Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имал проштална средба со амбасадорот на Чешката Република во земјата, Јарослав Лудва, чиј мандат набргу завршува. Гаши му се заблагодарил на амбасадорот Лудва за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу двете држави, за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка, како и за постојаната поддршка за евроинтеграциите, изразувајќи уверување ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување со снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија на редовна седница ги разгледа платформите на новонаименуваните вонредни и ополномоштени македонски амбасадори во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Комонвелт Австралија и Кралството Холандија. Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, новата амбасадорка во Обединето Кралство на Велика ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и унапредување на реформските процеси. На средбата беше истакната важноста од активното учество на Република Северна Македонија во работата на РАИ, како и потребата од ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на ...
19 јули 2026 Анадолија - Анкара Шпанија и Аргентина вечерва ќе се борат за најголемиот фудбалски трофеј, но финалето на Светското првенство на ФИФА 2026 ќе одлучи и како ќе се подели најголемиот финансиски фонд во историјата на турнирот. ФИФА објави рекордни 871 милион долари за 48-те национални асоцијации што учествуваат на турнирот во САД, Канада и Мексико. Оваа сума ги опфаќа наградите поврзани со перформансите, подготовките и ...
Џорџтаун, 19 јули 2026 (МИА) – Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени само осум лица - соопшти министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил. „Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше ...
Газа, 19 јули 2026 (МИА) – Најмалку 11 лица, меѓу кои брачен пар и три од нивните деца, загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, и покрај примирјето меѓу Израел и Хамас што стапи во сила во октомври 2025 година, соопшти Службата за цивилна одбрана во енклавата. Петчленото семејство загинало вчера кога при воздушен напад бил погоден стан во северозападниот дел на градот Газа, соопшти службата, која работи под управа на ...
Могадишу, 20 јули 2026 (МИА) – Сомалиската армија, во соработка и со поддршка на меѓународните партнери, ликвидирала 25 припадници на екстремистичката група Ал Шабаб, а уште 18 се ранети во воздушен напад изведен во централниот дел на Сомалија, соопшти Министерството за одбрана на земјата, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа. Ноќната воена операција против оваа вооружена група била изведена во областа Сулај, се наведува во ...
Киншаса, 20 јули 2026 (МИА) – Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократската Република Конго се искачи на 2.267, а од последици на оваа сериозна болест досега починале 893 лица, покажуваат најновите податоци што ги објави Владата во Киншаса. Според официјалниот владин извештај за состојбата со епидемијата на ебола во африканската земја, презентираните бројки се однесуваат на вкупниот биланс на заболени лица заклучно со петокот. ...
Aман, 19 јули 2026 (МИА) - Меѓународниот аеродром и пристаништето во јужниот јордански град Акаба се евакуирани поради „конкретна и веродостојна закана“, соопшти Американската амбасада во Аман. „Им советуваме на сите Американци да се воздржат од патување до аеродромот или пристаништето. Продолжете да ги следите сите безбедносни директиви од јорданските власти“, соопшти Амбасадата, без да даде дополнителни детали. Јорданските власти сè уште не ...
Аман, 19 јули 2026 (МИА) - Јордан ги демантираше извештаите за наредба за евакуација на аеродромот или пристаништето во градот Акаба. Јорданските власти денеска не издадоа никаква наредба за евакуација на аеродромот или пристаништето во Акаба и не открија никакви потенцијални закани во последните часови, објави државната новинска агенција, цитирајќи го портпаролот на Владата. Амбасадата на САД во Аман претходно соопшти дека пристаништето и ...
Техеран, 19 јули 2026 (МИА) - Иран погуби двајца мажи осудени за убиство на четворица полицајци за време на крвавите протести во јануари во градот Исфахан, во централниот дел на земјата, објави денеска иранска новинска агенција, поврзана со судството. Агенцијата ги идентификуваше мажите како Ерфан Есфандијари и Голмохамад Мохамади и додаде дека нивните смртни казни биле извршени денеска по судските процеси. рп/ Фото: МИА архива Техеран, 19 ...
Москва, 18 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот колега од Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, при што главна тема била состојбата во Персискиот Залив и во Ормуската Теснина. Според информациите на руската државна новинска агенција ТАСС, двајцата министри разговарале и за потребата од итен прекин на воените дејствија во регионот. ссм/ ...
Рим, 18 јули 2026 (МИА) - Присуството на американскиот амбасадор во Италија, Тилман Фертита, во Венеција по повод традиционалниот празник Христос Спасител, кој секоја година се одбележува за време на третиот викенд во јули, предизвика протести, пренесува АНСА. Фертита вчера пристигна во градот со својата 117-метарска јахта „Бродволк“, која плови под знамето на Кајманските Острови. Јахтата влезе во Венециската лагуна придружувана од пловила на ...
Париз, 18 јули 2026 (МИА) - Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување на данокот за празни станови, што ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, со цел да се поттикне понудата на станови за изнајмување и да се ублажи недостигот од домување во француската престолнина. Според податоците на градските власти, во Париз има околу 150.000 ненаселени станови, што претставува девет проценти од вкупниот станбен фонд. Од нив, околу 80.000 се ...
