Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Скопје, 7 јули 2026, (МИА) - Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Наместо само обично освежување на изгледот, Ауди се фокусираше на паметни дигитални Матрикс ЛЕД предни светла кои овозможуваат максимална видливост без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока, додека задните светла нудат избор од осум различни дигитални изгледи. Како посебно ...
Тирана, 8 јули 2026 (МИА) – На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. - По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен ...
Лесни, сочни и вкусни... Состојки: 8 големи домати 1 праз 150 грама шампињони 200 грама брокула 2 чешниња лук 3 свежи листови босилек 100 грама кускус 150 мл вода 1 лажица масло и малку путер (за кускусот) сол, бибер, сув зеленчук 3 лажици пармезан Подготовка: Измијте ги доматите, исечете им ги врвовите (капачињата) и издлабете ја внатрешноста. Исцедете ја издлабената средина, исецкајте ја и оставете ја настрана. Брокулата искинете ја на ...
Москва, 7 јули 2026 (МИА) - Русија ги укинува домашните задачи за првоодделенците, почнувајќи од новата учебна година, објави „РИА Новости“, повикувајќи се на документ од руското Министерство за образование и наука. „Налогот утврдува дека во прво одделение, наставата се изведува без домашни задачи. Одредбата за вкупниот обем на домашни задачи за сите предмети во траење од еден час е исклучена“, се наведува. Претходно, според „Методолошките ...
Рим, 7 јули 2026 (МИА) - Актерот Џорџ Клуни ќе ја прими наградата „Златен лав“ за животно дело на овогодишниот филмски фестивал. Фестивалот ќе се одржи од 2 до 12 септември, во Венеција. -Овој фестивал е, без сомнение, мојот омилен и да се добие наградата „Златен лав“ е огромна чест. Тоа веројатно значи и дека сум стар, но ќе го прифатам, шегувајќи се изјавил Клуни. Според уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, Клуни, кој воедно ...
Лондон, 7 јули 2026 (МИА) - Британскиот принц Хари вчера пристигна во повеќедневна посета на својата татковина без својата сопруга и двете деца, на кои не им беше одобрена полициска заштита за време на престојот во земјата. Според извори блиски до принцот, одлуката е донесена откако надлежните безбедносни органи не го одобриле побараното ниво на полициска заштита. Британскиот принц во 2020 година се откажа од кралските должности, и оттогаш ...
Улан Батор, 7 јули 2026 (МИА) - Во Монголија, претставници од 56 држави првпат ќе го прослават Светскиот ден на коњот на меѓународно ниво, објави државната новинска агенција, пренесе БТА. На пленарната сесија на 79. заседание на Генералното собрание на ООН на 3 јуни 2025, беше дискутирана и усвоена резолуцијата за Светскиот ден на коњот, иницирана од претседателот на Монголија, Ухнаагиин Курелсух. Меѓународната одлука годишно да се прославува ...
Памплона, 7 јули 2026 (МИА) - На првата трка со бикови на овогодишниот Фестивал „Сан Фермин“ во Памплона, северна Шпанија, денеска, пет тркачи беа повредени. Не се работи за животозагрозувачки повреди, објави Шпанската радиотелевизија - РТВЕ. Станува збор, главно, за модринки - без рани од долгите, остри рогови на биковите, објави државниот радиодифузен сервис. Сепак, три лица се однесени в болница. Фестивалот во чест на светецот-заштитник на ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лека - „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај „еноксапаринот“ се достапни два бренда, кај „надропаринот“ е достапен еден бренд и кај „ривароксабанот“ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап - истакна денеска на прес-конференција во ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лека - „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај „еноксапаринот“ се достапни два бренда, кај „надропаринот“ е достапен еден бренд и кај „ривароксабанот“ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап - истакна денеска на прес-конференција во ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Во периодот од февруари до јуни оваа година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. - „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од ...
Велес, 6 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 15:20 часот го лишиле од слобода 61 - годишниот А.О.од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, ...
Тетово, 7 јули 2026 (МИА) – СВР Тетово информира дека утринава во 07:30 часот е пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (18) од Тетово (кој возилото го управувал без положен возачки испит) и товарно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (24) од с. Пршовце. -Двајцата возачи се здобиле со ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт - истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот преку инфо-имејлот или формуларот за информации доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. - Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт - додаде ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Ниската реализација на судовите во првиот квартал од годината е резултат на повеќе фактори, меѓу кои најзначајни се големиот прилив на предмети и хроничниот недостиг на судии и судска администрација - истакна денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. - Судовите продуцираат огромен број завршени предмети, но истовремено имаме и огромен прилив на нови. Во услови кога недостигаат судии и ...
Атина, 7 јули 2026 (МИА) - Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Очекувам до крајот на годината, заедно со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, по 14 јули, да се договориме за вклучување уште еден лек од групата на „фостер“, наменет за лекување хронична опструктивна белодробна болест и астма, на позитивната листа на лекови. Речиси четири проценти од населението живее со астма. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки. Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот ...
Струга, 7 јули 2026 (МИА) - Слаѓана СТОЈКОВА-КОСТОСКИ Македонската литература е речиси непозната во Грција, а историјата за македонското малцинство „скриена и превртена“, вели грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Иако нема македонско потекло, неговата љубов кон македонскиот јазик произлегла од идеолошки причини да ја открие и сподели таа вистина за денес да стане еден од најгласните промотори на македонскиот јазик и литература во Грција. ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Заврши третиот ден од расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот. За ребалансот се поднесени 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левицата и осум од „Вреди“. Во согласност со собранискиот Деловник, амадманската расправа може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во ...