 од условите за реформската агенда и ќе добиевме многу повеќе ...

17 јули 2026 Ја слушам колешката од СДС, Кузеска на прес-конференција како изнесува лаги и манипулации насочени за Реформската агенда, конкретно во делот на Изборниот Законик, па решив да ја разобличам лагата и да ја истакнам вистинската вистина, напиша во објава на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, што МИА ја пренесува интегрално. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос во посета на Македонија, ја пофали работата на ...

Богданци, 17 јули 2026 (МИА) - Со симболичен подарок, локалните власти во Општина Богданци го наградија младиот математичар Коста Попристовски поради неговите математички успеси. На денешната средба со градоначалникот Блаже Шапов, талентираниот ученик прими честитки за своите успеси и му се укажа благодарност поради тоа што е вистинска гордост на Богданци. Последното големо признание Коста го освои на Интернационалниот математички натпревар ...

Прилеп, 17 јули 2026 (МИА) - Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 23. издание на манифестацијата „Пивофест 2026“, која до недела ќе понуди богата музичка програма, гастрономска понуда и фестивалска атмосфера за илјадници посетители од земјава и странство. Градоначалникот Дејан Проданоски информираше дека целата инфраструктура е подготвена за одржување на фестивалот. Во централното градско подрачје, на површина од околу 3.000 ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, со познатиот албански пејач Или Лимани го посети новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде што се запознале со текот на изградбата на еден од најголемите инвестициски проекти во високото образование на албански јазик во државата. Како што соопштија попладнево од Општина Чаир, за време на посетата се разговарало за значењето на вложувањето во образованието, ...

Битола, 17 јули 2026 (МИА) - Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ годинава одбележува 20 години постоење, во текот на кои на неговите сцени настапиле околу 120 ансамбли и музичари од 25 држави, промовирајќи ја музиката како мост меѓу културното наследство и туризмот. Во изјава за МИА, Тодор Ивановски, основач и програмски директор на Балканскиот етно фјужн фестивал Локум Фест, музика и традиција, вели дека ...

Пробиштип, 17 јули 2026 (МИА) - Пробиштип повторно ќе пулсира во ритамот на добрата забава. На 24 и 25 јули, платото на Градскиот пазар ќе биде центар на најдобрата летна атмосфера-соопштуваат од Oпштина Пробиштип. Од Општина Пробиштип информираат дека фестивалот ќе понуди богата музичка програма и гастрономска понуда, создавајќи атмосфера за сите генерации. Програмата во двата фестивалски дена ќе започнува во 20:30 часот. На сцената ќе ...

Скопје, 8 јули 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА-ГАЦОВА Сараево е град со посебна душа, место каде што на неколку чекори се среќаваат ориентот и Европа, може да се почувствуваат разни култури, религии и историски периоди. Главниoт град на Босна и Херцеговина со векови претставува раскрсница меѓу Истокот и Западот, а токму таа разновидност го прави едно од најинтересните места за посета на Балканот. Сараево е град што ја раскажува својата историја ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35