Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле двајца крадци во Стар Дојран откако одзеле пари од маркет - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - До 13:00 часот, на територијата на државата регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор, од кои активни се два пожари, под контрола е еден, додека изгаснати се два пожари. Како што соопшти ЦУК, активни се пожарите во Општина Штип – населба Св. Недела и во Општина Битола – с. Братиндол кадфе гори деградирана ниска вегетација. Под контрола е пожарот во Општина Василево – с. Добршинци на депонијата „Шапкар“, ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, ...

Скопје, 19 јули 2026 Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност, се наведува во соопштението на ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Доктор Драган Кочински, раководител на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, денеска упати апел до населението во Гостивар, да соработува со луѓето кои им се јавуваат за епидемиолошко анкетирање и да ги слушаат препораките на здравствените работници во однос на давањето мостри, односно примероци за анализа за микробиолошко испитување. - Бројот на направени епидемиолошки ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска пречека делегација од САД составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави, соопштија попладнево од Општина Чаир. За време на средбата, Меџити ги презентирал приоритетите и ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Крушево доби Центар за услуги преку кој граѓаните ќе можат полесно да пристапуваат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење, соопшти денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во ...

Скопје, 19 јули 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска изрази жалење што не беа усвоени измените на Изборниот законик со кои, како што рече, требало да се овозможи полесно гласање на македонската дијаспора, оценувајќи дека на тој начин практично се ограничува едно од основните уставни права на иселениците. Според министерот Андоновски, граѓаните кои живеат во странство имаат законско и уставно право да ...

Вашингтон, 17 јули 2026 (МИА) – Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. - Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат ...

Брисел, 17 јули 2026 (МИА) – Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, ...

Анкара, 17 јули 2026 (МИА) – Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според ...

Вашингтон, 17 јули 2026 (МИА) – Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Вашингтон ја отворија првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД, со што беше означен почетокот на ново поглавје во односите меѓу двете земји и воспоставена институционална рамка за нивно понатамошно стратешко поврзување, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Во рамките на првата ...

Анкара, 18 јули 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните ...

Тирана, 18 јули 2026 (МИА) - Бројот на странски државјани, кои побарале азил во Албанија бележи раст во текот на изминатата година, што го потврдуваат официјалните податоци на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ. „Минатата година се регистрирани 144 барања за азил, или 40 повеќе отколку во 2024 година, што укажува на зголемување на протокот на лица кои бараат меѓународна заштита во нашата земја за над 38 отсто, стои во објавата на ...

Загреб, 18 јули 2026 (МИА) - Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги ...

Лондон, 16 јули 2026 (МИА) - Велика Британија го национализираше „Бритиш стил“ за да ја заштити иднината на домашното производство на челик, објави денеска владата, со што го заврши преземањето на компанијата која досега беше во кинеска сопственост. Национализацијата на „Бритиш стил“ беше неопходна за да се заштитат националните интереси на Велика Британија, нагласи владата во соопштение за медиумите. „Бритиш стил“ е дел од идентитетот на ...

Скопје, 7 јули 2026 - Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ги објави првите шест потврдени говорници кои ќе бидат дел од 9. Регионална конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември во Националната опера и балет во Скопје, се вели во соопштението од АЕТМ, кое МИА го објавува интегрално. Со имиња кои доаѓаат од светски технолошки компании, водечки регионални организации и успешни AI и e-commerce приказни, годинашното ...

Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската распорава по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ...

Скопје, 9 јули 2026 - По 55 поддржани компании, започна нов јавен повик за бесплатно отворање на е-продавници. Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ), во партнерство со Visa, го објавува четвртото издание на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“, наменета за микро, мали и средни компании кои сакаат да ги направат своите први чекори во е-трговијата и да ги унапредат своите дигитални капацитети, се вели во соопштението од АЕТМ, ...

10 јули 2026 година Длабок јаз помеѓу семејните и репродуктивните стремежи на младите луѓе и демографската реалност ширум Источна Европа и Централна Азија, покажува новата анкета на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации, објавена во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на населението 11. јули, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Резултатите од анкетата, што се дел од глобалната анкета на УНФПА за ...

Скопје, 10 јули 2026 (МИА) - Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово во заложнижтво со празни ветувања и неуспеси, денес се обидуваат да политизираат процес кој конечно се решава, стои во соопштението од Вреди што МИА во ги пренесува во целост. Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го создаде ВЛЕН, туку е наследство од неодговорноста на ...

Денеска, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 19. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за оценување на уставност и законитост на осум предмети,предвидено е да се донесат одлуки во четири предмети, по подготвени нацрт-одлуки. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ Реферат У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025 Оспорени одредби: член 41-а став 7 од во делот „превозот” од Законот за средното образование ...

15 јули 2026 Северна Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани на 10 јули во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на Иницијативата, пишува во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Присуството на НОМАГАС ...

Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Се градат ...

Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) што МИА ви го пренесува интегрално. Ова не е резултат на надворешни околности, туку директна последица од политиката на Христијан Мицкоски и негова криминална организација ВМРО. Европската Унија не е само политички проект. ЕУ значи пари, фондови, ...

Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места. Во оваа насока ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на ...

18 јули 2026 Информациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ соодветен технолошки процес на прочистување, дезинфекција и контрола на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35