Женева, 17 јули 2026 (МИА) - Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто „Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат ...

Стокхолм, 17 јули 2026 (МИА) - Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три ...

Куманово, 17 јули 2026 (МИА) - Состојбата со резервите на крв во Куманово во моментов е стабилна, но неопходно е граѓаните континуирано да даруваат крв за да се обезбедат доволни залихи, особено во текот на летниот период кога потребите се зголемени, а бројот на редовни крводарители се намалува. Раководителот на Службата за трансфузиона медицина Куманово, д-р Дритон Биљали, посочи дека во летните месеци има поголема побарувачка за крв поради ...

21 ден - МИА - +2

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(37) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за стoрено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 20.03.2026 полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници уапсиле скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во во Скопје го лишија од слобода С.А.(49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) Свети Николе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 383-б став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, Д.П. во периодот од 18 ноември 2022 до 21 август 2024 година, како претседател на Комисијата за ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Куманово, 17 јули 2026 (МИА) - Полициските службеници од Кратово лишија од слобода, жител на Велика Британија бидејќи во локалитетот Куклица спречувал инспектори од УЈП да извршуваат службени дејствија. -Вчера, во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија- ...

Кавадарци, 17 јули 2026 (МИА) - Кај кавадарчанец биле пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони и затворач од ловен карабин, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во домот на К.С., 38-годишен кавадарчанец, од страна на полициски службеници од ОВР - Кавадарци биле пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони и затворач од ловен карабин, што ги поседувал без дозвола. Со К.С. е извршен службен ...

Неготино, 17 јули 2026 (МИА) - Четириесет и четиригодишна жителка на неготинското село Долни Дисан во полиција пријавила дека била измамена за сума од 49.087 денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи информира дека попладнево нестабилност со пороен дожд и грмежи има во северозападно од Скопје. Нестабилност се забележува и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга. Околу 14 часот невреме со пороен дожд и грмежи го зафатило Кичево. бак/бк/ Фото: МИА архива Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи информира дека попладнево нестабилност со ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. бак/ Фото: МИА ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво, вечерва, во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој значајно место има и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како Змиски Остров. Како што соопштуваат од МЕД, проекцијата ќе почне во 20.30 часот, а на публиката ќе ѝ биде прикажана првата од ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-даночни услуги (Е-ППД) кај граѓаните што имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник - физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршените проверки во системот е-даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани ...

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени - соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. са/ Фото: МИА Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - До ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејствија во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, денеска информира дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение - изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој во согласност со законскиот рок ќе биде распишан во август, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на Обвинителството. Членовите на Советот го избраа Зоран Марковски за основен јавен обвинител на ...

Скопје, 17 јули 2029 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. - По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор во текот на денов до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација. Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица. Имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово. бд/вг/ Фото: МИА ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е ...

Куманово, 17 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека вчера кај гевгелиско Мрзенци е пронајден починат мигрант од Пакистан. -Вчера на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Осум млади Македонци од дијаспората денеска успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета македонска дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните - порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет одговарајќи на новинарски прашања во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, истакна дека контролите за над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемени за 2,66 проценти, додека ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Владата на денешната седница ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопшти, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари - мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината - пишува порталот „Екс-ју ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер, при што беше оценето дека македонско-германската соработка во рамките на НАТО придонесува за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека посетата на генералот Бројер претставува ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил работна средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес, на која биле потврдени одличните односи меѓу двете држави и стабилното партнерство засновано на заеднички демократски вредности и тесна институционална соработка. Како што соопшти Собранието, на средбата соговорниците разговарале за ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.7
27%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
4.0
54%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
3.86
46%
1018
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
0.3
31%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.53
31%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
65%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 34ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
3.91
17%
1011
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.93
28%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
2.73
38%
1011
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
44%
1019
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 26ᴼ
3.57
44%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Цинк

0.00

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Платина

56038.75

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28