Мадрид, 18 јули 2026 (МИА) – Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух од Северна Африка над Пиринејскиот Полуостров, подигнувајќи ги ...
Амстердам, 18 јули 2026 (МИА) - Центарот за податоци на „Мајкрософт“ во холандската покраина Северна Холандија потрошил 1,17 терават-часови електрична енергија во 2025 година, што претставува околу еден процент од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, покажуваат податоците на Холандската агенција за претприемништво. Првпат се објавуваат податоци за потрошувачката на електрична енергија на конкретен голем центар за податоци ...
Лондон, 18 јули 2026 (МИА) – Лидерот на британската десничарска партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, ќе се соочи со рекордни 33 кандидати од мали и маргинални партии на предвремените парламентарни избори во изборната единица Клактон он Си (Clacton-on-Sea). Ова следува откако локалните власти го потврдија конечниот број пријавени кандидати за гласањето закажано за 13 август. Советот на областа Тендринг соопшти дека по ...
Будимпешта, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок, ги потпиша измените на унгарскиот Устав кои беа иницирани и протуркани од владата на премиерот Петер Маѓар и неговата партија ТИСА. Уставните измени содржат одредба според која „надлежностите на актуелниот претседател на републиката престануваат, а парламентот избира нов шеф на државата во рок од 30 дена“ од стапувањето на документот во сила. Новата унгарска влада ...
Киев, 19 јули 2026 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на ...
Киев, 19 јули 2026 (МИА) – Три лица загинаа, а 13 се повредени во најновиот напад на руските сили врз предградие на Харков. Истовремено, украинските сили извршија масовни напади со беспилотни летала врз три нафтени складишта во рускиот Ставрополски крај и врз танкери од таканаречената руска „флота во сенка“. „Непријателот нападна предградие на Харков. Според првичните информации, три лица загинаа, а уште 13 се повредени како последица на ...
Берлин, 19 јули 2026 (МИА) – Стотици противпожарни екипи успеаја да го локализираат големиот шумски пожар во Националниот парк „Мириц“ во североисточниот дел на Германија, користејќи водени завеси за да го спречат натамошното ширење на огнот, соопштија локалните власти, пренесува германската новинска агенција ДПА. Таканаречените водени завеси претставуваат специјализирани противпожарни системи што интензивно ја натопуваат почвата и дрвјата во ...
Берлин, 19 јули 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска најави дека би можел да размисли за реконструкција на кабинетот откако неговиот клучен сојузник Јенс Шпан поднесе оставка под „политички притисок“ од местото лидер на конзервативната пратеничка група (фракција) на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот, објави ДПА. „Ова би можело да биде можност да се преиспита составот на федералната влада“, изјави Мерц за ...
Мадрид, 19 јули 2026 (МИА) - Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската ...
Тирана, 17 јули 2026 (МИА) - Во заедничка операција на албанската гранична полиција, крајбрежната стража и италијанската Guardia di Finanza, спасени се 11 имигранти кои биле во опасност од давење, северно од островот Сазан, откако се движеле во мал чамец, со недоволно гориво. „Локалната дирекција за граница и миграција во Валона доби повик од грчки број, преку кој беше побарана помош за спас на имигранти кои беа во опасност на море. Веднаш по ...
Белград, 17 јули 2026 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика своите политички противници и сите граѓани на Србија на дијалог пред одржувањето на најавените предвремени парламентарни избори. - Многупати ги повикав сите наши политички противници и сите граѓани на Србија на дијалог. Речиси никогаш не се одзваа оние што беа поканети. Сега, кога изборите се наближуваат, повторно ја користам можноста да повикам на разговор, ...
Тирана, 17 јули 2026 (МИА) - Во текот на последните 35 години, Албанија постојано се соочува со негативен миграциски биланс, бидејќи повеќе луѓе систематски ја напуштиле земјата, отколку што се вратиле. Според најновите податоци на Евростат, од 1990 до 2025 година, бројот на оние кои ја напуштиле земјата бил за околу 1,8 милиони поголем од бројот на луѓе што се вратиле во земјата. -За секоја од годините, Албанија е земја со нето одлив на ...
Белград, 18 јули 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека парламентарни избори во Србија би можеле да се одржат во рок од 80 до 120 дена. Во интервју за телевизијата „Информер“, Вучиќ рече дека има намера да учествува во изборната кампања не како претседател, туку како обичен граѓанин. Тој додаде дека планира да ја поддржи изборната листа „Единствена Србија“, составена од владејачките партии и од нивните коалициски ...
Букурешт, 18 јули 2026 (МИА) - Романското Министерство за национална одбрана, преку Генералната дирекција за вооружување, потпиша две нарачки во рамките на европскиот инструмент „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), во вкупна вредност поголема од една милијарда евра, за набавка на повеќенаменски хеликоптери „Ербас“ и на радари од француската компанија „Талес“, пренесува романската новинска агенција Аџерпрес. Договорниот партнер е француската ...