Скопје, 15 јули 2026 (МИА) – Апелациониот суд Скопје ја потврди осудителната доживотна казна затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, додека ослободителна пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски ја укина и предметот го врати на повторно судење. Одлуката Апелација ја донела на нејавен дел од седница одржана на 10 јули годинава, откако ...

Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Одземени се шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати, информира поладневно Министерството за внатрешни работи. МВР наведува дека Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени ...

Скопје, 15 јули 2026 (МИА) - Уставниот суд денеска ја одржа 19. седница, на која, како што информира било дискутирано за оценување на уставност и законитост на осум предмет и по подготвени нацрт-одлуки за четири предмети. Судот, како што информираат, поведе постапка за оценување на уставноста 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот за средното образование. Одлуката е донесена едногласно. Предметот У.бр.92/2025 е оформен по иницијатива на ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин ...

Дебар, 16 јули 2026 (МИА) - Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. - Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Мобилен тим од Одделението за оперативни работи при Царинската управа спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Како што соопшти Царинската управа, против возачот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, а вијалите се запленети. ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, денеска извршија увид во реконструираната улица Лазар Димитров во населбата 11 Октомври, проект реализиран преку Министерството за транспорт, во вредност од 3,6 милиони денари. Николоски истакна дека Владата обезбедува континуирана поддршка за развој на општините, при што во Кисела Вода преку ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили (ВС) на СР Германија, генерал Карстен Бројер. Мицкоски во објава на својот фејсбук-профил посочува дека на средбата било разговарано за унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамките на НАТО, како ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Јавното обвинителство на РСМ информира дека предметниот јавен обвинител Марија Џабирова-Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.3.2024 година. Од Обвинителството информираат дека во конкретниот предмет, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, било извршено ново супервештачење од областа ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. - До судот од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. рп/паг/ Фото: МИА архива Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Центарот за ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција. Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра. - Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“ ќе биде отворена вечер во Музејот на Современата уметност во Скопје. -Изложбата претставува 80 примери на објекти, инженерски градби, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа осветлува еден поретко разгледуван аспект на Јапонија, истражувајќи како Јапонците се соочувале и ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на „Фејсбук“ информира дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава. - Разговаравме за нашата одбранбена соработка, која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската седница, денеска, по подолга процедурална распарава, беше прекината и треба да продолжи попладнево во 15 часот. Речиси два часа пратениците расправаа по процедурални забелешки поврзани со гласањето за предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање. Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на почетокот од седницата информира дека за предлог-законот за соодветна и ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека по спроведена истражна постапка, е поднесено обвинение за измами со брзи кредити и тоа против вкупно шест лица за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, „злоупотреба на лични податоци“ и „компјутерска измама“, додека против вкупно 33 лица предлог за издавање казнен налог за кривично дело „компјутерска измама“. Против вкупно шест лица поднесени се ...

Скопје, 12 јули 2026 (МИА) Билјана Анастасова - Костиќ Северна Македонија има значителни можности да го забрза економскиот раст, да ја зајакне конкурентноста и да го подобри животниот стандард преку спроведување структурни реформи, оценува директорката на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван во интервју за МИА. На една година од нејзиниот мандат, Межеван во интервјуто вели дека Северна Македонија е држава со вистински ...

Скопје, 13 јули 2026 (МИА) - Виолета ГЕРОВ - Ме импресионира почитта што македонскиот народ ја покажува кон својата историја. Многуте споменици во Скопје сведочат дека оваа земја ги цени своите историски личности и се гордее со своето минато. Тоа е израз на љубов кон татковината, сопствените корени и историската меморија - вели во интервју за МИА, Султан Раев, генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура - ТУРКСОЈ. ...

Скопје, 14 јули 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели ...

Атина, 15 јули 2026 (МИА) – Сања РИСТОВСКА - дописничка на МИА од Грција - Културните размени создаваат односи што траат многу подолго од една претстава или еден фестивал. Тие се можност подобро да се запознаеме со културата на другиот, да размениме идеи и да изградиме заемна доверба. Особено е важно што Охридско лето претставува место на средба на уметници од разни земји и навистина сум среќна што Грција учествува со оваа претстава - вели за ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Андреја РИСТЕСКИ - Добитникот на наградата „Мето Јовановски“ за 2026 година, актерот Тони Наумовски, оценува дека актерите од Балканот мора да вложат значително повеќе труд за да бидат рамноправни на меѓународната сцена нагласувајќи дека зад секоја улога стојат повеќекратни кастинг-кругови и конкуренција од илјадници кандидати од целиот свет. Наумовски, во интервју за МИА, кој повеќе од две децении живее и работи ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот ќе биде промовиран денеска, а е наменет за компании ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, но го зголемуваат и ризикот од појава на болести и штетници. Агрометеоролозите предупредуваат, земјоделците да ги следат посевите и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита. Ккао што велат, сувото и топло време единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои почнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Како што информира Кабинетот на Славески, средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј што го отсликува ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново - Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика даде „виза“ на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Предложениот закон го образложи пратеникот Бране Петрушевски и пред членовите на комисијата потсети дека со законот се уредуваат целите и начинот на спроведување на енергетската политика во Република Македонија. - Поимот енергетска ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
7.67
27%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.21
52%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
32%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.51
36%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.72
30%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
56%
1019
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
5.36
34%
1010
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
5.61
16%
1010
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.66
27%
1012
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 38ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
38%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.12
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.36

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Паладиум

43628.56

Кобалт

56.29

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.28