Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Аман, 5 август 2026 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска предупреди дека меѓународната заедница не треба да го одвлекува вниманието од Појасот Газа поради тензиите во Персиски Залив. - Доколку не се преземат дипломатски мерки против експанзионистичката политика на Израел, кризата што ја предизвика од регионална ќе стане глобална, наведе Фидан на денешниот состанок на министри за надворешни работи и дипломатите од Блиски ...
Атина, 6 август 2026 (МИА) – Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на ...
Атина, 6 август 2026 (МИА) – Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција пто започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските ...
Атина, 6 август 2026 (МИА) – Грција поднесе барање до Европската комисија за проширување на примената на постоечката Национална клаузула за отстапување, со цел да се вклучат и мерки што ја зајакнуваат енергетската отпорност на земјата, а со што се добива поголема фискална флексибилност. Барањето, како што јави дописничката на МИА од Атина, го достави грчкиот министер за национална економија и финансии, Кирјакос Пиеракакис. Од Министерството ...
Тирана, 6 август 2026 (МИА) - Ерик Вендт доби одобрение и од американскиот Сенат за нов амбасадор на САД во Албанија. Сега, единствената формална постапка што преостанува е американскиот претседател Доналд Трамп да ја потпише номинацијата за Вендт да започне со работа во Албанија. Кандидатурата на Вендт е изгласана на пленарната седница на Сенатот со 50 гласа „за“ и 44 „против“, по поддршката добиена претходно во Комитетот за надворешни ...
Белград, 6 август 2026 (МИА) – Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Според Институтот, заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на ...
Анкара, 6 август 2026 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Анкара се надева оти преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе завршат со позитивен исход уште денеска и ќе доведат до брзо обновување на прекинот на огнот и повторно отворање на Ормуската Теснина. На заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал Шибани, Фидан рече дека Турција ќе продолжи да ги ...
Приштина, 6 август 2026 (МИА) – Амбасадата на САД во Приштина ги повика политичките лидери на Косово да постапуваат во согласност со Уставот и одлуките на Уставниот суд и што поскоро да ги формираат новите институции врз основа на резултатите од парламентарните избори од 7 јуни. Во одговор за порталот „Газета експрес“, Амбасадата оцени дека долготрајниот политички застој му нанесува штета на Косово и доведува до пропуштени можности. – Дојде ...
Тирана, 6 август 2026 (МИА) - Граѓаните на Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери. Националниот адресен систем претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја. Менаџерот за информатичка технологија во ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Македонска берза АД Скопје ја реализира иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“ (Capital Market Readiness Month), насочена кон домашните компании кои сакаат подобро да ги разберат можностите што ги нуди пазарот на капитал како извор на финансирање за нивниот иден раст и развој. Во рамки на иницијативата подготви „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, со цел на компаниите да им ...
Скопје, 6 август 2026 Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со ...
Скопје, 6 август 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е ...
Скопје, 6 август 2026 Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од ...
Скопје, 6 август 2026 Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Маја Борозан од ...
Скопје, 6 август 2026 Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без ...
Скопје, 6 август 2026 Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната ...
Скопје, 6 август 2026 Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, се вели ...
Скопје, 6 август 2026 Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни, се вели во соопштението на ЛДП што МИА го пренесува интегрално. Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја ...
Дебар, 5 август 2026 (МИА) - Македонско друштво „Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите на Општинскиот совет, со кое бара официјалната веб-страна на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. -Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните ...
Куманово, 6 август 2026 (МИА) - Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово денеска реализираа превентивна акција за заштита на граѓаните од топлотниот бран. Во рамки на активноста, во централното градско подрачје беа поделени 120 шишиња вода и околу 120 едукативни флаери со препораки за заштита од високите температури. Од Општинската организација на Црвен крст Куманово информираа дека преку непосредна ...
Дебар, 6 август 2026 (МИА) – Делегација на Општина Косово Поле (Fushë Kosovë) денеска престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља и претседателот на Советот на општината, Африм Кркути. Гостинската делегација ја предводеше Влоњат Хасани, претседател на Советот на општината, а со него беа и Илбер Келменди, одговорен за култура и Гзим Зоѓани за имотни правни односи. -На средбата се разговараше за зајакнување на ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска. - Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август ...
Лондон, 4 август 2026 (МИА) - Бенџамин Луис (48), убивал животни поради верување дека со пиење крв ќе го продолжи својот живот. По убиствата, нивните тела, со превртени крстови и тарот карти покрај нив, ги оставал пред и во црквите во националниот парк Њу Форест во Англија. По направениот претрес, во неговиот дом биле пронајдени цртежи со вампири, белешки со ритуали и записи за пиење крв. Анализата покажала присуство на неговата ДНК врз ...
Вашингтон, 4 август 2026 (МИА) - Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин - Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот. За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како ...
Мекиците се едно од најомилените традиционални јадења во македонската кујна. Се подготвуваат од меко квасно тесто и се пржат до златно-румена боја. Највкусни се кога се послужуваат топли, со сирење, кисело млеко, џем или шеќер. Состојки: 1 кг брашно 40 г свеж квасец 50 мл масло 1 лажичка сол ½ лажичка шеќер 20–30 мл ракија вода по потреба Начин на подготовка: Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете го неколку минути ...
Вашингтон, 5 август 2026 (МИА) - Под името „Финикс спишис“, актерот Леонардо ди Каприо и основачот на „Амазон“, Џеф Безос преку своите фондации „Ривајлд“ и „Фондот за Земјата“, започнаа иницијатива вредна 200 милиони долари за спасување на 100 најзагрозени животински видови на Земјата. Во фокусот на иницијативата ќе бидат опфатени десетици ретки видови од различни делови на светот, вклучувајќи лемури, саламандери, жаби, желки, игуани и други ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, најави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски, додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека градот излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. -Во основа сега ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. - Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 - 2017 година не ги даде посакуваните ...
Куманово, 6 август 2026 (МИА) - Во летниот период бројот на пациенти на детското одделение при Општата болница во Куманово е намален и дневно се движи до околу 50 прегледи, информираше денеска началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска. Таа посочува дека во овој период најчесто се лекуваат деца со стомачни вируси, но и со покачена телесна температура, воспалено грло, осипи и алергиски реакции по убоди од инсекти. -Најзастапени се ...
Куманово, 6 август 2026 (МИА) - Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено исправна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од редовниот мониторинг што го спроведува Центарот за јавно здравје Куманово во соработка со ЈП „Водовод“ – Куманово. Раководителката на Отсекот за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана при Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Блерта Шахини Азизи, специјалист ...